Не ми доаѓа известување кога некој ќе ме тагне. На пример во темата Специјален поздрав до.. неколку пати сум тагната никакво известување не ми стигна..
Како може да се пребарува некоја тема.На старата платформа имаше опција пребарај ја темата,а тука неможам да се снајдам
И вас ли ви се случува да ве одлогира сам форумот? Саат време не сум рефреширала страна и ме одлогира, што се дешава?
Оди на иконата десно од таа што ти е отворна. Кај Членови подоле има Неодамнешна активност, клик и волаааа ги имаш сите активности на сите членови.Мислам дека на тоа си мислела.
Нови мислења го преименувавме во Непрочитани мислења, бидејќи така е покоректно. Овде напишав мало објаснување.
Има ли некој начин да видам на кого сум дала ѕвездичка? Така си се ориентирав за поздравите, да знам кого да отпоздравам Видов дека ги пишува дадените ѕвездички во неодамнешна активност, ама тука се измешани со испратените мислења и профил пораките
Ужасно непрегледно ми е да ги пребарувам моите мислења во одредени теми. Порано одев на моите мислења, и во лентата го пишував името на темата. Сега е многу лошто, па член горе треба да пишуваш, па името на темата, и од кај не ми излегуваат сите мислења, туку и еден куп друго, што не беше случај порано. Ќе ми објасни ли некој како да се снајдам?
На претходната платформа, темите во кои имавме коментирано беа обележани со ѕвездичка ми се чини. На новава платформа, доколку има наше мислење во некоја од темите, стои малечко иконче со нашиот аватар... е маката ми е што на сите теми на кои имам коментирано не ми го покажува тоа иконче, па немам ориентација каде сум оставила мислење, каде не... Чаре?
@Hipica нема чаре...И мене тоа ми смета, врска немам што сум правела. На темите на кои сме коментирале порано нема ништо. Икончињата се само за мислењата напишани на новата платформа.