Ааааааааааа... Јас мислев така само, чисто да не заборави човек username на некој што му е од интерес, пошто во известувања немам ништо. Благодарам.
Понекогаш кога прикачувам фајл ми се појавува Unable to complete previous operation due to low memory.Не знам дали од форумот е нешто проблем или од телефонот.
Откако го менувавте серверот, форумов не е во ред. Напишав едно мислење, а ми се испрати како во моментот пред да направам корекции, значи не ми ги забележа исправките и после требаше да редактирам. Има некои бубачки.
Како можам да избришам стари пораки кои сум ги пишувала на форумов? И како можам да го избришам профилов?
Не знам дали е за тука прашањето.. Постои опција да не ми стигаат одговорите во надгледуваната тема на маил, само кога ќе се уклучам на форумот да ги има како нотификација дека некој коментирал? Инаку барав, ако има опција тогаш не сум побарала добро
На мобилниот ми е сочувана шифрата ама не ја знам која е а сакам да пишувам преку лаптоп. Праам дека сум ја заборавил шифрата со намера да ја сменам и стаам нова ми вика преку мејл а поим неам на кој сум се регистрирал...одамна било. Чаре?
Провери кој ти е мејлот.. Мислам имаш податоци за контакт во опции хмм Или немаш? Не знам како е, да не има само кај нас модераторите. Затоа..
Доколку не можеш да прикачиш сликата може да е преголема,премала или пак едноставно нешто не е во ред со неа. Сликата сакаш да ја прикачиш на некоја социјална мрежа или некаде во порака?
Прашањето го поставив од причина што ова се случува со секоја слика без оглед на големината. А до сега без проблем прикачував.Сакам да ја прикачам во една од темите на форумов.
Често од интернет може да се случи доколку нешто што симињаш видео или слика безразлика да е corrupted па да ти прави проблем на сите слики/видеа. Доколку сликите се во папка, премести ја сликата што сакаш да ја ставиш на десктоп и види дали ќе сака. Друга солуција ми е да исчистиш историја на броусерот. Уште да додадам проблемот може да биде и слаба интернет конекција што ќе ти прави проблем само при прикачување фајл.
И вечерва како и прексиноќа, форумов во исто време станува премногу бавен, не може да вчита ништо. Нет конекцијата ми е одлична, така да не верувам да е до тоа.
Не знам дали е за тука муабетов... ама Се зачленив со ник RainaDeCastilla, мислејќи дека се залченувам со ник ReinaDeCastilla... дали постои можност, админ, модератор да ми ја поправи таа една буква - една кула од никот? Обично по форумите постои можност самите корисници да си ги сменуваат никовите, но тука таква можност не видов...
Ќе пишам и јас после истите поплаки и од другите членови со надеж дека ќе се превземе нешто од страна на модераторите. Како да не ми стигаат е-меилови, кога веќе имам средено во опции да не ми стигнуваат? Цел меил ми е полн со фемина