Абе не е до него, до мене е Се зезам, ништо страшно, ќе продолжам да си ѕиркам па ако се трефнам некаде арно, ако не, значи стварно е до мене, таква ми ѕвездата
Да се пожалам дека повторно не можам да пишам во темата +/-40, ми се појавува дека има повеќе од 10.000 симболи и не ми дава да пратам пост. Се одјавив/пријавив, пробав од друг пребарувач, пробав од друг компјутер ништо, пак истото ми се појавува.
Некоја слика со преголем линк да не ставаш? Кога ќе ссе обидам да ставам нешто такво, тогаш ми дава предупредување дека ми е преголем постот. Трипати стегам на backspace на тастатурата и се е во ред после. Сега ги гледам линковите од сликите, па ако се преголеми, бирам некои со кратки линкови. Јас така го решив тој проблем
Исто и јас така правев, пиши, бриши, рестартирај, релогирај... пак ми покажуваше исто. Ама сега ги проверувам сликите, па не ми се случува тоа. Така од компјутер, од телефон не ставам слики, така што не знам да ти кажам за телефонот. P.S. друго што не кажав - ако веќе си пробала да го пратиш постот е веќе проблем, тогаш не можеш со едноставно бришење на сликата да го ставиш мислењето. Не знам зошто.
Зошто ни ја не можам да ставам постови, во труднички муабети, ми вика имам поише од 10 000 симболи, на текст од 2 реда и без слика?
Зошто веќе не добивам известување кога некој ќе постира објава во темата општи ппрашања (а, темата ја надгледувам). Инаку, со останатите теми се си е ОК, добивам известување кога некој ќе постира објава.
Следам 3 членови,но во Твои Новости ми стигаат нотификации само од една членка.Имаат и другите две пишувано мислења,активни се моментално а ништо нивно не ми покажува.Треба нешто да сменам кај мене на профил или?
Истиот проблем е и кај мене, не ми дава нотификации за личностите што ги следам??? Како да избришам од пост веќе внесен емотикон, пр.по грешка е внесено hugg ама кога одам назад да го избришам, курсорот го прескокнува и го брише само текстот (од телефон пишувам)
@Crna Dama @buba4e89 Ви излегува ѕвезда бидејќи сте пишувале повеќе кисови едноподруго. Кодот на бакнежот е : *, а на ѕвездата : * : Кога континуирано ќе ставаш бакнежи добиваш : * : * : * И затоа ќе го добиеш ова * Се надевам дека ме разбравте, но и да не сте ме разбрале, ставајте празно место по секое смајли, така ќе го одбегнете ова. Ист случај е и со овие две смајлиња мислам: и
Ќе си направиш нов тикер, само со друг наслов. На пример, златото мое има и тикерот сам ќе ти одбројува.
Треба да го избришеш стариот па да внесеш нов. Можеш да го направиш на страниците Lilypie или Daisypath.
Кога кликам на најновите, последни коментари, често ме носи страници наназад, наместо до последниот коментар..
Ааахааа! Тоа ли било Нервите ми ги кине коа така ќе ми отвори и јас се одам на последната страна. Гут. Сега знам. Фала!