Аман бе што е ова неможам да пишам мислење, отварам тема во која сакам да напишам, чекам пола саат и на крај пишува Ерорр.. што е работава
Во контролниот панел сакам да наместам секогаш кога некој ќе ми даде ѕвездичка да ми стигне лп, ама кога ќе стистам испрати, пак влагам и гледам дека е наместено пак на Не, да не ми пристигнуваат лп. Јас правам нешто грешно или што е работа?
Секако дека стигаат и дека постои опција за тоа. Истата е сместена во "прилагодувања". (Извести ме ако некој ми даде ѕвездичка:Ќе добивате лична порака секогаш кога на некој ќе му се допадне ваше мислење).
Девојчето не прашува за тоа, туку сака да каже дека откако ќе намести, односно штиклира "да", кога се врати во контролниот панел покажува повторно дека и е наместено на "не".
Имам проблем со четот. Кога некој пишува или јас кога пишувам морам да вртам надолу за да видам што е напишано, текстот заостанува
Шо се случува со форумов? Зошто секоја тема има само по 1 страна? Случајно да не се преминува на нова платформа?
Tака покажува НЕ затоа што таа опција уште не им функционира,да стига нотификација секој пат кога некој ке стисне ми се допага на вашето мислење или кога ке ве цитира. Предвидено е да функционира со новата платформа која што кој знае кога и дали воопшто ке биде спроведена.
Дури сега заприметив дека кога постирам линкови од Јутуб не ми ги покажува.ко ќе си отворам контролен панел се покажуваат а во темиве кај што ми се постирани ми ги нема.зборувам за од 15-ти септември па наваму.има други со ваков проблем??
Зошто на форумов т.е подтемиве каде што има коментирано ми излегуваат некој знаци наместо нивните наслови? Неможам да сликам,али не е прв пат...Што се дешава?
Зошто не ми се покажува вистинскиот број на мислења, на пример постирав во форумски игри и сеуште стои истиот број на мислења кај мене, а и кога ќе кликнам на моите мислења горе, последното мислење го нема (тоа во форумски игри) туку го има предпоследното. А кога ги прегледувам темите во форумски игри пишува дека јас последно имам оставено мислење? Е дури сега се изнервирав! Имам 90 мислења а ми прикажува 67!