Во Контролен панел не се чита ништо. Се со некои квдаратчиња и бројки излегува, ништо не разбитам, а гледам и кај мислењава некои имиња не се читаат . Од што да е?
Ве читам цело време и од неодамна сум Ваш член, проблемот е што на работа ни го ограничија влезот во некои страници (главно форуми) па не можам да се уклучувам. Досега можев со Вашата порака за потврдено членство, која ми беше во Спам, на маилот, па преку тој линк влегував....ама сега маилот автоматски ја избриша пораката од спам и никако не можам да влезам, а навикната сум утрото да ми почнува на фемина! Имате ли некое решение? Поздрав!
Regenbogen, горе во полето за адреса наместо да пишуваш www.femina.mk, напиши forum.femina.mk и мислам дека нема да имаш проблем.
Kако да закачам слика и при тоа да ми излезе цела во оригинал каква што е. Cекогаш ми излегува преполовена .
не сликата е не е многу голема.,на форумов има постирано многу поголеми слики без проблем. сликата се постира цела само од страната мора да ја влечам надолу за да се види цела еве пример
Oceangirl, на ваков начин се прикажуваат сите слики што се вметнати од компјутер. Доколку ставаш слика директно од интернет нема да го има тоа за влечење, а повеќето слики што се постирани на форумот се директно од некоја веб страница, можеби затоа си се збунила.
Абе ко да те подреков во форумски игри цц (епа сега ќе ти објаснам) иако сликата нема врска со технички проблеми , треба да кликниш на десен клик на сликата (која што сакаш да ја спуштиш) и да го копираш нејзиниот url т.е да направиш copy на Copy image URL и тоа да го пастираш помеѓу , и друг начин да прикачиш твоја слика од твојот компјутер со помош на опцијата Прикачи фајл (долу лево под секое мислење)
Од мојот ком сакав да прикачам слика се направив како што мислам појдов Прикачи фајл прикачив додадов и на крај за да ја испратм ми вика вашата соджина има премногу симболи не знам зошто
^ Си имало посебна тема за тоа ама еве ќе ти цитирам билката што има напишано. Едниот дел го ставив во спојлер дека е објаснето како се става слика од различни пребарувачи, а ти бараш за слика од компјутер
Е баш ова го прочитав пред да ја ствам сликата и миуслам дека се непраев како што пишува ама не знам кај е проблемот зошто ми вика дека има премногу симболи
Последниве 3 дена кога се обидувам да влезам на форумов, постојано ми вели дека лозинката не ми е точна.. На секое влегување морам да праќам на e-mail за да добијам нова лозинка. Знае ли некој зошто е тоа така??
И јас го имам истиот проблем и единственото решение е секогаш да се логираш од почетната страна на Фемина, а не на страната на форумот. Така нема да ти бара нова лозинка.