1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тетово

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Tanjamm, 16 февруари 2014.

  1. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Вистина е дека е мал процент на Македонци, ама повеќето Македонци не се мешаат и не одат на албански места и кафиќи отколку обратно.
    Во градинки имаш македонски групи, албански или мешани.
    Основни и средни училишта исто така. Никогаш немав непријатост до тој степен. А верувај македонски деца не се китки за мирисање, само што се во помал процент па не доаѓаат во израз.
    Ова испаѓа ко да некого оправдувам, ама не е така, само не генерализирам. Во стара зграда на живеење имав еден комшија македонец кој на сите ни загорчуваше животот, толку беше откачен, а да е албанец на вести би бил сигурно.
    Е сега што има работи коишто на мене не ми се допаѓаат, има, ама тоа е се поради политика, оние на власт да си бидат мирни сите, па секој да има парче од колачот. Веќе отидов во друга тема, тоа е само моето гледиште, јас како некој што живее 5 години во Тетово можеби не гледам на работите исто како некој што живеел и изгубил нешто за време на конфликтот, ама од моето објективно гледиште мислам дека горчината и омразата е повеќе кај македонците неголи кај албанците, не зборувам за оној мал процент радикални албанци, туку генерално.
    Не сакам да ме сфати некој погрешно, еве некој што е роден тука може да каже како гледа на работите, од своја поинаква перспектива.
     
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.215
    Мое мислење е дека се поттиснати Македонците до максимум. Инаку нема причина поради која ќе оправдам мрсулаво дете да оди со нож и некого да избоде, без разлика дали тој е китка за на уво или багабонд. Секој македонски град е убав, ама демографијата прави за Тетово или Гостивар да мислиме дека е Палестина. Не се навредувајте, и ја го љубим Тето, македонско Тето.
     
  3. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Извини вака Тања ама пишуваш за Тетово како да живееш во некоја дивина во Алјаска без допир со надворешнито свет а не како да си 100-тина км одалечена од градот.
    И да, сите веќе тука на форумот знаеме како се чувствуваш за албанците и кај тебе покрај омразата се чувствува голем страв од нив, ако не се закачаш нема никој да те закача, тоа е барем моето мислење.

    Да не сум офф сум била во Тетово неколку пати, мене ми делуваше како многу модерен град, сама седев пиев кафе во кафич, никој не ме ни погледна а не да се закача, бев и до Лешок, прекрасен манастир и прекрасна околина.
     
    На profilot, love11111, НаталиЛили и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Поттиснат е само оној кој самиот се поттисне. Самите Македонци си испродадоа дуќани за добри пари на Албанци, никој не ги тераше, ама ете самите така избрали. Тие што одлучија да не се преселат во Скопје, останаа и ништо не им фали. Македонци секаде се вклучени - рамноправно, колку што процентуално им следува. А за процент зошто е толкав не знам и не сакам да зборувам. Ама!
    Еден познаник Македонец има продадено само еден дуќан на Албанец за чудесни 300 000 евра, си купил 3 стана тука на секој од фамилија и си уживаат, а некој избрал да отиде некаде, а никој не ги избркал, тоа што не сакаат да живеат во мултиетничка средина од х причини е нивниот избор (проблем).
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.215
    Да, не ја кријам омразата и се тоа е со причина нормално. Зошто немам омраза спрема други етникуми? Затоа што сите се
    Покултурни и помирољубиви. Мој роднина тепаа 5 на 1 без причина, само затоа што суратот те открива дека си Македонец.
     
  6. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Има многу места за да се посети :)
    Има повеќе цркви во градот, а и во секое село во околината. Посебно манастирот во с.Лешок.
    Повеќе места за прошетка/излет: Беловиште, Лешок, Бањиче, Кале....
    Различни прослави за празниците, особено за Бадник има маскенбал/карневал.....
    Велигден се прославува поразлично од другите градови :)
    Има многу кафичи, ресторани..:coffee::pizza::d:
    Саглам трговски центар беше нешто што му недостасуваше на градов, сега има Palma Mall, во кој има различни продавници, кафе&ресторан Емпориум......

    За тоа со Албанците што мислите вие, ние тука војуваме со нив ?!
    Нема врска, тие си гледаат за нив, ние за нас.
     
    На IronLady, bussines-woman и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.215
    За маскенбалот за Бадник знам, гледав на тв и беше многу симпатично.
     
    На Flower27 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    385
    Што не се преселиш од Австралија во Тетово тогаш?

    Најбедно ми е тие од Австралија и Канада да ми солат памет искрено. Според статистиките последните 30 години од Тетово се иселиле 3.000 Македонци и сите се населени во Ѓорче Петров во Скопје. Таков е менталитетот и културата наша. Бегаме, пички во душа, продаден газ, безвреден и безнационален народ, дупка, гној. Цел живот бегаме од некој како и твоите што избегале. Јас тука животот ми е мизерен, али јебига посилно е од мене. Не избегав, не сум пиче во душа.

    Што има Албанците да ги малтретираат Македонците кога Тетово и Гостивар е како секој втор просечен град во Косово. Шиптарски знамиња на секоја куќа, џамии на секое ќоше, шиптарски универзитети. Каде е Македонија тука? Слушам друга членка се фали како имале жена градоначалник. И, што? Демек модерна, еманципирана? Затоа ли Македонците во Тетово пола година ја молеа едни гробишта да им асфалтира, школо да им реновираат и еден куп други работи. Теута Арифи успешно си работи на проектот Голема Албанија.

    Македонците поради својот менталитет ќе се гужваат во 2 квадрати без вода и планини, а најубавиот дел од Македонија го продадовме, затоа што сме бедни души. Затоа никогаш нема ни да имаме прогрес во ништо, а ниту треба да имаме. Едноставно сме ставени на тапет ко народ и исчезнуваме, а и така е подобро. Никој да не остане.

    Во Тетово и повеќето градови во Западна Македонија никој не те дира ( условно кажано, а не е така), затоа што нашите таму се безгласни букви.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    385
    Па, што ако има цркви и манастири во Тетово и Западна Македонија кога нема ни кој да ги плукне. Зјаат празни цел ден. Тоа ли што Тетовчани што избегале од Тетово ќе го посетат еднаш годишна е нешто за восхит? Јебига, тоа што сме посеале тоа и ќе сркаме :)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  10. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Ок Валерија или кое по ред алтер его не знам, како ќе кажеш ти така, треба веднаш се пакувам или да почекам барем зимата да помине?:wasntme:

    А моите дали избегале или не, тебе ич к*р да не те боли, ти ако сакаш да се мачиш|( тоа е твој проблем, некои мислат на потомството, да им биде нив подобро. Некогаш ако најдеш невина женска за да створиш семејство можеби ќе знаеш како изгледа тоа да бидеш одговорен за некој друг освен за самиот себе.:^)
     
    На tessie и Daydream им се допаѓа ова.
  11. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    385
    Ама, немој тоа твое потомство од 5.000 км мене да ми соли памет како јас да живеам и како да се однесувам во МОЈАТА држава која се вика МАКЕДОНИЈА, а не Албанија или Косово. Некои работи треба да разграничиш во животот. Некои генерации тука во Македонија изгубиле живот, подариле живот за да јас живеам како што живеам, а не избегале( види за чудо). И, сигурно нема на тоа да се помочам за да задоволам некои мои хирови во животот. Треба да знаеш дека не секој се следи само по гладниот стомак во животот. Таков човек не е ни вреден да се спомнува.

    Што се однесува до мене не мора никогаш да доаѓаш во Македонија.
     
  12. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    ^Добро е тогаш што стомакот не им бил празен кога ја напуштиле Мк, значи вредат како луѓе, фју ми олесна сега, затоа што твоето мислење ептен многу ми значи.;)|((facepalm)

    И друже не е 5000км, 22.000 е, а за доаѓање во Мк, твојата влада ме принуди да станам државјанин, таа ме сака ако не ме сакаш ти.]:):lol:
     
    На eloves, tessie и Daydream им се допаѓа ова.
  13. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    385
    Така е. Тоа е и проблемот на оваа држава што издржува и ги прибира сите антимакедонски елементи на свој грб.
     
  14. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    185
    Реално такви инциденти со бодења имаше и во Струга, Охрид и Велес мислам па не ги направивте Авганистан, секаде има деца девијантни дури и не мора да се со различна вера за да има такви инциденти. Медиумски исперени мозоци
     
    На Flower27 и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  15. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    385
    Во Охрид и Велес не се вејат знамиња на други држави, не се свири на државна химна, не се вадат карти на Голема Албанија, не се ставаат споменици на терористи и мал милион други работи.
     
  16. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    со знамиња ќе се согласам со тебе. Тоа е нешто што лично мене не ми се допаѓа, а не се сметам за националист, бидејќи повторно шират незадоволство, омраза и гнев и ќе пукне некогаш.
    Ама сметам дека тоа е само криза во идентитет, како тука така и на косово.
    За споменициве не знам што збофуваш, јас не видов ниеден.
    Ама... работиве не се во мои раце и контрола за да дозволам да некого мрзам и да се полнам со горчина. Така правам штета само на себеси.
    А прости луѓе се тие кои најмногу проблеми изазиваат, тие се демек горди патриоти и националисти, кои секогаш се правеле повеќе штета и раздор, отколку мир, и од двете страни.

    Ама ајде реално да погледнеме наназад што го предизвика тој и таквиот бунт кај албанците? Децениско тлачење. Потценување. На универзитети албанците беа јавно исмејувани, требаа да учат десет пати повеќе отколку македонец, беа третирани како да не се луѓе...
    Животна вистина е дека тркалото се врти, некад си горе, некад си доле, за жал.

    А моето искуство досега: македонец ме е повеќе пати преварил, излажал и љубоморил.
    Албанец сам ми се нудил за помош. Тука не ги сврставам тие радикални албанци, туку обични граѓани.
    Заклучок: научив да не ги делам луѓе по националност, колку и да сум во момент испровоцирана од нешто (како спомнав веќе само проста раја може да те испровоцира).
    Луѓето ги гледам како човек и нечовек и тоа е.

    ЕДит: јас спомнав за Теута. Повторно затоа што гледам што прави за градот, а што правил тој што бил пред неа - ништо!
    Таа не е пристрасна кон албанците, си имаа жената став и си работи како мисли, право женски :)
    За нова година на плоштад и на уште три места беше ставена елка, градот беше украсен, а знаеме дека албанците не слават н.година. Пред неа градот на ништо не личеше. Таа малку по малку заведе ред и тоа каков. има многу очигледни промени направени и тоа е за сите, секој што живеее тука.
    За политички скривени мотиви не сакам да коментирам, најди ми поарен било албанец или македонец политичар, кој не работи којзнаешто и како, па да збориме.
     
    Последна измена: 4 февруари 2015
    На eloves, Flower27 и Daydream им се допаѓа ова.
  17. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    385
    Нормално е дека ти 500 пати повеќе зло ќе видиш од Македонец, затоа што 98% од времето го поминуваш со Македонци. Ако гледаме така Албанци секој ден се пукаат и убиваат меѓусебе, но дали тоа ги оддалечува од идејата за Голема Албанија? Не, така?

    Нема тука никаква врска некакво тлачење, исмејување или триста глупости. Идејата за Голема Албанија е стара колку и нашите прадедовци. Тоа се смешни тези. Тогаш зошто овие нови генерации Албанци што учат на мајчин јазик, работат во државни институции не вејат македонски знамиња на своите куќи? Гледаш колку тезата ти е глупа и неиздржана.

    Никој нив не им бранел да учат, да се образуваат или било што, туку го бојкотирале македонскиот државен систем, македонскиот државен апарат и се останато. Денес ништо не ги спречува да учат, затоа што учат исто како тие во Косово и Албанија. Македонски јазик не знаат да зборат и намерно не сакаат да го учат.

    Илјадници Македонци исто така ништо не добиле од државниот апарат, па не си дале за право да палат куќи, масакрираат деца и војници. Омразата е очигледно, а тоа секојдневно продавање лицемерие е друга приказна. Во секој народ има добри и лоши луѓе иако дефиницијата за добро и лошо е релативна. Тоа нема дилема, но разликата е тоа што кај нив и тој најдобар си брани нивни национални идеи за разлика од нашите коишто живеат во Боб Марли џоинт филм.

    Па да, и таа целата маска жена политичар и тоа Албанка е чисто политички. Се знае кој ги влече конците. Да, Албанците не слават Нова Година, но немој да мислиш дека ги ставила елките за Македонците, туку се продаваат пред Европа во стил:

    -Ние не сме исламски фундаменталисти, еве имаме жена градоначалник, а во реалност и на терен сосема друга работа.
     
    Последна измена: 4 февруари 2015
  18. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Па штом живеам тука каде што процентуално се повеќе тие, секојдневно повеќе сум во нивно присуство отколку македонско.
    Леле, мозокот да не ми испрале па сум станала ко и тие :lol:

    А дали ми е глупа теза или не, ич не се замарам, подобро да го живеам живот во боб марли филм отколку да се ЗАМАРАМ со тајни завери кои и тие што ги почнале не можат да им најдат почеток и крај.
    На крај од животот ќе може да се премериме со што го исполнував јас мојот живот, а со што ти твојот
    па тогаш да пресудиме кој бил глуп и пропуштил нешто 8)
    Уживај малку, научи дека се биднало под сонцето, ништо не е ново а што веќе не беше (пример читај Библија малку, ете овој стих ти е од таму парафразиран, ти горд Македонцу), отколку да си пресудуваш и на себе и на другите, ко во Хитлер филм. Пис брадр :lol:;)
     
  19. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    385
    Живеј во мир, а спремај се секој ден за војна. Јас не се замарам со тајни завери, туку со реалност. Тетово ми е на 40 км од мене.

    Јас не реков дека ти си глупа, а дека јас сум попаметен и поисполнет. Не ја менувај темата.
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    Јас не сум од Тетово и не сум албанка. Поради работа бев 3месеци сместена во делот кај што е Унивезитетот- (Новиот дел така мислам дека го викате). Во овој дел на Тетово има само албанци. Иако бев буквално сама, јас воопшто не се чувстував загрозено, непосакувано или небезбедно. Со еден збор јас си поминав прекрасно. Кој како сака нека збори ама ако ти не закачаш никој, никој нема да те закача тебе. Сите колеги околу мене беа албанци и беа прекрасни луѓе. Секаде ме прошетаа, денско, ноќно излегување буквално цело Тетово благодарение на нив го научив. Бев и во делот каде што излегуваат само македонци, затоа што имав колешки од факултет и со нив ми беше супер.
    Од моја страна само пофални зборови. Луѓето се многу современи. Има полно продавници, со непознати за мене ама квалитетни брендови кои што ги прекупуваат од Италија или од Турција по многу ниски цени. Продавници за мебел на половина цена од овие во Скопје. Накит ...:inlove: Да сум невеста и да опремувам по дома правец во Тетово. Еден куп кафани, пекари и локали за излегување. Се чувствував како да сум на некое туристичко место. Преубав град.
    Доколку сте Вие фини и тие се фини со Вас.
    Искрено Петре јас сум македонка ама поради овие твои ставови јас би те претепала а не па некој од нив. Мислам, шириш омраза бе човек. Стварно незнам кој би можел да те поднесе.
     
    На eloves, Sesil, Annath и 6 други им се допаѓа ова.