епа во некои категории/теми мислењата не се важат.. ете конкретно во форумски игри, ама мислам дека и во други категории не се важат и јас кога одам во види ги сопствените мислења, ми покажува 489, ама овде под цветчето ми покажува 423, секаде е така, не се нервирај
Исто и кај мене е така... не дека нешто ми значи ама за 5 мислења едно ми брои, а сите беа во Кафе-муабет.
За да не се нервирате млади дами, кога се зачленувате некаде, прочитајте ги правилата. Конкретно, мислењата од Форумски игри и Кафе-муабети не се бројат.
Ц ц... еееј, и мене да ми се покажуваа овие проблеми и јас че мислев дека рипаме на новата платформа... кај мене единствена поравка е тоа што, кога ќе одам во лајкови тие што ми се дадени последни се прикажуваат како први. А порано беше обратно. Јас сум заостаната изгледа. Да не сум офтопик. Отсекогаш прашувам зошто некогаш наместе споејлер има 57875‘(&*(6&%6’6909*т6&spoiler*(&98098(&8^%754%#598&(87*5&47(&9&68^5657 итн. Имав сликано во Прашање за форумот ама не ми одговрија.
Ова прв пат ми се случува, цел ден, штом се вклучам со никот ми се лизгаат надолу постовите (сами се движат) и не можеш ни да читаш, ни ништо.. А, како гостин можев да читам...
Едвај се вклучив кога ја внесував лозинката ми викаше погрешна лозинка а сум 100% сигурна дека е таа па ја мењав преку e-mail можно е некој да ме хакнал или пак има некаков проблем
Не можам да ги читам коментарите за статиите и колумните на сајтот. Така треба? Кај сите е така или кај мене е проблемот?
Значи мене веќе ми пукна филмот од менување на пасворди . Влагај, неточен пасворт, И НЕ, ТОЧЕН Е, И 1000 ПАТИ МИ СЕ ИМА ОВА СЛУЧЕНО, Т.Е СЕКОЈ ПАТ КОГА САКАМ ДА СЕ ЛОГИРАМ. АЈ еднаш, два пати погрешно ќе внесеш МОЖЕБИ, ама секој пат сигурно НЕ. вчера истото, денес истото. Ќе надминеш број за внесуввање на пасворд, после па не сака ни со тие буквите . Па чекај си 10 саата дур ти даде да си влезеш со шифрата од емаилот, смени го пасвордот, следен пат коа се најавуваш пак пиши го ПРАВИЛНО и пак ГРЕШЕН ПАСВОРД, И СЕ У КРУГ. Епа спиздев веќе, среете си го тоа! До вас е, знам!
^ До нив е де! За да мора да искочиш на главната страна и да се логираш од таму. Од таму секогаш се логираш за друг пат да знаеш да не си ја нервираш душичката.
^ Еве сега пак, ма ти од кај сакаш влагај си, истото. Инаку јас имам нерви на КОЊ, ама ова ги премина веќе сите можни граници .
Гледајќи ги сопствените мислења забележав дека за едно мислење ми пишува дека немам право да ја шитам таа категорија. Што значи тоа? Таа категорија непостои или?
Таа категорија постои. Тоа е категоријата Скриено катче. За да ги читаш постовите треба да имаш сино цветче.