Затоа што мислењата во Форумски игри и во Кафе-муабети не се бројат. Кога ќе ги отвориш пораките ти ги покажува сите мислења, а бројката е за оние мислења што се бројат.
Ако сакаш да ставиш слика што ја имаш во компјутер ќе кликнеш на Прикачи фајл и потоа ќе ја најдеш сликата во компјутер и кликаш на Open. Кога ќе ти ја прикаже сликата овде, кликаш дали да се појави на форумов во мала или голема резолуција. Кликаш на испрати одговор. Ако сакаш да ставиш слика од интернет ќе кликнеш на десниот дел од маусот и потоа на Copy image adress (ако работиш на Google Chrome или Opera) или Copy link locaton (ако си преку Mozilla). Потоа кликаш на полето што се наоѓа до тоа за смајлињата, десен клик на маусот и Paste. Кликаш на вметни и на испрати одговор.
Како што кажа @SummerGirl и јас би додала, користам Lightshot, така да кога има слика притискам на PrtSc на тастатура, ја облежувам сликата која ја сакам или оној дел од сликата која ја сакам и со Ctrl + C ја лепам на мислењето.
Јас од телефон прикачувам вака - кликам на Испрати фајл и потоа во телефонот ми се прикажуваат опциите за праќање на слики. Одбирам галерија и ја одбирам сликата. И после тоа кликам на мала или голема резолуција (кога ќе се појави овде сликата) и на испрати одговор.
Дали можам да избришам коментар што сум го напишала на некоја тема? Не знаев каде да го поставам прашањево, па се надевам не погрешив
Освен историјата и корпата што е што има избришано..Дали има некој друг начин како да се виде кога последен пат е отворен скајп на ком или што друго се работело на него..Ако има таква опција..
@one_girl Sama mojs da brisis do odredeno vreme otkako ke napises. Posle samo mojs da prijavis da ti bide izbrisano.