Јас кога идам накај Те идам или со Руле Турс или Еуротурист(тој иде до Гостивар) изгледа за него ти кажале дека остава пред кампусот.Некој што знае дали остава таму нека ти пише ја само ова знам
А повратната за назад во Скопје каде да ја купам ако ме соберат од пред кампусот?? таа ми ја имаат кажано, само не знам од каде да ја купам картата бидејќи нити во Гостивар нити во Тетово ме собираат, туку пред кампусот.
Во Тетово и тетовско дефинитивно има што да се посети и види. Почнувајќи од цркви (Св.Кирил и Методиј, Св.Богородица, Св.Никола), познатата Шарена Џамија, областа Бањиче, Тетовското Кале, потоа Лешочкиот Манастир, Белојшките водопади-Петачко Водиче, Попова Шапка, Варвара, Брезно, сега доста познати по кафани и базени се и Брвеница, Сиричино и Теарце...итн итн
Манастирот Лешок е преубав, природата и воздухот се посебни, сме оделе за празникот Голема Богородица, кога е и слава на манастирот, колата ја оставаме на паркинг подолу и пешачиме до манастирот, ама толку е лесен воздухот, не се осеќа замор воопшто, иако е угорница.
Ај помош за путуење малце. Треба со другарка од Тетово да идеме до Скопје утре, да слеземе кај Skopje City Mall. На страните за превоз пишува дека бусот застанува само кај Ѓорче и на автобуска. Некако чудно ми е. Има некој патувано Тетово- Скопје периодов?
Ооо тетово мој најсакан... не сум јас од таму али живеев 1 год, па најомилен град ми е бре офф секој ден се шетав од крај до крај, палма мол, тој над веро што е ресторанот , заборавив како се викаат, сум била и во албански и маледонски места, најубавите ќебапи ги јадев таму во кебапчијата кај пазарот, имам шетано и по селата убавини.... планините многу се убави сум била на попова шапка, маврово абе каде не... сум била и по тие албанските кафани мајкооо колку пари фрлат албанците па и не е чудно што нашиве одат со нив. Сум немала проблем со нив е само не треба да ги изазиваш односно да не им се насмееш оти одма мислат сакаш да се ебеш одма ти се лепат хаха интересни се. Е само навечер после 12 е малку страшно за само девојче да шета а доколку си во група не. Ако се враќам во Мк некад таму ќе си купам стан, ќе се дружиме ли тетовчанки?? Едит: и мора да напоменам многу гужва има многу сообраќај али за добар гз сегде е пешачки.