А барем да добиев одговор кое правило е прекршено од моја страна или што погрешно сум направила,ако веќе ми забраниле? Не само така,забранет пристап,па ти мисли зошто и како.Барем образложение да добив,ама гледам истите не се многу заинтересирани за давање објаснување на членовите на форумот. Тоа е,ако случајно се сожали некој од оние кои се на повисока " функција " нека ми пише
Незнам дали овде да прашаам ама не ми паѓа друго место на памет...Зашто не ми стига линк за потврда на емајлот од новиот профил што си го направив? Веке поминаа еден ден ... Хелп
Незнаев каде да го поставам прашањето, се надевам дека некој ке ми помогне, неможам да закачам слика, проблем се димензиите, ширината е ок ама со висината недминува некој пиксел. Јас навистина немам претстава како да ги изменам димензиите на сликите. Помош?
Кликни десен клик на сликата, така автоматски ќе ти ја отвори во Paint. Потоа горе, има опција Resize. Кликни таму и горе наместо Percentage ќе одбереш Pixels. И ќе си пишеш колку пиксели сакаш да биде, ширината или должината. Во овој случај, ќе ја преправиш висината, ама ќе ти се смали и ширината за да биде рамномерно. Зошто нов профил? Планираш потоа да не се уклучуваш на овој или?
Кликни десен клик на сликата, така автоматски ќе ти ја отвори во Paint. Потоа горе, има опција Resize. Кликни таму и горе наместо Percentage ќе одбереш Pixels. И ќе си пишеш колку пиксели сакаш да биде, ширината или должината. Во овој случај, ќе ја преправиш висината, ама ќе ти се смали и ширината за да биде рамномерно. Ти благодарам за помошта, се снајдов некако, малку ги зезнав сликите, многу се скратија и неможев да ги вратам во првобитна состојба, ама важно се закачија невиден талент сум за технологија
Не знаев каде да пишам... Зошто кога ке ставам слика со после некое време (неколку дена) не се прикажуваат сликите?
Зошто кога ќе го уклучам форумот од странат и долу на екранот (на компјутерот) ми се покажуваат некои работи (како еротски сцени и онлајн игри)? Иритирачко е. А дури и ми кочи компјутерот, само кога го разгледувам форумот. На ниту една друга страна не ми покажува такви работи. Значи мора да е до страната, нели ?
И мене така ми се појавуваше. Земи ад блок. Не е од фемина, реклами се. Јас кога земав ад блок плус ги немаше.
Ад блок? Кај го има тоа? Извини вака, ама не сум информирана за оцие работа. Кај треба да се кликне? Ако може и копче по копче да ми кажуваш ќе биде добро
Еве линк: https://chrome.google.com/webstore/deta ... e-ntp-icon Стисни на Free и ќе ти каже останатото како треба да се прави.
Порано кога ќе постирав линк од YouTube, само ќе го копирав линкот и ќе ми го прикачеше како видео, ме разбирате мислам... Сега ми го дава вака (пример): https://www.youtube.com/watch?v=I-v3sVWT8pA Дали јас отупавев или што е работава?
Мене ми кажаа да ја тргам s на крајот од https и пак кога ќе ја тргнам не ми го дава вдеото туку само линкот. Зошто така, (линкот го ставам во URL) да не има некоја друга финта па.