Тетоважите проблем за наоѓање работа

Дискусија во 'На работното место' започната од КикиМаус, 10 декември 2016.

?

Дали сте имале проблем за добивање работа поради тетоважите на Вашето тело?

  1. Не

    26 глас(а)
    83,9%
  2. Да

    5 глас(а)
    16,1%
  1. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    17.593
    Иако е 21ви век и тетоважите не се или барем не би требало да се повеќе табу тема, сепак во оваа наша мала и уназадена држава за жал сеуште се.
    Дали поради нив сте се нашле во ситуација да не бидете примени на работно место за кое имате квалитети и немате конкуренција?
    Дали сте биле избркани од работа поради нив?
    Или пак сте имале било каков проблем на работно место поради тетоважите на Вашето тело?

    Не најдов слична тема но ако е дупла или пак наликува на некоја друга слободно нека лета во канта.
     
    На diskreten32, krEM4Eto, Mr. Right и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    8.640
    Допаѓања:
    135.892
    Јас гледав лани емисија во која се збореше како одредени личности ги загубиле своите работни места поради видлива тетоважа (имаше и со пирсинг)
    А згора на се, не ни можеле да најдат друга работа..

    Така да верувам дека не е само во МК овој проблем.
    Јас немам тетоважа, па не сум имала ни проблеми :)
     
    На joy1, Kukla994, Aleksandar1212 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    7.669
    Пол:
    Машки
    За слабо платено работно место, тетоважите не се проблем.
     
    На Kukla994, crimson и elimkd им се допаѓа ова.
  4. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    17.593
    95% од работните места во државава се слабо платени а сепак тетоважите на видливо место се проблем
     
    На okcenzi, Arthur и Aleksandar1212 им се допаѓа ова.
  5. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    1.505
    Пол:
    Женски
    Па вака,тетоважите не треба да се табу тема,а што се однесува до работното место,повеќе треба да се гледаат квалитетот,дали те бидува за таа работа што ја сакаш,ама од друга страна пак,ако работиш некоја сериозна работа,тогаш мора да се изгледа сериозно. За мала тетоважа не е проблем,ама ако е некоја ептен голема како тие по цела рака што се,тогаш тоа кажува на несериозност.
     
    На КикиМаус, Dust и Petar80 им се допаѓа ова.
  6. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    1.917
    Допаѓања:
    48.248
    Кога бев на интервју за работа пред некое време добив само пофални зборови за тетоважата. Лично од директорката :D Ја гледаше, ја меркаше и ми рече дека сакала баш таква да стави и таа.
    И да, ја добив работата :D

    Така што не е секаде проблем. И посакувам никаде и да не биде.
     
    На evangelina.ina, Mr. Right, YoungandBeautiful и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Ketchup

    Ketchup Horn of the Deer Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    4.928
    Допаѓања:
    37.201
    Пол:
    Машки
    Мене личностите што имаат тетоважа не ми изгледаат несериозни, напротив.
    Според мене ептен е глупаво да не добиеш работа поради тетоважа, пирс или фризура. На другарка брат, падна на испит поради man bun - от. |(
     
    На Mr. Right, YoungandBeautiful, Arthur и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Nausicaa

    Nausicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.242
    Допаѓања:
    16.924
    На страна муабетот колку кај нас за вработување се пресудни квалификации или некои други „фактори“ (врски, книшка, мито) ама ајде да збориме универзално.

    Фер, не-фер, кога ќе се вработиш, ти си дел од имиџот кој таа компанија го претставува пред светот. Ако во таа средина тетоважите, пирсовите, суканиците (воопшто, начинот на облекување) се сметаат за непрофесионални, на тебе е да решиш дали ќе го измениш стилот или ќе аплицираш на друго место. Бељата е што пирсовите се вадат, суканиците се сечат, со првата плата ќе купиш нова гардероба додека тетоважите се засекогаш. Затоа, не е на одмет пред да се седне на столчето за тетовирање, убаво да се размисли дали и како таа тетоважа ќе се одрази врз понатамошниот живот, особено ако е на ултра видно место.

    И да, не мора да се во прашање стандардите на компанијата, секогаш може да се случи оној кој го води интервјуто да има негативен став за тетоважите и тоа да се рефлектира во конечната оценка за кандидатот. Точно, е дискриминација ама па од друга страна, мене во средно една професорка ме фати на пик откако се офарбав плава, така да, јбг, секој со својата среќа :)
     
    На Belgin1, fairy88, Mishela и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Rebecca_R

    Rebecca_R Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    2.459
    Допаѓања:
    54.387
    Пол:
    Женски
    Не заборавајте, не сте дел од Руската мафија, за да имате такви обележја.
    Уметност, слобода, креативност? Аха, ама доколку и самиот сте уметник по професија.
     
    На Petra777 и Rama им се допаѓа ова.
  10. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    1.838
    Допаѓања:
    16.288
    Пол:
    Женски
    Лично немам тетоважа (се уште не - никад се не зна), ама не ми е сфатливо она да бидат луѓето етикетирани поради она што го имаат на кожата. Па нивен избор е, не дошле на вас да тетовираат додека сте спиеле! Според мене, неприфаќање на некој само поради неговата/нејзината тетоважа, би било исто како неприфаќање некој само зошто има впечатлив белег од раѓање/лузна/повреда/инвалидност/итн.

    П.С.: во Филип2 има еден доктор, скоро го имаше и по ТВ, со цел ракав од тетоважи, па тоа да не го прави случајно понеспособен или помалку доктор од колегите?
     
    На TheGoldenPeach, evangelina.ina, Роберт 7 и 10 други им се допаѓа ова.
  11. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2.656
    Допаѓања:
    4.081
    Сеуште не сум аплицирала за работно место, па да знам дали би ми бил пирсот на нос проблем. (Тетоважи немам а и не ми е некој мерак да си ставам моментално.) Затоа, ќе зборувам за како ми е на факултет. Кога прв пат се појавив имав долга коса, а пирсот ми беше ситен како обетка, и ретко кој од професорите го приметуваше. Потоа се ишишав кратко, се офарбав, си ставив и алка за нос, и освен што една професорка чудно ме загледа, се запрепасти просто од мојот имиџ :D зошто беше елегантна, немав никакви други проблеми. Не ме малтретирале за оценка, или да ме буткаат на колоквиуми/испити заради пирсот, дури еднаш-два пати ми беше спомната фризурата од еден професор, во позитивен поглед.

    Искрено, не знам зошто пирсот или тетоважата би имале врска со моите квалификации за одредено работно место, секако дрес кодот до некаде треба да се запази, со мала доза на уфрлен сопствен стил, сигурно нема со дуксери и тренерки да одиме на работа, но што би сменило тоа мало парче накит на мене, или една тетоважа со тоа како јас знам да си ја работам работата? :)
    Има стереотипи и предрасуди дека само келнерки или шанкерки имале тетоважи, пирсови на себе зошто биле несериозни и не ги бивало за друга работа, само за таму биле... (facepalm)
    Јас знам еден дечко што цел грб му е истетовиран, и цел стомак, па работи во сериозна фирма, е сега него тетоважите не му се видливи.

    Мислам дека да треба утре да аплицирам за работа, сигурно ќе треба да го извадам пирсот а тоа никако нема да се случи, зошто до сега сум го држела на себе in sickness and in health, а така и ќе биде се додека смртта не не раздели. :D
     
    На YoungandBeautiful, Arthur, Dabria и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.049
    Допаѓања:
    160.516
    Пол:
    Женски
    Немам тетоважа, ниту пак досега сум планирала лично за себе да се тетовирам, ама дискриминација на луѓе со тетоважи, пирсови и воопшто онака поспецифичен стил ми е нешто неоправдливо.
    За работно место се знае кои критериуми треба да влијаат на нечие примање/одбивање, а сите тие аспекти на личен стил на изразување преку надворешниот изглед - немаат врска со интелигенцијата, знаењето, одговорноста и способностите во било која и било колку сериозна професија.
    Така што - не, според мене не треба да претставуваат проблем за наоѓање работа :)
     
    На Згодно Момче, YoungandBeautiful, Arthur и 5 други им се допаѓа ова.
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    Јас знам за случаи каде студенти биле одбиени од Work&Travel заради тетоважите. Братучетка ми која исто така работи во странство, смени фризура заради работата и мораше да носи точно определена висина на штикли. Ни повисоки, ни пониски. Ѝ мереа висина и ѝ кажаа кое бројче на штикла треба да носи. Лак за нокти во било која боја освен проѕирен - не доаѓа предвид. Што да кажат стјуардесите кои не смеат ни боја на кармин да сменат?

    Глупаво или не, за одредени професии има утврден „дрес код“ кој го дефинира целокупниот ваш изглед и кој мора да се почитува. Тука не станува збор само за тетоважите, туку и облеката, фризурата, шминката, па и самото однесување и body language-от. И најчесто ова се однесува на работници кои се во контакт со клиенти, па истите треба да бидат огледало на угледот на една фирма.

    Ние овде можеме колку сакаме да зборуваме за дискриминација, да се сложиме со тоа дека изгледот не го менува квалитетот и способноста на еден работник, ама некои работи едноставно се онакви какви што се. И немојте да мислите дека ова е вака само кај нас. Во многу други држави кои не ги сметаме за толку утепани како нашава, туку за либерални, напредни и сето тоа, тетоважите се пречка за вработување.
     
    На fairy88, evangelina.ina, Mishela и 13 други им се допаѓа ова.
  14. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    8.640
    Допаѓања:
    135.892
    Nekoi profesii sami po sebe nalagaat odreden dres kod i izgled.
    Ne moze za salterski rabotnik da postavis nekoj so ogromna tetovaza na bilo koe vidlivo mesto bidejki pred se strankite mozebi ne go cenat toj vid na umetnost, a zadovoluvanjeto na klientite e nivnata br.1 zadaca..

    Vo mojata profesija i vo firmata za koja rabotam ima dvajca decki so tetovazi na raka i noga, bukvalno rakav tetovazi (edniot i na drugata raka pocna ), na rabota koga se vo kancelarija se obleceni kako tie sakaat, na sostanok so klienti zadolzitelno nosat dolga kosula, bez ogled dali e leto ili zima.

    Iako nivnata profesija e od kreativen karakter, sepak klientite mozebi ne go pocituvaat toj stil..
    Isto vazi i za obetkata na edniot od niv..

    Mislam deka ne e problemot dali nekoj deluva seriozno ili ne..mnogu lugje i bez tetovaza deluvaat neseriozno.
    Problemot e kako okolinata reagira na tie tetovazi..
     
    На Nausicaa, evangelina.ina, Mr. Right и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    3.950
    Допаѓања:
    45.446
    Немам проблем со тетоважите за работно место, бидејќи немам тетоважа :D
     
    На Ketchup, Arthur, fallenangel и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Dabria

    Dabria Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2016
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    1.216
    Пол:
    Женски
    Имам тазе тетоважа на колкот и впечатливи пирсови на лицето. Не знам како би се снашла во Македонија за работа, но работам фриленс (на интернет) и супер ми е. Клиентите ме имаат видено само на слика, на која пирсовите не ми се многу очигледни и немам никаков проблем со ова, не верувам дека некогаш би имала. Ме чуди тоа што светот е толку заостанат и дискриминација заради ништо повеќе од уметност и личен избор сеуште постои, и тоа на големо. Мислам дека тоа би требало да е забрането.
     
    На Baby-bubu, Stories, Згодно Момче и 5 други им се допаѓа ова.
  17. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.092
    Допаѓања:
    16.127
    Не би требало да има дискриминација поради имање на тетоважа но понекогаш местото на кое сакаш да се вработиш, налага одреден дрес код, однесување, се припазува на изгледот.:!:
    Мене лично ми се допаѓаат тетоважи но не би имала храброст да се тетовирам, ниту сметам дека е вкусно да си вработен во државна институција и да имаш тетоважи ко налепници низ цели, раце, прсти видливи, макар што со кошула , сако тоа се покрива.
    Друго не секогаш тетоважите се видливи, се случува да се на дискретно место, под коса на врат, грб, стомак, не гледам начин како работодавецот би знаел дека имаш тетоважа.:^)
     
    На Роберт 7, Aleksandar1212, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    1.964
    Допаѓања:
    49.154
    Пол:
    Женски
    @Kukla994

    Требаше обратно да пишеш. Немам проблем со тетоважата на работно место, бидејќи немам работно место :bandit:
     
    На krEM4Eto, elimkd, КикиМаус и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    3.950
    Допаѓања:
    45.446
    И то шо велиш
    :bandit:
     
    На krEM4Eto, КикиМаус, Dabria и 3 други им се допаѓа ова.
  20. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    3.938
    Допаѓања:
    66.605
    Пол:
    Машки
    Немам проблеми со тетоважите на работното место,имам доста тетвоажи на моето тело,и досега сум немал проблеми се надевам дека и понатаму ке немам и ке исчезне таа табу тема за тетовирани луѓе,дека се вакви или онакви.Едноставно на луѓето кој чудно го гледаат тоа треба да им се објасни само дека тетовирањето е уметност на кожа и толку.
     
    На izmislena, elimkd, Stories и 5 други им се допаѓа ова.