Поминувам скоро секоја недела низ Тетово и реално, мислам дека е меѓу најхаотичните и несредените градови низ Македонија. Не ме сфаќајте погрешно, немам никакви проблеми со ниедна етничка група, ама иако има подобрувања во последно време, треба уште мноооогу да се работи, за да се среди како што му личи на еден град. Супер е палма мол, исто гледам дека се градат нови згради и се средуваат некои локации. Се уште има проблем со сообраќајот, треба да имаш челични нерви за да возиш низ градот. А се согласувам дека во околината има прекрасни места. И не знам од каде е информацијата дека црквите зјаат празни, ама барем во црквата во Лешок, секој викенд има верници од цела Македонија. На св. Богородица не можеш да се разминеш од луѓе, на сите поголеми верски празници исто. Исто Амнезија open air фестивал ми е омилен, секоја година има супер изведувачи. А на прашањето за албанските фирми: ренова, даути рандом ми текнаа први. Сигурна сум дека има уште многу. Не ширете меѓуетничка омраза во теми каде што нема потреба. Всушност никаде нема потреба од тоа.
Во право си за сообраќајот. Хаос е. Особено во четврток, кога е пазарен ден. Ако планирате да го посетите Тетово, немојте никако во четврток ПС Заборавив да го спомнам Арабати Баба Теќе. Прекрасно е. Не сум била одамна, незнам како е отворено за посети, но вреди да се види. Како мала секогаш одев таму со другарките на излет.
^ Јас па само во четврток го имам посетено Тетово и тоа баш по таа уличка кај пазарот. Среќа што не бев на возачко место, инаку мислам дека уште првите два метри ќе згазев некој. Сфаќам дека е пазар, ама луѓето се однесуваат како да не поминуваат од таму коли.
Тоа е проблем на народот или на државата ? Ела тргни ми го ти знамето албанско од маало каде од 100 куќи 3 се македонски, ела ти закачи македонско знаме во Тетово во немакедонско маало па да те видам после слободно живеј си и функционирај си низ град, до маалска продавничка оди. Државата и власта дозволува тоа истата таа што тебе ти дава да си живееш слободно и националистички кај и да живееш и да се праеш патриот. Само треба да научиш да живееш човечки во такви средини а не да се силиш патриотизам не знам тамо што зашто на крајот на денот човечките односи и вредности се битни.
ПроблемќќалиЛили, post: 2314729, member: 95316"] [/QUOTE] Тоа е лошото кога ќе останат 3 куќи во 100 нивни. Се е тоа резултат на распродавање имоти.
Jа често идем у Тетоо, имам убави спомени и едан период од животот ми помина баш у него. Имам многу другерке што се дружим и со задоволство секогаш одам кога имам можност. Самиот град има богата историја и традиција. Дефинитивно, Шар планина треба секоја да ја посети зошто е вистинска убавица, достојна за секоја почит. Планинарење и уживање.
Женски од Тетово, гледам дека Ве има па ми треба помош. Утре ке идам натака, пишете ми некој кафич со добро кафе и некое ресторанче со добро јадење. Фала Ви
Ејј дури сега ја отварам темава, и сега го гледам твоето мислење. Ако некад опет доаѓаш наваќе, пиши ми или означи ме тука за што и да ти треба у врска со Тетово
@IronLady фала на понудената помош. Инаку немав нешто многу време да шетам, ама како за толку убав ми изгледаше градот. Седнавме во How do I look кафичот. (Мислсм дека така беше, поправи ме) Албанци го држат кафичот, ама ептен беа брзи и услужливи. И нашите и Албанците беа ептен фини, така да сигурно пак ќе дојдам. И снег врнеше, иако голем снегомразач сум, не ми сметаше.
Го посетив Тетово. Црквата Кирил и Методиј е многу убава. Паркот кај шарена џамија и река Пена ми се допаѓаат. Е сега улиците не се средени и хаос е навистина. Има многу бутици и кафичи, и тоа ми се допаѓа.
Нека им е лесна земја на погинатите во вчерашната природна непогода.... Ги гледам сликите од свлечиштата кои го затрупале куќите и улиците, сите се настанати на места каде што грубо е интервенирано на падините на Шара...заради адаптација на просторот за градење и живеење.... За жал, природата секогаш си го зема данокот
@IronLady и др тетовчанки! Може ли да ми дадете број од безбедно такси, знаете да не се оние диви и на црно? И второ, каде се наоѓа автобуската (меѓуградска)?
Автобуската е на влезот во Тетово. Кога пристигнуваш кај Монополот, вртиш десно идеш право и потоа пак десно и тераш право. Одма лево е автобуската, ќе ја видиш Но, може да слезеш и кај Монополот, тоа е карши Верото Па овде искрено нема диви таксиња, така да овие се бројчиња од наши таксиња. Патем, доколку вртиш од моб прво ќе напишеш 044 и потоа бројот - Коки Такси - 1590 - Славе Такси - 1595 - Зоки Такси - 1591 - Сити такси - 1560 - Менада такси - 1525 Има уште некои, ама не ми текнува
Срам ми е што прашувам како падната од марс ама не ја шетам многу државата . Дали постои палма мол и во Гостивар ?