Само кај мене ли се појавува најдолу една трака, сина е, нешто Кардашијан пишува, секси лејдис... Кога пишувам мислење го нема, а кога разгледувам стои и многу ми боде очи. Вирус некој ќе да е. Ама како да го тргнам?
Вчера се приклучив кон форумот и навистина сум задоволна... Сакав да ве прашам кога пишувам нешто во некој форум и некој ми одговори каде ќе ми дојде како известување или нема нешто такво тука??? Благодарам однапред и се надевам некој ќе ми одговори..
Вчера една иста личност која и тем да ја отворам таа ја посетува истата пробав и тоа не е случајност на 10 теми што ги погледнав истата личност ми се појави веќе не ми се прави така само сакам да знам зошто е тоа така?
Тоа е чиста случјаност, значи дека во исто време и таа личност ја разгледува темата, нема тука што да ти е чудно.
Во Специјален поздрав ми покажува Малвер, нека проверат модераторите, зш прво, не можам да си ја отворам темата ако сакам да си поздравам некој, а второ, ќе закачиме сите по некој вирус од сите снегови, кафиња, торти, чаеви и палачинки. Фала на разбирање и пазете од кај прибирате слики.
Дузи, можеш да отвориш друга страна, ама оваа последнава не можеш, ниту пак јас, и мене протекшнот ми сигнализира. Не за друго, кај се дебелееме со јадења и чуда по темава, па и вирус некој ќе закачиме.
И јас ќе кажам дека ми појавува малвер и ми ја блокира темата-специјални поздрави. Не знам колку ќе бидам од помош, но мислам дека ќе бидам , ама инфекцијата се наоѓа во капучиното (последно или претпоследно) на Твити26, избришете го. И нареден пат кога ќе ни прави капучино, Твити да не му става солна киселина
Некој од администраторите нека го скенира сајтот, се работи за 38zu.cn malware distributor, инфициран е сајтот, што знам како што, ама си знаат како што треба да прават за да го отстранат. Гугл хром го блокира како опасен сајт а и така го пронајдов на гугл, како еден од 10-те најопасни. Првиот пат кога ми блокираше ми се отвори antimalware и ми пишуваше дека некоја слика со капучино е заразена и со прво отварање на СП, го видов капучиното на твити26 и одма ми ја затвори страната. Можеби нема да се отстрани со бришење на постот на твити,можеби "заразата" е веќе направена. k.i.m ти можеби си го испила капучиното ама не си ја измила шољата, па затоа пак кочи
Ај видете сега, погрешно капучино сум избришала Твити смени пијалок, па ти не поздравувај само со капучина :geek:
Тоа дека мене ме поздравија, м? :geek: Кај мене антивирусот е тапа, нишо не покажува, нит вирус, нит без вирус не реагира Ама затоа нешто ме зеза компјутеров :geek: