1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тетоважите и религијата

Дискусија во 'Религија' започната од ЕденЧлен, 7 јули 2017.

  1. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Бил некогаш па се освестил. Па ваљда си мисли и нас ќе нѐ освести:worried:, то ест онесвести у случајов.
     
    На Amellie13 и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  2. ВераНадежЉУБОВ

    ВераНадежЉУБОВ Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2019
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    26
    Да бев до пред некое време. И тоа тврдокорен, што ги исмејуваше верниците, зборуваше лошо за Бог и за светиите, се шегуваше со името на Бога, сето тоа беше замене глупост, алатка за контрола на народот и да не набројувам многу е
     
    На Bitter-Sweet и sjdgo им се допаѓа ова.
  3. ВераНадежЉУБОВ

    ВераНадежЉУБОВ Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2019
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    26
    Не сум јас тој што треба да те освести. Тој дојде и не повика на Покајание сите, тоа е Христос.
    Јас само споделувам мислења и одговори. Со никој си немам ништо лично.
     
    На Bitter-Sweet и sjdgo им се допаѓа ова.
  4. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    4.761
    Пол:
    Женски
    А сега правиш пародија од неговото име (y)
     
  5. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Ај жити мене наведи ми еден пример кај што атеизмот го контролира народот...
     
  6. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Друже сето тоа супер, ама почни ја Библијата од почеток и терај по неа, не е тоа што се учи на памет само, сеа не кажувај тука едно, а со аватар на светец си. Си прочитал неколку страни и тука ни ги постираш. Има многу начини да си верник, а да не наметнуваш свое мислење. Почни од поповине што не почитуваат ништо да ги просветлиш белким ќе научиме и ние нешто од нив, вака коа ни поминуваат пред очи со аудито не знам што да им кажам. Башка ако веќе поврзуваш тетоважа со богохулие бар тргни аватарот со лик на светец, јер не си.
     
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ВераНадежЉУБОВ

    ВераНадежЉУБОВ Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2019
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    26
    Ај прочитај пак што напишав
     
  8. ВераНадежЉУБОВ

    ВераНадежЉУБОВ Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2019
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    26
    Јас искрено да ти кажам повеќе верувам на монасите, а ретко на попови. Само на неколкумина кои што се почитувани во градот од сите. И јас несакам да ги гледам со Ауди, верувај

    Едит: аватарот ми значи истото што значи и Христос со овцата. Овцата (бела) или јагнето го симболизира изгубениот човек што талка без Бога, па Христос го наоѓа, може да ја симболизира и невиноста и кроткоста и Божјата сила. Бидејки тој беше кроток и смирен а и наречен јагнец Божји. А ако мислеш за заповедта да не се прават слики, дозволено е да се прават слики на Ангели и на Христос. А и првата икона е неракотворниот лик на Христа Спасителот.
     
    Последна измена: 30 ноември 2019
  9. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Океј, извини грешно сфатив. Ама религијата/ верата Е контрола на народот ако ти кажува стриктно како да живееш, ако крадат народ а не плаќаат даноци и ред други работи.
     
  10. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.047
    Допаѓања:
    6.666
    Пол:
    Женски
    :clap::clap:(y)
     
    На Mrs. Lovett му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Биди пример и прави добри дела, нека те следат луѓето по примери, не по зборови така ќе просветлиш некој. Мајка Тереза на дело правела добри дела, затоа и е светица. Безврска се муабети на форум, посебно да си ја толкувате како ќе ви текне и да си ја поврзувате дали со тетоважа или со нз шо било, сигурна сум дека немам прочитано во Библијата дека треба да се проповеда на Фемина истовремено сам да си ставаш слика на светец, ама па што знам јас, јас прочитав само затоа што ме нервираа квази проповедари и тие што си ја користиеа за свои цели па да се осигурам што пишува. А има многу дечиња или како што ги викаш ти души кои чекаат за парче леб и топла гардероба, па ајде сигурно Господ Бог не би се налутил ако место пишување за тетоважи на форум се подели на деца нели?
     
  12. ВераНадежЉУБОВ

    ВераНадежЉУБОВ Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2019
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    26
    Така е се согласувам. Само јас не се спремам за светец да бидам туку за добар брачен сопатник, родител, другар...
    Верата без дела е мртва вера. И Господ рекол да не ни биде љубовта само низ зборови него и на дело.
    Јас не држам проповед и перење мозоци овде на форум, него видов таква тема па си реков ајде да пишам. И сакам само да се избореме со нашите недостатоци, лични и семејни. Тоес нашите грешки што ги правеме.

    А само да прашам, зошто ви смета аватарот?
     
  13. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    Буквално само што ставив тетоважа, се активирала темава. Господ гледа. :D
     
    На candy.cane, Lella, theowndemon и 9 други им се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ова е половичен цитат од Стариот завет. Целиот цитат гласи вака:

    „Не врежувајте засеци на вашето тело за покојник; ниту засечувајте некакви знаци на себе. Јас Сум Господ!’“ (Левит 19:28, Библијата)

    Ова нема никаква врска со денешното уметничко тетовирање. Три поенти би спомнал овде:

    1. Овој цитат се однесува на евреите, Бог преку Мојсеј го упатува за евреите, а не за нас.

    2. Книгата Левит целата е за одржување на светоста на евреите помеѓу паганските народи. Евреите мешајќи се меѓу паганските народи попримале доста од нивните пагански ритуали и Мојсеј тука ги предупредува против некои пагански и идолопоклонички обичаи. Правејќи засеци по телото за покојник било пагански ритуал, веројатно за некакво овековечување на душата на покојниот. И засекувањето некакви знаци на себе исто така не се правело од уметнички причини, туку од паганско-идолопоклонички мотиви. Впрочем и затоа веднаш по оваа заповед Бог вели: „Јас сум Господ (Јахве на еврејски)“. Бог со тоа ги потсетува дека Тој е вистинскиот Бог и тие треба да одлучат кому ќе му служат и по чии заповеди и вистини ќе се раководат. Не може никој да им служи и на паганските окултистички ритуали и на вистинскиот Бог. Затоа Бог им вели да се очистат од тие пагански ритуали.

    3. Денес младите се тетовираат не од паганско-идолопоклонички мотиви, туку најчесто од чисто уметнички мотиви. Така што тоа е безопасни и не прави никаква штета. Освен се разбира доколку некој не си тетовира некои ѓаволски симболи, 666, или некои пагански симболи со цел да ги обожава.

    Знаете што? И Бог има направено тетоважа и тоа го пишува во Библијата и тоа на 2-3 места :)
    Господ во Библијата вели дека го врезал (тетовирал) Ерусалим на својата дланка. Се разбира дека ова е симболично кажано бидејќи Бог нема телесни дланки, но сепак е еден вид тетоважа што Бог ја направил со ветување дека Ерусалим вечно ќе му биде пред очите, дека нема да го остави, ниту заборави.

    „Сион (ерусалимците) рече: „Господ ме остави, Господ ме заборави.”
    Може ли жена да го заборави своето доенче, да не му се смилува на чедото на својата утроба? Па кога некоја и би заборавила, Јас нема да те заборавам тебе. Ете, те врезав во Своите дланки, твоите ѕидови секогаш Ми се пред очите.“ (Исаија 49:14-16, Библијата)
     
  15. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.265
    Прво, мољим?!
    Друго, еве баш ти поверува некој дека си бил атеист некад.

    Трето, од која секта си и дали врбуваш на процент или од чоек?
     
    На Amellie13, CameliaMiller, Tan4ence и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Што се однесува до мене не ми смета кој сака да става и што сака да става, затоа што според мене верувањето во нешто не може да се пренесе со зборови туку со дела и нема врска со тетоважи и слично туку ми е малку затуцано така да се мисли. Човек со тетоважа не е помал верник. А што се однесува до твојот аватар апсурдно е да цитираш делови од библијата, а да го прескокнуваш делот каде што не треба на светците да им се даваат човечки ликови, ниту ние самите да се затскриваме зад нив. Што значи ти селективно збориш како во петти век ќе му цитираме на народов делови од библија ама само тоа што сакаме да им го кажеме за да го контролираме, за кога ќе дојде војската во Рим да помислат дека вратата ја отвора бог, а не водата која минува одоздола па нема да не нападнат и така и било. Да, кога веќе цитираш делови од Библија бар информирај се малку пошироко, за цитирање може секој.
     
  17. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos ја почитува библијата се додека не сака да си стави тетоважа. :D
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Јас сметам дека тетоважите се уметност,и сметам дека тој цртеж ќе ме направи среќна затоа што ми се допаѓа тоа. Без разлика што сум полнолетна,од моите ми е кажано додека сум под тој кров не смеам. Да одам да направам без да знаат? Ќе викаат и ќе помине.. ваше мислење?:D
     
  19. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.414
    Пол:
    Женски
    Тетовирањето нема врска со религиозноста. Не можеш да кажеш дека некој е добар или лош врз основа на тоа дали има или нема тетоважи.
    Пред Бог сме сите еднакви!
     
    На ЕденЧлен и Just.do.it им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.113
    Што има страшно во тетоважа?
    Ја имам и ќе имам уште, па не сум доживеала некој да исплашам, напротив.
    И да, на очигледно место ми е.



    "Бог не сака човекот да трпи болка"

    9.6 милиони луѓе умреа од рак во 2018.
    САМО од рак, без ништо друго.

    Мене тетовирањето ме болеше помалку од депилација. Не се депилирате?
     
    На senjorita-v, candy.cane, Lella и 6 други им се допаѓа ова.