Овде е другарка на Блу и ме замоли да се логирам зашто она не може од нејзиниот компјутер, не знае зошто, кога ќе се уклучи и кликне на свои мислења или нешто друго и пишува ' Немате дозвола да го пребарувате системот ' или така нешто, а од кај мене може да се логира. ((
на мојот текст на тема исправување на коса без пегла ,направив грешка и кога сакав да редактирам воопшто го немаше тоа копче (стои само ми се допаѓа и извичник). МИнатиот пат редактирав без проблем
Ne znam zosto no nemozam da pisuvam kirilica i koga ke kliknam na soodvetnoto ikonce.Ne funkcionira i so Shift?????
зошто кога некој одговара на моето мислење...преку цитат не ми излегува дека го има тоа направено, или ако има стиснато ми се допаѓа?
Едит : Сега гледам дека се е во ред . Фс-фс како мислиш преку цитат? Ако некој стисне на твоето мислење ми се допаѓа тоа го пишува одма под мислењето, нема потреба од известување, а и можеш да провериш веднаш под твоето име во некоја тема кај што си пишала пост, десно од постот со кликнување на ѕвездичката и ќе ти излезат сите твои мислења на кои имаш лајк и од кого се лајковите . А кога некој ќе одговори веднаш под твоето мислење, не мора да значи дека тебе ти одговара, а ако сака тебе да ти се обрати може да те цитира одделувајќи дел од мислењето за кое што ти реплицира.
да да мислам баш вака како сега ти што ми цитираше мене ништо не ми излегува и не знам кога некој ќе ми пише Ч)
во темата Промена на факултетот оставив свое мислење но заборавив да цитирам едно друго мислење, стиснав на копчето X за да го избришам моето веќе постоечко мислење но тоа не се избришало и сега во таа тема еден под друг стојат моите коментари, би ве замолила тој без цитатот да го избришете. Не ми е јасно зошто не можев да го избришам претходното мислење.
денеска приметив дека на темата Не сака да правиме свадба се избришани неколку постови меѓу кои и мојот. Дали има некоја конкретна причина??
Кај мене на компјутер ми е мемориран пасвордот и само си влегувам на форумов, не се логирам. А денес неколку пати сам ме исфрли, онака читам и коа да сменам нова страна ми се појавува информација дека треба да се најавам
Nе верувам дека се избришани, туку дискусијата со Butterfly2 (ако мислиш конкретно на тие мислења) всушност се одвиваше во темата за свекрвите и снаите
Мене одеднаш престанаа да ми стигнуваат известувања за темите што ги следам (на меил) Не сум чепнала во контролен панел, стварно не знам што се случи Како да си ги вратам?
кога влегувам на фемина се е OK и ќе напишам неколку коентари и потоа не можам да коментирам и на форумов сум одлогирана а кога ќе одам во home(ваљда така е онаа почетна страница ) ме пишва дека сум логирана....
Од наша страна изгледа како сè да е во ред. Случајно да не ти пристигнуваат во Spam или Junk известувањата? Понекогаш синхронизацијата помеѓу сајтот и форумот се „губи“, па можно е да бидеш најавена на едното место, а на другото - не. За да се среди тоа, едноставно најави се повторно. Инаку, и други корисници пријавиле повремени проблеми со најавувањето/одјавувањето . Работиме на нивно отстранување.
Билке додека си тука да те прашам јас за овој проблем. Еве моментално, многу бавно ми ја отвара, а вчера на моменти ми паѓаше. Не ми е до интернетот затоа што други страни слободно си отварав само фемина ми зафркава.