Постојат работни места каде што тетоважите, пирсовите и фризурите не се никаков проблем или пречка за работа. Но некои поозбилни професии си бараат и одредена формалност и сериозност кај вработените. Eве на пример јавните професии, не може една презентерка на вести да излезе со пирс на веѓа или на нос или пак пратеник да излезе на говорница истетовиран на вратот и на рацете. Не дека не може, ама невкусно е. Мора да се помириме и со фактот дека колку и да не ни смета тоа нас, сеуште живееме со постари генерации кои не ги прифаќаат баш туку така новиве трендови. И да додадам, на последнава златна буба мара настапи и Љубојна и испишавме овде мислења ли мислења, како не била соодветно облечена пејачката со длабокото деколте, како фризурата не и одговарала на тој стил на музика... доволно говори дека сеуште сме полни со предрасуди.
Не е проблемот во тетоважите, туку во визуелната перцепција со предрасудувачки акцент што ја има поголемиот дел од масата. Ако особено станува збор за аплицирање за работа што инволвира секојдневна комуникација со секаков тип на луѓе, а бидејќи секакви не има, не секој има отворено мислење што ги прифаќа луѓето со тетоважи, туку сосема спротивното, а бидејќи муштеријата секогаш е во право, еден работодавач нема да си го загрози профитот или бизнисот само за да вработи некој што нема да му одговара. Од друга страна, ако имате неколку тетоважи кои не се на видливо место, не верувам дека би имало проблем, но ако е претерано до оно тип, тетовирано лице и очи, тука сепак, треба и самата личност да се подзамисли каков впечаток остава. Бидејќи за една професија не е само битна вештината со кој располага вработениот, туку баш и впечатокот понекогаш завршува поголем дел од работата, во професии каде има простор за тоа. Мислам дека луѓето со тетоважи од било кој размер и тип немаат проблем со вработување во креативните професии. Во оние покласичните, да речам, повеќе се сретнуваат со ваков тип на пречки.
Мојот дечко сака да направи тетоважа, но го пречи тоа дека ќе биде полицаец, а сака низ цела рака. Гледам некои имаат тетоважа и му е видлива, мислете дека не треба да прави? Некои му велат не прави ќе ти смета за работата, некои дека нема да смета, и ај сеа.
Затоа и реков прво да го примат во полиција,да му дадат решение.Па послем тоа нека се тетовира,другар исто го одбија а е физички и психички премногу спремен(теквондо мајстор е),ама ради тетоважите не го примија и му кажаа дека ради тетоважите неможе да биде полицаец.
На некој газда не му пречи тетоважа, на некој му пречи ланче со крст зошто е Атеист итн... Ете и тоа го доживеав ... Ја да се стискам зошто ланче носам, а некоја карши мене да си ја рекламира тетоважата. Такаа да , ја до сега со мое искуство по приватни фирми гледам дека не смета. Не би ставила, немам потреба од тоа.
Воопшто нека не прави.. Тоа не е пропишано со договорот за вработување, ама според правилниците (зависи каде конкретно ќе биде примен) може да има проблем.. И може да му прави тетоважата проблем за понатаму..
За полицаец и војник не дозволуваат тетоважи, а за други работи места незнам мислам дека не пречи. Според мене не треба никаде да се забрануваат тетоважите тие не се нешто лошо, ама има некои коишто несакаат работниците да имаат тетоважи можеби мислат дека нема да бидат озбилни во работата, дека не се соодветни за тоа работно место. Мислам дека тетоважите не го покажуваат човекот каков е.
Добро е Кога одев на пракса, во полициска станица не ни правеа проблем, но еднаш не пратија на едно поспецифично место со еден колега и на него му препорачаа да носи долги ракави тие неколку дена, а беше сред лето на +40 Што значи чим за пракса некаде загледуваат, за вработување дефинитивно загледуваат