Како што беше збркана мобилната верзија и ја направи те супер, сега би било убаво да може и на таблет да се оправи работата, прегледот е исто така збркан како што беше на мобилен. @sia.bella имаш опција на таблет, input languages, пребарај. А за мобилен ја имам симнато апликацијата Македонска тастатура. А мислам дека на форумот налетав на опција за македонска подршка, некаде во поставувања чинам беше. Провери.
Дали има опција да видиш, дали пораката е прочитана од примачот? Порано имаше така опција, додека не ја прочита согоорникот стоеше во делот „се испрака“ а сега колку што знам таква пција нема?
Надгледувам една категорија, а не ми пристигнуваат никакви известувања за новите мислења. Додека СДК не знам колку пати требаше да ја тргнам од теми кои ги надгледувам и пак ми доаѓаат нотификации кој коментирал таму.
@sajonaramucaca мислам дека работата е во тоа што ни стигаат известувања за мислења кои ги напишле тие кои ги следиме. Ете мене постојано ми стигаат известувања за тие теми, а напишано ми е никаде да не ми стигаат.
^ Не е до тоа, било кој да оставеше порака во СДК, ми доаѓаше известување, не само членови кои ги следам. Веќе не, ама 10 пати требаше да прилагодувам дека не ја надгледувам таа тема за да ме разбере , не знам во што беше работата, некоја техничка пречка изгледа.
@sajonaramucaca јас си најдов решение. Само не знам дали тебе ќе ти послужи бидејќи ти сакаш да надгледуваш една категорија. Јас отидов на мојата иконка горе, па известувања, и таму прилаготете си се’. А јас пак досега само во прилагодувања се мавтав и не ми функционираше. Сега се’ е океј.
^ Го средив и тоа. Проблемот бил во тоа што кога одиш на Надгледувај ја категоријата, автоматски прилагодена опција е Известувај ме за нови теми, наместо да стои Известувај ме за нови пораки. Го наместив така и во ред е.
Сега прв пат го отварам ново-дизајнираниов форум и нешто баш не се снаоѓам! Претходно кога ќе си ја отворев првата страна, имав опција „Теми“, си ги отварав моите теми (кај што сум коменитрала) и си ги читав новите коментари. Сега каде да ги најдам тие теми?!? Претпоставувам дека сега ќе треба од почеток една по една да ги отварам моите теми и да ги ставам во „Надгледувани теми“, така?
Долу каде што е Редактирај има до него Избриши. Да ама не знам колку минути еве ова го редактирам а било напишано пред 12 мин. и уште стои избриши
@Mama25 нема кириличен фонт. Може само да го додадеш на својот компјутер, или да инсталираш апликација на телефон: Македонска тастатура.
Зошто некогаш кога ќе ставам вакво смајли: ми излегува како ѕвезда *? И како сега да пребарувам низ категориите и темите?
Ај да пробам без спејс. ** Едит: Ај фајнали гет ит. Изгледа кодот за ѕвезда е вака: : * : Па затоа кога ќе се спојат, две точки, ѕвездичка, две точки се добива ѕвезда.