Гледам нема тема за Тетово. Јас сум била само на екскурзија во Тетово кај Калето не водеа. Како е сега таму? Ајде тетовчанки кажете што има убаво да се види кај вас?
Во градот преку ден во кафичи имам одено само и во едно диско не се сеќавам како се викаше. На Лешок неколку пати, убаво е многу и во с. Теарце на прошетка.
Тетово како град нема баш што да понуди за шетање и гледање, но околните тетовски села се вистинско место за да одморите ете би ги издвоила Лешок Беловиште. Сепак секое село си има специфична убавина изобилство од зеленило и чист воздух периодов кај и да е снегче кога сме кај снегот тука е Попова Шапка секако и да ке заборавев Љуботен планински врв што стварно вреди да се посети од каде што со пешачење може да се стигне до Ливадичко езеро
Во Тетово има многу бави места ако добро знае некој да ти ги покаже. Тука е калето и црквата на него, Бањиче но делот над изворите значи нагоре по шумата во природата, селото Лешок е милина како и целиот пат до селото Варвара кое е над Лешок можеш да одиш и пешки нагоре и по целиот пат да уживаш и во кратенки низ шумата и да се изнагледаш растенија ако се интересираш за тоа. Ако си во можност да одиш на Шапка, над Тетово и таму може добро да се прошеташ да уживаш во природа и да скијаш ако фатиш сезона. За се конкретно стојам на располагање да и кажам не ми текнува сега друго
Тетово скоро секој ден е во црни хроники и тоа не ми се допаѓа.Безбедно ли е за живот. Колку Македонци има во проценти во Тетово?
Јас еве живеам во Тетово, и да ти кажам дека повеќето лоши случки и црни работи медии прават. За тоа бомбите што демек беа фрлени на полиција тука, нема грешка, некој петарди фрлал. Не знам од каде ги вадат тие информации. Е сега вистина е дека тука законот слабо се почитува, и во споредба со некој град од источна македонија да речам, е див запад Тетово е прометен град, полн, не само од градско население, туку колку само околни села и села по планините има, секој доаѓа во град по работа. И како и во секој град и тука има лоши нешта, се случат, ама мислам дека работите се преувеличуваат, и се е тоа масло на медиите.
Хахаххахахха....само медиумите може да оцрнат еден град и тоа само за една минута !! 1. Ова со бомбите....врска нема, да имаше бомба цел град збореше, почнувајќи од близината "кај што била фрлена бомбата" ...што значи немаше ни Б од бомба, а зошто се ближи НГ, почнаа со петарди..па ете кој и да известил си помислел пустиот бомба било 2.Да, како што кажа членката погоре, за разлика од другите градови, а, посебно ако правиме споредба со градовите од истокот, да, тука е див запад...нема никаков ред!!! 3.За живот...снајди се па живи, во секој град ако гледаме на тоа, не е безбедно за живеење, можеш самиот да си направиш статистика Секојдневно слушаме на вести...пр. Скопје тоа се случило, Гостивар тоа, Охрид, Кавадарци...значи секаде по нешто се случува!!..НИКАДЕ НЕ Е БЕЗБЕДНО ЗА ЖИВЕЕЊЕ !!! 4. Помал број Македонци сме....ама тоа не ни го спречува правото на живот
Од она што имам гледано на слики, сакам да го видам соборниот храм и река Пена, плоштадот. Далеку ли се овие места едно од друго, може пеш да се отиде или треба такси? И безбедно ли е да се шета во тој дел? Јас само до автобуската сум била и на калето како дете на екскурзија.
Извини ама многу смешно ми дојде прашањето може ли безбедно да се шета во тој дел Аман бе луѓе, воопштоо не разбирам што вие замислувате во глава, дека е Тетово Авганистан? Не знам зошто би било небезбедно, може да шеташ ти кај сакаш, освен ако не е во 2 по полноќ и на специфични места,( како спортски (кој знае-знае)), е тогаш не знам колку би било безбедно Да, безбедно е и не ти треба такси, не се плаши, нема никој да запука, освен случајно
Абе тебе ти е смешно, ама во другите градови таква перцепција имаме за Тетово. Последната случка кога избодеа гимназијалец покажува дека не е безбедно. Тоа не се
ЕЈ, ИЗВИНИ А ВО ДРУГИТЕ ГРАДОВИТЕ НЕ СЕ СЛУЧУВААТ МЕЃУЕТНИЧКИ ИНЦИДЕНТИ??? Само во Тетово??... Од вашата перцепција што си ја имате, богами го гледате Тетово како Авганистан.... A мене кога ќе идам во други градови, ме прашуваат од кај си, кажувам и они вакви....ПА НЕ СИ ШИПТАРКА? - МИЕ МИСЛЕВМО ДЕКА НЕ СИ НАША...и знаеш колку ми паѓа глупо....буквално ваќе у сваки град реагираа за мене, и со тоа докажуаа кој прост менталитет си го држи нашава држава, т.е еден македонец колку менталитет има
премногу сител гледате. разбирам јас, ама тоа е се политика пласирана преку медии. Ела, дојди па види, па Тетово е метропола за другите градови, се имаме. Добро и најзагадениот град сме, ама штрајкуваме, белким нешто ќе се смени Дури и жена градоначалничка имаме, значи ептен сме понапредни сега
Јас не се сомневам дека Тетово е убаво, ама убедена сум дека ќе беше многу помирно ако беше со помал процент шиптари. Не се чудете на прашањата. Една професорка шиптарка од мојот град ќе прави мултиетнички проект со млади од ку, тетово, прилеп и струмица и ми вика "еее кај во Тетово ќе најдам Македонци". Шиптарите овде си го претставуваат како етнички чист Тетово иако не е. Не се сложувам дека е безбедно. Да пратиш дете во школо и да мислиш дали ќе дојде тепано, избодено. Пак ќе кажам гимназијалецот што го прободеа , тоа е факт, а не измислица на сител. Да имаше Тетово барем 40% Македонци ќе беше поубаво. Малку и разединети Македонците не се моќни каде и да се.