Понекогаш некои страни од едни те исти теми некако другачие испомешано ми ги отвара. Текстот е во делот каде нормално стои аватарот, аватарот негде доле и сл. И не е само еднаш, веќе неколку пати се повторува последниве неколку денови, ни рифреш на адреса не помага, ни ништо. Зошто?
Зошто не можам да ја наместам опцијата за да добивам лична порака секогаш кога некој ќе ми даде ѕвездичка? Упорно го означувам во контролен панел и зачувувам, и кога ќе влезам повторно во КП си стои ко претходно неозначено.
Кога го отворам сајтот ми стои како Lover да е уклучена ? Нејзиниот аватар и нејзиното корисничко име си стојат.
Имате проблеми кога сакам да отворам некој линк преку форумов. Многу ретко ги отвара страните. Средете се посовреме.
Зошто не се покажува точниот број на мислења ?! Мене на профил ми пишува дека имам околу 35 мислења, а кога одам на „мои мислења“ имам околу 50 ?
Кога ја отварам темата Општи прашања ми вели Немате дозвола да ја читате да ја читате оваа тема или нешто слично Сега можам да ја отворам ама имав пишувано мислење во таа тема а сега го нема
Испратив порака уште пред 2 саати, си стои во се испраќаат. Така треба, додека не ја отвори примачот или...? Да напоменам троа подолга беше поракава, тоа да не е проблем?
Има некој проблем. Ем кога ги читам мислењава, ем сега додека пишувам ми се прават такви коцкички и не ни можам да видам што пишувам. Не знам дали е замо кај мене или и кај некој друг, ама многу нервира. На други места никаде не ми се прави вака, само на форумов. И тоа по сите теми.
Се извинувам што пишувам пост врз пост, но не можам да го редактирам мислењето. Веќе не е така ко на сликата, се прочисти после некои петнаесетина минути.
И мене ми појаува некои кинески букви веќе некоку дена, ама не во мислења, туку во името на категориите
Пробував да се најавам на јузернејмот, но никако неможев. Кога ќе стиснев на најави се, ме враќаше на почеток со избришани јузернејм и пасворд. Сега направив нов, но се немам одјавено за во случај да дојде до истата случка ко минатиот.Проверував и во темата барирани корисници, иако сум немала случка да се закарам или да имам непристојно и вулгарно мислење. Сега ќе го користам ова корисничко име, но сакам да знам на што се должи тоа што ми се случуваше со старото?