1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Техники за учење; важност на мотивација

Дискусија во 'Образование' започната од theowndemon, 31 јули 2021.

  1. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.156
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    @the med student
    Бидејќи сме на ист факултет, и сум постара од тебе, би сакала да ти дадам еден совет, а тоа е никако учење на памет и кампањски.
    И кога се испрашувате анатомија, не раскажувајте цел торакс, никој професор не бара така. Одете со пократки, блиц прашања, на пример секој од вас да раскаже некоја комора/предкомора на срце. Најубаво се учи така. :clap:
    Нормално е некои работи да мора на памет, ама финтата е да се разбере материјалот.

    Инаку и јас учам како тебе, рано наутро, така мене ми е најефикасно, и повеќе сум мотивирана да учам и во тек на денот, доколку знам дека дел сум научила утрото.

    И не само на медицина, мислам дека и на секој факултет треба да се учи со разбирање, не ја гледам поентата да научиш нешто на памет, без да го сфатиш. Не би можел да го примениш нештото во пракса, бидејќи во пракса, не е ништо како по книга, мора логички да се поврзуваат работите.
     
    На злоба, Angie1432, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.812
    Допаѓања:
    23.374
    Пол:
    Женски
    Многу ми помогна целото твое мислење, особено овој дел, затоа што само што привршувам прва година на факултет и цела година ми помина во чуствување вака, без везе. Убаво ми дојде да прочитам дека не сум била единствена. Фала ти од се срце за ова и за советите подолу, те гушкам виртуелно. :$:hug:
     
    На ElenaOfRivendell и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  3. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Голем дел од студентите на медицина се соочуваат со овој проблем, затоа што учењето од средно воопшто не е исто со тоа на факултет. Големи предмети, тешки кои бараат посветеност. Матријалот што треба да се научи за 3 недели за колквиум е доста краток и често доведува до burn out кај студентите. Верувам дека е потребно време за адаптација, на некој му е потребно пократко време, на некој подолго, важно е да не се откажуваш. Мило ми е ако ти помогнав на некој начин :hug:.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  4. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    909
    Пол:
    Женски
    Не ми требат никакви техники мене. Мене ми треба само концентрација.
    Кога учев, тешко да се сконцентрирам, на сѐ мислев освен на тоа што пишуваше во книгата.
    Доволно ми беше малку концентрација и малку заинтересираност за тоа што го пишува во лекцијата - сѐ научено од а до ш.
     
  5. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Јас сум прокрастинатор прва класа.
    Во основно си учев редовно и си имав убави оцени, во средно и на факултет ме напушти таа мотивација :D.
    Можеби влијае и тоа што некако не сум среќна со изборот на факултет, ниеден предмет не ми бил интересен и ниеден предмет не сум го слушала со мерак. Слушам/учам од што морам, не од што сакам. Па затоа учењето ми е секогаш под притисок, неколку дена пред испитот. И за чудо, до лани некако успевав да средам ама оваа година апла заглавив со испити и еве уште паметот не ми доаѓа да седнам да ги спремам. Способна сум да ги научам, ама ете, не сакам.......

    Така да од утре ќе се молам за себе, сесијава да ја пројдам со најдобар можен исход. Амин.
     
  6. RockinIt

    RockinIt Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2022
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Машки
    Може ли предлог техники за учење? Мислам дека премногу учам и читам, а сепак немам резултат.
    Смачено ми е веќе :(
     
  7. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.889
    Пол:
    Женски
    Правење концепти за разбирање, active recall(прашања, flashcards) и многу повторување.
     
    На theowndemon и RockinIt им се допаѓа ова.
  8. RockinIt

    RockinIt Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2022
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Машки
    Можеш малку подобро да ми го објасниш овој дел? Што значи тоа?
     
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.889
    Пол:
    Женски
    Тоа сам си го смислуваш ако ти одговара и зависи што учиш, мене бидејќи и таква ми е материјата што треба да се разбере, ми одговара(а и дека учам визуелно). На пример за делот што го учам факти накратко ги изнесувам и ги поврзувам со стрелки како одат причинско-последично или на пример ќе напишам што е најбитно од тој дел и од страна ги додавам кратко другите помалите работи, а после најважните работи ќе ги потцртам или заокружам. На крај на еден лист ќе добијам како мапа што ми е лесно да ја запамтам. Ако има многу нафрлани работи што треба да се запомнат, правам и кратки табели за да ги систематизирам.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.434
    Допаѓања:
    165.373
    Пол:
    Женски
    Јас на ова плус би додала color coding. Во последно време ми функционира то и е практично искрено. Го "програмирам" мозокот да мисли во боја и симбол. И ко ќе видам та боја ј тој симбол до некој збор - инстантно асоцирам со значењето.
     
    На RockinIt и Angie1432 им се допаѓа ова.
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.889
    Пол:
    Женски
    Даа, и ова помага. Мене во црно бело не ми функционира мозокот, морам да внесам бои за да памтам.
     
    На RockinIt и theowndemon им се допаѓа ова.
  12. Meoww11

    Meoww11 Активен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2022
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Kako da se zgolemi motivacijata zq ucenje? Ponekogas drasticno pagja.. za zhaaaaal a ponekogas e premnogu zgolemena, premnogu sum uporna , soveet?​
     
  13. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    271
    Јас обично си кажам, ако не научиш ќе добиеш огомен кец и ќе го поправиш чак дури во јуни.. плус кога си претставам во глава колку материјал ќе ми остане ако не научам сега… веднаш си се фатам за книгата. Плус најголема мотивација треба да ти се оценките , ако ти се сите 5ки ( ако си средно ) или 8-9-10 (факс) треба уште повеќе да ти се мотивација за се повеќе и повеќе да учиш за да одржиш континуитет во оценките.
     
  14. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.080
    Допаѓања:
    3.582
    Пол:
    Женски
    Ни јас веќе немам мотивација да учам, книга не сум фатила од почеток на ноември, а сега во оваа сесија што доаѓа треба да ги дадам последните испити.
     
  15. Евроазија

    Евроазија Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    2.377
    Пол:
    Женски
    Здраво.Многу ми се допаѓа темава,па сакам да дадам мое мислење за неа.

    Секогаш пред некој тест или поважно испрашување се трудам да ги научам лекциите,но со разбирање.За жал ги учам на памет што секое следно испрашување или тест тоа ги покажува лошите страни.Се трудам преку свои примери,табели,гроздови и запишувања на важните поими на страна да го запоставам тоа колку е можно.

    Е,сега,има предмети што навистина ме интересираат и обожавам да седам и да ги слушам предавањата, но има и предмети на кои буквално спијам.Мајка ми постојано вели дека треба максимално да се трудам за секој предмет,но,едноставно не можам кога нешто не ме привлекува.

    Same me.:D

    Не знам што ми стана но,некако во последно време(додека одевме во школо)ја изгубив мотивацијата за учење и со тоа ги запоставив и предметите што ме интересираа.Но,еден член пиша дека најпрво треба да се најде основата,причинителот на мојата ,,немотивација,, за учење.Сега на тоа работам.

    Сега ќе прочитам и некои совети од другите членови,и после тоа ќе пишам и некои забелешки.

    Прекрасна и многу корисна тема.

    Убав ден.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.