Се испраќаат всушност значи дека личностите до кои си ги испратила пораките сеуште не ги прочитале. Кога ќе ги прочитаат, ќе бидат преместени во Испратени пораки
Може да ми кажете кај да си ставам “календарче за бременост“ да ми искача на мислењата кога пишувам??? Или како и да се вика таа опција
Веќе 2-3 пати ми се случува кога ќе напишам мислење и ќе притиснам испрати, ме враќа на темата, а мислењето го нема. Ќе ги уклучам и сопствените мислења, и таму го нема. Зошто толку често не ми се испраќаат мислењата?
другарка ми вчера си направила акаунт и не и стигнал меил за активирање. Може некако да ни помогнете?
мислиш на потпис,она што се појавува доле под мислењето (како кај мене например ова Се ќе помине! Зарем тоа треба да биде некоја утеха? Ќе помине и радоста,ќе помине и љубовта. И животот ќе помине. Зарем надежта е во тоа дека се ке помине?!....)? Ако е тоа вака оди во контролен панел -> Профил -> Потпис а на оваа страна можеш да направиш тоа што сакаш http://daisypath.com/
Barca-girl фала на помошта. Јас мислев на онаа табела што е како календар. Ете на пример бремена сум, а на табелата покажува колку недели сум бремена, за колку време треба да се породам итн...??
Отвори го линков( http://www.femina.mk/out/?id=291c84e80b ... ath.com%2F ), направи изглед на тикерот и кога ќе завршиш, ќе одиш долу и ќе бараш ова: Го кликаш и долу во белото квадратче го копираш ова и го ставаш во потписот. Ништо друго не се чепка, само се става и готово е. Еве слика:
И кај мене се случува пошто горе кај адресата имам преведувач и автоматски си преведува.Провери и кај тебе да не е така.
Пред малку споделив едно искуство во форумот ЛИЦЕ и таман сакав нешто да корегирам, кога забележав дека постот ми го нема, мислам дека беше на темата Црнки или Акни, така некако. Не гледам логична причина зошто е избришан, верувам дека искрената препорака која ја напишав за докторката и тоа како ке помогне на мнозина. Или треба само да сликаме производи од излог илиод дома, навистина не сфаќам.
Тоа можеби зошто не си го избришала тоа s кај https: еве пример: https://www.youtube.com/watch?v=hT_nvWreIhg (без да се избрише тоа с) http://www.youtube.com/watch?v=hT_nvWreIhg (кога ќе се избрише)
Тоа е изгледа бидејќи си кликнала горе во левиот агол на стрелката и затоа ти го немало мислењето. Еве ти го инаку: lice/kako-do-cisto-lice-t1049/3720.html#p2142380 Инаку Вакво е сликичето? Две квадратчиња а на едното пишува „А“? Имате ли вакво сликиче горе во десниот агол? Ако имате кликнете на сликичето и треба ова да ви се појави. Па на стрелката до „Nope“ и после „Never translate this site“.
Зашто не ми се менува бројот на мислеља ? Може веке преку десет мислења имам нови а бројот си останува ист ...
Да,баш такво е квадратчето.И сега ако стиснам Never translate this site ќе го снема преведувачот воопшто,за сите страни или само за Фемина?