Вауу каква претпоставка, Шерлок ти ли си? Мислам дека добра идеја ќе ти биди да смениш професија и да одиш за детектив, гледам ме дозна одма зошто сум тука толку години според твојата феминистичка интуиција. Бравос. Иначе не, уживај, не е ова порнхаб да манијачам или фб или инста, како би можел овде да манијачам кога сите се анонимни? Не ти држи ич вода обвинувањето и зрачиш од токсичен феминизам, само да се наоѓало рачки без причина, дај олабај малце и уживај. Тешко вас со вакво размислување, ти ја осеќам самотијата преку пораката, социјализирај се малце по среќна ќе бидиш. Еве ти да ти објаснам шо е работата, на фемина ретко се уклучвам и кога ќе се уклучам си пратам теми кои ми се допаѓаат, во многу наврати сакав да пишам на темите ама имав технички проблем со профилот, затоа има нула мислења,повеќе пати низ годините имав пријавено кај админи и ништо никаков одговор, затоа вака решив со нов акаунт да пријавам оти стварно ме интересира која е причината шо ми е профилот со рестрикции.
Fun fact ..јас и онака сум дипломиран детекрив и магистер по безбедности ептен сум среќна и социјализирана..ноу ворис За да следиш некоја тема не мора да се регистрираш.. Ете сега имаш нов ник и пишувај си и кулирај..
Мило ми е, сигурно си strong independent woman, иначе не ми изгледаше така мене ама ајде. Повеќе теми си следам и сакав да се приклучам во дискусиите,сега можам да, ама чекам уште одговор од админите зошто со тој профил не можев да постирам, онака ме интересира не дека ми менва нешто.
ЗдравоНезнам дали ова спаѓа во технички проблеми,но кога некој ке пише не ми стигнува одма и треба да отварам за да видам незнам дали треба да ми стига како што ми стигаат пораки на вибер?
Зошто ми покажува дека член кој го игнорирам има мислење некаде? Да сум сакала да гледам, немаше да го игнорирам.
Не знам дали е за тука но ќе си прашам. Каде треба да штиклирам за да не ми стигаат на емаил пораки кога некој ќе објави нешто во тема каде што сум јас коментирала?