Ете и кај мене е вака веќе 1 месец и повеќе, сликата за аватор не ми се покажува. И тоа не само на мојот профил туку на сите. Не знам во што е проблемот, пишав и на @RainBow но рече дека не регистрирале никаков проблем. Во меѓувреме го сменив и прелистувачот но ништо пак истото.
Стварно не знам како не гледаат дека има проблем.Ете,мобилната верзија на форумов понекогаш бавно се отвора и фотографии не можат да се прикачат иако се со соодветната големина. Имам проверено на повеќе уреди и проблемот е ист,а повторно напоменувам дека на Кајгана форум сè ми се отвора брзо и фотографиите се прикачуваат без проблем,што значи дека проблемов е до форумов. И десктоп верзијата често не е во ред. Со месеци се жалиме,а на никој не му текнува да провери како што треба.
Има ли некој проблем форумов или некој друг член да приметил потешкотија со отворањето страни и лајкувањето? Ми треба 100 пати да типнам за да конечно се лајкне постот или се смени страната...
Јас имам проблем со пишување од телефон на форумов, не можам да напишам една нормална реченица, се мешаат букви, зборови, не можам да се вратам наназад да избришам буква зашто после цел збор се пореметува и се брише или се дуплира...не ми е до телефонот, сигурна сум.
Претходно имав друг профил на форумов. Сношти сакав да се уклучам но никако не можев. Пробав секако дури и пробав со заборавена лозинка па да се укл. преку меилот но и така не успеав. Кога ќе го пишам моето корисничко име или меилот и пасвордот го пишувам и ми покажува дека нема корисник со такво име. Што може да е проблемот ? Дали му се случило на некого ова?
Кога сакам да прикачам слика ми укочува телефонот, а не е до мојот телефон пошо на други апликации не ми кочи. Вака веќе 2-3 дена.. Има некој со сличен проблем ко ја?
Секојдневно пишувам мислења, а бројот ко да седи ист.Прочитав дека во темите Кафе-муабети и Форумски игри не се бројат, дали е тоа се уште така и дали добиените допаѓања таму се бројат?
Пред два саати, дали кај сите имаше технички проблем? Или само кај мене настана? Ме одлогира серверот и не даваше да се приклучам еден саат
И јас имав проблем, како што ми беше отворена една тема не ми даваше да лајкувам, ни да искоментирам, ни да ја рефреширам страната. Мислев дека е до интернетот, исклучи/уклучи на нетот правев, ама безуспешно, па пробав можев да отворам други веб страни, си функционираше нормално. Па сфатив дека е до форумот нешто проблемот.