Шанса нема да избришат едно мислење, а не цела тема. Тука членки кои посветиле години на форумот и помогнале на стотици жени со совети, молеле да им се избрише мислење и не се десило, а не сега дека на некоја Миа и се присакало. Замисли тоа дно да го допрат, да ти забранат да се искажеш на форум. Ако сметале дека некаде има навреди си има модератори требало да бришат. И на двете страни им одговара оваа фама win-win.
Мене ме интересира која е таа Миа сите што ја спомнувате и што е проблемот со нејзе, стварно не сум упатена?
Колку што знам, била некоја си "инфлуенсерка" која била "оговарана" на форумов и рекла дека ќе не тужи сите и ќе го затвори форумот.
Омг, јас па се чудам викам којзнае што се десило. Една порака до Миа иако поима немам која е, чим не сака да ја 'оговараат' по форуми зошто воопшто се занимава со јавна "работа"?
Зошто не ми стигаат известувања за голем број теми кои ги следам? А некогаш не добивам известување и кога некој ќе ми цитира мислење.
Кога ќе едитираат за да го додадат твоето мислење, не ти стига известување. Исто кога едитираат за да те тагнат.. Известувања за нови мислења стигаат само за првото ново мислење.
Дали ако некој член ме блокира во news feed ќе му ги гледам мислењата или не? Зашто нешто ми е сумливо
Во прилагодувања, штиклирај ,,Уредувач за стилизирање на текст при создавање пораки", доколку сите алатки ги немаш.
Јас прашав културно, инаку од таа тема научив многу и ми помогнала во тешки моменти. Се извинувам ако навредив некого, немав лоша намера.
Па баш чудно што си научила, со оглед на тоа дека во последниве 11 години немаш ниедно мислење таму затоа те прашав.. А ти одма со жалопојки по други теми дека на дрзок начин ти одговориле...Не е дрзок, туку е само прашање како може да ти фали тема каде што не си била активна.. Одлогирај се и логирај се пак.. види дали ќе ти излезе.
Здраво, да прашам зошто имам проблеми со стариот акаунт? Секаде на секоја можна тема ми пиши немате доволно привилегии за да постирате тука, не можам ни профилната да си ја сменам ниту пак да оставам коментар на некој профил, едноставно ништо не ми дозволено до што би бил проблемот ако знај некој да ми кажи. Поради тие причини го направив овој акаунт.