Не знам ни прашањево кај да го ставам ај нема врска значи вака ... Вчера на темата Фудбалски Натпревари постирав видео ама сега го нема и пишува немате дозвола за оваа категорија ? Да не се навреди Балотели сигурно тој пратил врски да го тргнете ? а сега сериозно зошто ?
Ким јас пак како телетабис а зошто ? Не беше некое непримерно или било што да не прекршив некое правило ? пу пу далеку било ?
Една недела со ред секој ден имам проблеми со лозинката. Направено ми е директно да ми влегува, да не ме одлогира се додека сама не се одлогирам, и пред недела дена влегувам во форумот ми вика погрешна лозинка. Ми пуштија нова од фемина, и одма влегов во профил и си ја сменав си напишав моја. Наредното влегување, пак истото. Намерно се одјавив и пак се логирав, да ја пробам мојата лозинка си функционираше. Другиот ден пак се логирам, пак истото ми се случува. Еве веќе 5-6 пати пријавувам да ми пуштат нова лозинка. Хелп енибади???
Златушко додека ја пишуваш провери да не ти е приклучен Caps Lock, зошто пишуваш со големи букви и така и да ти е точно напишана не ја прифаќа, исто провери да не ја пишуваш лозинката со македонска поддршка. Мене често пати ми се случуваат и двата случаеви и се чудам, ама одма ми текнува .
Не е до Caps Lock работата и мене тоа прво ми паѓа на ум. Ама ова се случува цела недела, еве и сега бев логирана, ама не чепкав ништо на фемина неколку часови, и само ме одлогирало. И пак истото, пак си зедов нова лозинка. Да беше еднаш-два пати ај да речам моја непретпазливост, ама бидејќи е подолго време баш внимавам посебно на секоја буква.
Prvo se izvinuvam za latinica, ne saka da mi se vkluchi kirilica. I mene ist problem kako Zlatusko...nisto ne cepkam po Femina i posle nekoe vreme samo me odlogira i ja smeniv pass i pak isto
Zlatusko и Queen.S, каде се обидувате да се најавите? Директно на форумов или преку почетната страница на сајтот?
Мене пак нон стоп ме одлогирува. Кога ќе се уклучам на фемина си го пишувам корисничкото име па после лозинката и ми се појавува invalid token одам бек и сум си логирана. Зошто така?
И јас до сега не се одлогирував, во последно време вака ми прави, а дека двапати кликнувам не верувам.
Директно на форумот и еве пак ми се случи истото. Само овој пат влегов во мејлот и пробав со привремената лозинка што ми ја дадовте и влегов. Значи не ми ја регистрира мојата лозинка што ќе ја напишам. Кога ќе ми дадете лозинка, влегувам и одма пишувам моја лозинка и ми пишува "Вашиот профил е успешно ажуриран" се до следното логирање кога не ми ја прифаќа новата лозинка, а се влегува со лозинката што сте ми ја испратиле на мејл.
Pak ne saka da mi se vkluci kirilica, ne znam do sto e problemov Иначе ( сега сака сама ми се вклучи ) Иначе Билче ја не се ни одјавувам така ми е наместено.Значи ми стои додека ми е исклучен пц а кога сум вклучена а не чепкам ништо само ме одјавува веќе некое време може 1 месец има...Еве сега сменив пас исто не сакаше првин да ми го прифати, ми пишуваше вашиот профил е успешно ажуриран и после морав да се најавувам на стара лозинка...ама послеми го прифати новиот пас. Еве сега моментално на форум сум најавена а на почетна не