Па изгледа се избришани. Барем јас од телефон не ги гледам. Фали една претходна слика и мислење одоздола.
@buba4e89 Провери од компјутер. Можеби станува збор за технички пропуст од страна на телефонот, а мислењата мислам дека нема зошто да ти бидат избришани.
Како да направам кога некој ќе ми го отвори профилот да пишува "Фемина Форум - Грешка Овој член има ограничување за тоа кој може да го гледа целиот негов профил." ?
Прилагоди го во Приватност кога со глушецот ќе допреш горе кајшто е името на твојот ник од левата страна пишува Приватност,таму прилагоди да не може секој да ти го гледа профилот.
Треба да кликнеш на опцијата Само членови кои ги следам,а на Само членови,кликни на таа стрелката надолу што е и промени во Само членови кои ги следам.
Имам проблем овие денови со отварање на страната на Фемина.Кога читам низ форумот обавезно кога се враќам на почетна или кога одам во некоја категорија да читам ми пишува:This website is not available. Тоа трае неколку секунди,па се отвори страната.Мислев дека компјутерот ми е спор,ама истото се случува и кога сум на телефонот.Или можеби интернетот ми е слаб Има ли некој друг ваков проблем?
Јас.И на компјутер и на телефон и на таблет.Не се уклучува,спор е и накрај ми пишува :website is not avalible...
Јас имам проблем со емотиконите. Ќе стиснам на пр тоа што праќа кисс и кога ќе го испретам се претвотува во ѕвезда.
Вчера приметив дека имам пишано 1111 пораки. Од вечра до денес имам пишано најмалку 10, а сеуште стои 1111. Зошто ?
Не ми стигнува кога ме означуваат во одредени теми. Означена сум на една тема од повеќе членови и не ми стигнува нотификација.
Кога во едно мислење има означено повеќе од 5 членови (како што е случај во СП) тогаш нотификации им праќа само на првите пет. Така е направено за некои спамери да не направат лом од формот и на сите членови да им стигнуваат безвезе нотификации.
И јас сум со овој проблем, не ми стига нотификација за означувањето и сосема случајно приметам листајќи по темите. Не во случај кај што сме повеќемина означени тоа го разбрав, туку и сама ако ме означи некој, пример честитам роденден и ми враќа само мене, пак не ми стига, отпосле видам. А селектирано ми е секаде да ми стига известување. Што би можело да биде проблемот во овој случај?
Е така навистина не знам. Единствено што може да ми текне е да не ти е некоја буква од никот на кирилица напишана, како М, а или о? Бидејќи ако има друга членка со истото име, нејзе ќе ѝ стигне, тебе не. Како што е @Аliсe на пример. Таа е на кирилица потпишана, освен буквите l и i (бидејќи имало друга Alice, колку што знам ) Е сега просто не ми се верува ова да е проблемот, ама на друго не ми текнува.