Еј Speechless фала ти многу за оваа инфоармација...ја си мислев кузнај што треба да направам дека немав македонска подршка ама со твоја помош се снајдов одма
Зошто не ми е во ред четот?Морам цело време да одам рифреш на цела страна за да ми ги покаже новите коментари.А тоа пилето го слушам од време на време.Што е работата?
Имам проблем со најавувањето на форумот. Постојано ми покажува дека не ми е точна лозинката или корисничкото име, а точни се. Ниту капс лук е вклучен, ниту е на кирилица, значи се е во ред а сепак не сака да ме најави. Сега по ваш совет се уклучив со внесувањето на безбедносниот код. Како во иднина да го решам овој проблем?
не знам кај да прашам, ваљда тука ќе добијам одговор, каде се гледа кои коментари имаат лајк и од кого е лајкот???
Веднаш под мислењето (Под потписот) имаш Ова корисно мислење на **** (Името на форумџиката која го напишала мислењето) им се допаѓа на: ( Имиња на тие што им се допаѓа).
Незнам дали некој друг пријавил сличен проблем, па би ве замолила да ме известите дали е нешто до мојот комјутер или од кај вас. Ќе се најавам најнормално и после некое време самото ме исфрла и одјавува,тоа се случува постојано. Друг проблем кога одам во нови мислења не ми дава ништо,вели не се пронајдени резултати, што не е возможно.
незнам дали моето прашање ке ми го одговорите или не , ама незнам каде на друго место да го поставам ....малку сум да речеме нова на сајтов и не ми е јасно зашто во пораките ( во личните пораки ) кога ке испратам на некој порака ми стои во папката Се испракаат наместо во Испратени ? така треба или нешто не е во ред ? незнам дали пораките им стигаат на лугево со им ги пракам или не
Таму стојат се додека примачот не ја прочита твојата порака, кога ќе ја прочита пораката автоматски пораката ќе се префрли во папката Испратени пораки.
Зашто кога сакам да пратам лп на одредена форумџика ми кажува дека таа и таа не постои(бараниот корисник не постои)??
Ако немаш напишано наслов на пораката, така ти враќа дека не постои бараниот корисник. Кај мене го приметив, поради тоа ми правеше проблеми.Или мислам дека е поради тоа
мене синоќа не ми го отвараше форумот, тоест целиот портал. Едноставно од фемина ништо не сакаше. Само пишуваше problem loading page, знам дека е до овој сајт зошто се друго ми отвараше.
A мене додека бев најавена, ми се изгуби, се исклучи и после не сакаше пак да отвори Фемина . Така до прееска беше, сега еве работи А и пред некој ден исто правеше, само оваа страница не ја отвора, и плус уште има теми на кои не сака ни да појми, warning пишува
Јас дури сега разгледувајќи, забележав дека не ми се бројат мислењата Исто стојат, а треба негде над 25, 30 мислења плус да имам
Зависи каде се напишани мислењата. Бројачот на мислења во категоријата ,,Форумски игри‘‘ и ,,Кафе муабети‘‘ е исклучен. Па сигурно таму се наоѓаат мислењата.
Добро зашто неможам да пишувам во боја? стискам на бојата, ми се појавува кодот, и го пишувам текстот на потребното место ама пак ништо..најверојатно е до мене сепак..пошто не глеам некој друг да се жали, па хелп плеасе!
Не е пожелно целите мислења да бидат напишани во боја. Користи болд или подвлечено ако сакаш нешто да потенцираш,немора со бојата, ако веќе не бива
И тоа што викаш болдов ќе заврши работа ..иначе не пишувам по цели мислења во боја, само делови што сакам да ги потенцирам
ТЕМА: Декорација на масата и храната Веќе неколку дена не ми дава пристап до темава, ми вели дека е со вирус и автоматски ја блокира..Check pleaseee