Само мене ми се смени фонтот на буквите или навистина е променет? Дали дека не сум навикната не знам, ама очи болат.
Барем обиди се да и одговориш како модератор. Можеби мислела за цитатите, каде што не се покажуваат сликите, туку мора да оди до оригиналното мислење. Кога веќе си ставена модератор на форумов, не се шегувај барем во тема за технички проблеми, каде што според твоите задолженија на форумот, имаш обврска да помогнеш.
^^ Да се надоврзам, сигурно не мислела на цитатите. И мене многу постирани слики ми излегуваат само како мала сликичка со икс. Не се работи за цитатите, веројатно постирале слика чиј формат не се прифаќа или пак е направено нешто како копи-пејст, нормално дека нема да сака....
^^ Ако форумот не го прифаќа форматот, не дозволува ниту постирање на сликата, така да воопшто не закачува ништо на пораката, а со copy-paste не може да се пренесе слика на форум, еве ќе пробам да видам што би се случило...иии ништо, не се копира сликичка од компјутер, кликам paste и ништо не внесува во поракава. Затоа SomeWhere, нека каже дали кога чита како некој коментирал нечија слика која се наоѓа во цитат, не ја гледа сликата во цитираното мислење или нешто друго е проблемот?
Не во цитирано мислење, баш од тој кој ја постирал сликата си пишува Слика, а гледам дека другите ја виделе и ја коментираат
Од кога почна да ти се случува тоа и дали само на форум или и на други веб страни каде што има слики? Кој интернет пребарувач го користиш, Интернет експлорер или друг? Пробај за почеток оди во control panel па избери internet options, во general кај browsing history стисни на delete, штиклирај ги Temporary internet files и cookies i избери delete. Затвори го пребарувачот и отвори го повторно и види дали се случува пак истото. Ако не ти помогна тоа, кажи ми кој пребарувач го користиш. Мене таков проблем со сликите ми прави кога има многу бавен интернет, па не ја отвора комплетно страната. Ако користиш google chrome, оди во settings -> show advanced settings -> privacy -> content settings -> кај cookies, images и JavaScript штиклирај ја само првата опција, кај images тоа е - show all images
Значи стварно претерувате!!!!!!!! Што се случува со овој форум не знам,ама постојано ми забранувате пристап до форумпв или на компјутер или на телефон.Моментално не можам да се вклучувам преку компјутер и вакви проблеми се почесто и почесто се случуваат. Воопшто не е во ред од ваша страна! Во ред е да се случи грешка еднаш или двапати,ама да се повторува ова постојано повеќе ми изгледа како да се подебавате со мене.
И јас го имам проблемот како SomeWhere, не можам да ги видам некои слики. Некои ги гледам некои не. Што е проблемот. Значи не само од дома (и од лаптоп и од таблет), туку и од работа пример, и од мобилен. Значи од различни места исто го гледам постот, односно дека има постирано слика, други ја гледаат и ја коментираат а јас гледам само „слика“ ???
Чинам дека проблемот е во тоа што тој кој ја става сликата оди со copy image location на сликата и нејзино вметнување помеѓу ова [img][/b].Така вметната слика се задржува релативно краток период. Ако се оди со класично прикачување на слика,со прикачи фајл,па бараш која слика сакаш да ја вметнеш,го прикачуваш саканиот фајл и поставување на истиот.Така вметнатата слика останува за век и векова. Тоа е мое мислење и искуство.
И јас наидов на сличен проблем во темата-вашите цртежи. Од сликите што ги постирала Рокенролгрл, јас не ги гледам тие три слики што вели дека ги нацртала за мајка и. http://forum.femina.mk/literatura-i-umetnost/vasi-crtezi-t8273/320.html?hilit=цртежи#p2089288 Тоа што го пиша луничка погоре може да е така само ако сликите се копирани од некој сајт, но ако се прикачени од компјутер (во случајов со тие што не ги гледам од Рокенролгрл, што не верувам дека ги закачувала на сајт па од таму ги копирала, туку ги закачила од компјутер) тогаш нема потреба од ставање url и проблемот навистина е од техничка природа но еве никој од одговорните не се наоѓа да каже зошто и како. Еве ќе ставам пример, како случајот на луничка, ќе копирам слика со тоа што ќе кликнам на сликата copy и ќе направам овде paste па ќе го ставам помеѓу img, да видиме што ќе покажува и колку ќе трае. *Заклучок-не може да се копира само со copy на сликата и paste во поракава, што значи дека останува само copy image url, што е исто како кога ја отвараш сликата во нов прозор и правиш copy на адресата, од што произлегува дека тоа на луничка не е остварливо, сликата или се гледа или не се гледа. Јас мислам дека Рокенролгрл треба да ни каже дали цртежите што ги поставила а ги нацртала за мајка и се закачени од компјутер или ги има на некој сајт, а ако се од компјутер да каже кој формат и се, само така ќе го решиме проблемот.
Abeja,јас не реков да се прави обично copy-paste,туку ја копираш локацијата на сликата (copy images location ),и не е работата да се симнува од било кој сајт,значи на било која слика ако ја копираш локацијата на сликата и ја вметнуваш.Еве ќе провериме колку време ќе се гледа сликата. Спојлер А еве обично прикачување. Сигурна сум дека има некое стручно објаснување за проблемов.Јас од личен пример го имам ова приметено. Да почекаме. Мислам дека треба да поминат барем 10-на часови.
Abeja прочитај ЛП не го разбирам потполно проблемот овде ама се обидов да објаснам за сликите во темата '' Вашите Цртежи'' .. 3 слики беа прикачени од мојот компијутер а тие 3те што не ги гледа Абеја беа прикачени со URL .. значи таа неможеш да гледаш слики што се прикачени со URL како што можам да кажам од нејзиното мислење погоре .. Спојлер п.с сликите ми беа на телефон , ги пратив на емаил за да можам да ги отворам на компијутер . копирав URL и го поставив на фемина
Епа тука е проблемот (кај твоите слики), кое url си го копирала кога сликите ти биле прво на мејлот па после си ги симнала, што значи ти биле на компјутер а не биле прикачени на web сајт за да копираш url Немаме ништо против твоите цртежи, само го разрешуваме проблемот Зошто едноставно не ги симна сликите и не ги прикачи на пораката, уште се чудам кое url си го копирала, нема url ако ти биле само симнати на компјутер. Не знам дали другите ти ги гледаат тие три слики, ама ако никој не ги гледа а ти се симнати на компјутер, тогаш прикачи ги на порака. Сега пробав со моја слика од мејл, ама кога ја отвараш сликата тоа не е url, така не можеш да постираш слика во порака, затоа не се гледаат. lunicka, кај мене со опцијата copy image url и опцијата со отварање на сликата во посебен прозор па копирање на адресата исто ми ја закачуваат сликата, ама ај еве и јас ќе пробам Со copy image url Со отварање на сликата во нов прозор и копирање на адресата Само кој ќе чека 10 саати. А може и да упали, зашто сликава која ја избрав сега ми дава различна адреса. , со претходната слика тоа не беше случај. Значи зависи од сајтот и начинот на кој се прикачува сликата, затоа е најдобро сликата да се отвори во нов прозор и да се копира адресата, за да не доаѓа до проблеми. SomeWhere кажи пример на една слика која не ја гледаш на форумот, да видиме дали ја покажува кај другите, можеби не е само кај тебе проблемот.
не ми беа на компијутер туку на телефон затоа ги пратив то емаил комплицирано беше URLто што го ставив измеѓу тоа [img] за да се прикаже сликата и беше многу долго знам дека не треба вака ама најлесен начин ми беше од емаил и ме мрзеше да ја симнувам вкомпијутер и да ја уплоадирам еве пример од истите цртежи што неможеш да ги видиш едната е со URL а другата е прикачена [img]https://mail.google.com/mail/u/0/?ui=2&ik=3d6b152891&view=fimg&th=1467443f5541a443&attid=0.1&disp=inline&safe=1&attbid=ANGjdJ-062SlBNtgcgRVlN4Dq3BO-pEG5NOluGleLkz831fGsLcVy01s5m1GMQWG4LJfNVSKXM-XXSjUAFnYyixAyo5ydRqrieINPmD6X3_ZdP-py3sSTHeyD-WV2AA&ats=1402542116981&rm=1467443f5541a443&zw&sz=w1243-h471 - URL
Спојлер Работата беше да откриеме зошто некои слики не се гледаат.Моето познавање за компјутери е минимално,така да можно е да грешам. Ако сум довела некого во заблуда се извинувам.
^^ Не си довела никој во заблуда, па затоа разменуваме искуства, можеби ќе го најдеме заедно решението. Еве на пример, рокенролгрл не ги постирала сликите правилно, на мејл отворени не се постираат бидејќи тоа е хостнејм на домејнот (нема врска), не е адреса на сликата, затоа треба да ги симне па да ги прикачи од компјутер или да ги објави на веб страна кај што се објавуваат слики. А другите слики кога ги постираат треба на десен клик да одберат да им ја отвори сликата во нов прозорец и од таму да ја ископираат адресата, за да можеме сите да ги видиме и да не доаѓа до проблеми. И јас не сум голем компјутерџија, иако сметам дека имам доволни познавања од тоа што ме интересира, но може и јас да треснам некој бисер p.s. двете слики од погоре ми стојат, значи не доаѓа до имање па немање слика, што значи некои погрешно ја објавуваат сликата во пораката затоа не ги гледаме, или пак ако се објавени на некој сајт па избришани на истиот, и тогаш не се гледаат.