Ама и на таблет е единствено место Хром кај шо користам, а читав тука ми се чини дека некои проблеми на форумот се и до пребарувачот. На лаптоп користам опера и од денот кога користам Опера сум немала проблем до последните неколку дена што имам со прикачвањето на сликите. На телефон користам Мајкрософт Еџ и таму немам никаков проблем, за чудо, па на мислењето ги прикачвам сликите од таму.
Па и не е баш технички проблем но не знам каде да го поставам прашањево. Имам друг профил и сакам тој да почнам да го користам а да прекинам да го користам овој..аарно ама на тој немам доволно привилегии да пишувам во ниту една тема....чаре ?
Од телефон скоро секогаш првото пуштање ова ми излегува, а некогаш и на сред тема дур читам ме пренасочува вака. Едино на форумов и од телефон ова ми е.
Од телефон вчера почна вака да ми дава. Ова е од Интернет пребарувачот, а од Гугл Хром се е во ред. Прашањето ми е што е проблемот?
И јас го имам истиот проблем како @buba4e89. Не можам да се уклучам од телефон од синоќа. И јас користам Гугл Хром.
@buba4e89 @SummerGirl На аdvanced кога ќе кликнеш, би требало да има опција некаде најдоле Proceed anyway. Така ми јавуваше мене на Iknow страната на уким, додека не средија. Пробај така дали ќе отвори.
И кај мене е така. Не ми ја отвораше страната додека не влегов, како што пишала Antolina, на опцијата Advanced па proceed anyway.
Јас кога ќе пишам во search на Chrome океј е и кога ќе кликнам на Фемин Форум не отвара и морам пак во search да пишам и тогаш да кликнам и отвара.А само од телефон ова ми се случува независно дали сум на Wifi или 4G.Знае некој зошто?
Пренесено е на админините уште синоќа, запознаени се со проблемот и ќе работат на случајот. Истиот проблем го имам јас и тоа само на мојот телефон и само на прелистувачот што е од телефонот.. Пробајте со опера или chrome, не би требало да имате проблем.
Ви благодарам на сите за известувањата и информациите. Проблемот се појавува поради тоа што вчера инсталиравме нов SSL (безбедносен) сертификат на форумот, со подобрени карактеристики. Веројатно одредени прелистувачи не ја прифаќаат баш најдобро промената, па доколку сѐ уште имате проблем, би ве замолил да го исчистите кешот на вашиот прелистувач (Clear cache/cookies). Алтернативно, може да се обидете да го отворите форумот во Incognito (Private) прозорец – така би требало да функционира. Инаку, безбедносниот сертификат ни овозможува да ви обезбедиме енкриптирана конекција со форумот, при што сите ваши податоци се безбедни и приватни. Тоа значи дека ниту вашиот интернет провајдер, ниту вашиот оператор, ниту пак која било трета страна не можат да следат што читате или пишувате на Фемина Форум, т.е. имате целосна приватност.
Јас пробав така како што кажа Антолина ама при секое решрефирање треба да стискам на тоа. Ќе си останам на гугл. Инаку интернет пребарувачот на телефонот нема колачиња.
Има https://www.thesslstore.com/blog/fix-ssl-connection-errors-android-phones/ Имаш на линкот објаснување како да исчистиш ќеш и колачиња.