И кај мене истото,еве дури сега успеав да влезам на страницата воопшто,а и да се најавам на форумов.Шо е работата?
Мене вчера четири часа не ми отвораше и денес дури сега ми отвори, после цел ден обидување. Не само форумот и страната исто.
И на мене ми се случува ова, секој ден дури. Мислев дека е до мене али чим се жалат и други, тогаш не е до мене.
На 28.04 (сабота) имаше проблем во дата-центарот каде што е колоциран нашиот сервер. Поради тоа, за дел од интернет корисниците пристапот до Фемина беше отежнат во периодот од 11:30 до 23:45. Проблемот е отстранет. Се извинуваме за непријатностите.
Некогаш кога ќе пратам мислење ми паѓа интернетот ама после брзо се враќа со рилоад, мислам дека не е до форумов туку до мојов интернет или можеби има врска со работењето на форумов.
не ми покажува ниту песна ниту видео, до фемина е прблемот или? само пакажува пример: еве го линкот ( а линкот го нема)
уфф, не верувам дека е до фемина,зошто јас пред малку објавував во темата музика. јас мислев да не е до појавата на видеото како слика,зошто имаа претходно објаснување, а за ова навистина незнам,ќе ти пише некој од уредувачкиот тим
Не се отвара Види ги сопствените теми.Кога ќе кликнам на теми само врти и ништо не отвара.Друг има ваков проблем?
Значи од сабајле, па се до сега еве, не ми се отвараше ни фемина сајтот ни форумот. Што е работава? А гледам други коментирале низ форумов во текот на целиот ден.. Инаку не е до интернетот сигурно, се друго ми отвара..
^Исто е и кај мене,цел ден не отвараше фемина,а и не е прв пат,се случува многу често се друго освен фемина да ми отвара,или евентуално ќе се отвори страната со многу чекање ама пак нема да се отвори форумот или некоја статија.
И jas вчера не можев да отворам фемина,скоро цел ден,баш прашував други форумџики и ними им отвораше а мене не
Имам едно прашање до овој форум. Не сум посетител на вашиот сајт, а прегледувајќи ја историјата забележав кориснички имиња за кои сум сигурна дека се на една личност која изминативе месеци многу често можеше да има и 24 часовен пристап до мојот лап-топ, повеќе и од мене бидејќи јас баш него ретко го користам, а таа и нема свој. Веќе нема пристап до мојот компјутер, сеедно сакам да прашам дали може нешто да се стори, на пример да го блокирате пристапот од овој компјутер до вашиот сајт? Нејзините мислења тука не ми се допаѓаат, сомнителни ми се, дури и слики од мојот компјутер се користени како аватари, а јас имам одбивност кон прекумерно користење на социјални мрежи и слично.