Има луѓе кои имаат истетовирано крст,ангели и Божји заповеди. Им служат како потсетник да не застрануваат од патот. И кога ние верниците велиме дека Бог ги создал сите и сè,треба да сфатиме дека под сите спаѓал и оној кој прв ставил боја на телото или се истетовирал. И човек треба да се цени и проценува по она што му е во душата,а не по физичкиот изглед.
Го имам ликот на мојата почината Мајка,само таму ке ја гледам секогаш НАСМЕАНА И ВЕДРА.Па ако ова е најголем ГРЕВ НА СВЕТОТ,тогаш Бог одма нека ме убие,и нека ми ја одземе душата,и онака сум умрен веќе една деценија,од кога нејзе ја нема повеќе.
За мене поголем грев е силување, убивање, малтретирање, исмевaње. И некој нека ме просветли зошто тетовирањето се смета за грев? Сеуште ми е енигма ова. Само хард кор религиските фанатици може да си ја поврзат тетоважата со религијата и да го сметаат истото за грев. И ми се многу смешни. Тука попуваат за завети и триста глупости, а во реалноста ги прекршуваат основните 10 Божји заповеди. @Kimberly11 ако немаш поддршка од нив, почекај. Ова ти е најискрен совет. Цел живот ќе е на тебе тетоважата независно дали ќе ја направиш годинава или не
Се спомна примерот со родител. Бог го сака најдоброто за нас,не казнува и не се бави со малоумни работи затоа што не е искомплексиран суров егоист (како што е претставен во стариот завет) , сами се казнуваме кога идеме против тоа како што родител (нормален) би ти рекол не го прави тоа и тоа за твое добро и како што нахебуваш кога идеш против тоа. Овие останатите небулози што се пишувани во Библија(највише стариот завет) од ненадарталци,искомплексирани егоисти,малоумници и самопрогласени избраници на Бога за контрола на масите немаат никаква поврзаност со Бога. Нив само болни/испрани мозоци можат да ги измислат /прифатат и бранат. Значи во овој случај исто ко што и родител би ти рекол немој тетоважа исто е и со Бог но не е тоа никаков грев и нема да гориш вечно во пеколот за исто затоа што некој што ја набубал библијата од точка до точка и го прифатил како 100% вистинито и единствена вистина (без притоа да го уклучи мозокот да израчуна дали е тоа исправно и има смисла или не) ти рекол така
Во многу лошо расположение сум последни неколку дена и си реков да не фаќам рачка. Ама некој силова дете, жена, сериски убиец итн, и ќе се покае и пу пу не важи, на Бог чедото си? Баш во друга тема имав пишано. Со Бог проблем немам, ако е горе, he dope. Ама со организацијата на религиите имам. Оти охрабрува насилство само ако после то се покаиш се да ти е простено. Охрабрува потчинета улога на жена само зошто еден башка хромозом има мажот и израсток меѓу нозе. Охрабрува љубење на грешниот и колку и да е глупо да одделиш грешник од толпа и да му залепиш етикета, бар го љубиш нели и то е супер? Во темиве сфатив дека селективно читате оти сем плукање по некој шо, по ваши норми, е грешник, не видов друго. Селективно читање, селективно толкување и јас пак глупата трошам време на некој таков. До мене е, не се лутам.
Ако на Господ му пречи менувањето на нашето тело или шкрткањето по него, дали му пречи што се депилирам и шишам? Дали му пречи што носев протези затоа што ме створил со крива вилица? Дали му пречи што се шминкам секој викенд? Дали му пречи што си ги кратам ноктите на рацете и нозете? Дали му пречи што носам очила за гледање? Можеби му пречи кога вежбаме или слабееме/се дебелееме? Ако не сака да чувствуваме болка, зошто постои тагата? Зошто ми се руши цел свет кога имам циклус? Зошто имам главоболки од нигде никаде? И зошто на некој си таму горе би му сметало што најсаканата личност во мојот живот, којашто 20 години од нејзиниот живот посветила да ме сака, чува и да ми помага, носи симбол на моево тело?
За болдираново потполно си во право. Ама тетовираноста и религиозноста немаат врска едно со друго, само ограничени луѓе може да сметаат ако некој има тетоважи не е религиозен. Дали ќе ставиш тетоважа, дали ќе веруваш во Бог или ќе бидеш атеист се е тоа индивидуален избор кој нема врска со нечиј изглед.
Имам 2. Планирам уште да ставам од кои едната ќе биде крст на тилот. Не гледам како тетоважите би ја попрачувале верноста. Може човек сам да се обележи.Секој е газда на своето тело.
Во библија пише дека не треба да цртаме по телото,веќе е кажано во темата.Инаку ,јас лично не осудувам секој знае што прави и зошто,а од христијанска точка не си припаѓаме самите на себе . Нашето тело е светиња и служи да го прославиме Бог во него.Тоа значи да бидеме свети и послушни на божјиот закон.Но во откровението на Јован за последните времиња пишува дека луѓето ќе бидат саможиви,себични,фаленичари,горделиви,несвети,клеветници ,невоздржани,свипери,сурови кон другите ,без природна љубов .Јас мислам дека се е подеднакво важно,и начинот на кој се третираме себеси и нашето тело.
Мојот општ лекар е голем верник. Истовремено човеков работи и како дерматолог. Се чудев како некој кој толку учел верува во бесмислици.. Бев кај него со другарка бидејќи на нејзе и излезе некој осип како алергија. Уште пред да ја прегледа и вели : “леле девојко, тебе ти е многу лошо, од едната страна ти стојат Господовите Ангели , ама од другата ти е ѓаволот..” Го гледавме зачудени и тој покажа накај нејзината рака на која има тетоважа. И рече : “ не ти требаат вакви ѓаволски работи, оди покај се, остави 100 денари на Богородица и побарај прошка за овој грев” Ние упорно го молевме да ја прегледа и да и препише некој лек, овој одбиваше, велеше само во црква да одела. Тетоважите го вознемирија..
Значи јас неверник сум Аман бе, глупоштини. При толку човекова лошотија, болести и неправди, тетовирањето е ништо.
Да.. истиов доктор и на мои роднини исто им правел. Они одат со инфицирани прсти, со рана, човеков им вели во црква да одат. Тие со тетоважи некогаш и не ги примал..кога како е расположен..
На државно или на приватно работи? Дај пријавете го... Јас разбирам и да си каже што има да каже, но да ги враќа луѓето од преглед, не бидува.
Тој доктор или кардинал е? Вакви работи се пријавуваат, негова должност е да прегледува пациенти а не да кења за религија и смртни гревови
Shto ke ti e tetovaza? Znaes kolku e tesko da ja otstranis ako ti zdosadi? Gluposti, ako sum videla od javnite licnosti ne znaci deka i jas treba da se tetoviram. Kazi im da odat kaj drug doktor ako e voopsto vistina.
Од вакви општи лекари и пример лично што знам жена лекарка мажена за религиозен фанатик до степен да не им објасни основни поими за животот на децава ми се повраќа Занеш дека твојата пријателка може да го пријави во Лекарска комора за ваков непрофесионален однос?
Не само да одат кај друг туку и да го пријават, А дека тетоважа ставаме заради тоа што некој си таму јавни личности носеле не верувам баш дека од оваа причина повеќето ставаат