Утрово се случи хардверски дефект на серверот каде што го хостираме форумот. Моментално се наоѓаме на алтернативен сервер, па дел од денешните напишани мислења не се достапни. Додека се обидуваме да ги вратиме недостапните содржини од денес, за жал привремено не може да се отвараат теми, ниту да се пишуваат мислења. Набрзо ќе профункционираме со 100%. Во оваа тема ќе пишувам апдејти. Благодарам за трпението.
Повторно сме целосно функционални, веќе сѐ е во најдобар ред! Сепак, како резултат на дефектот, дел од денешните мислења веројатно нема да можеме да ги вратиме назад.
најверојатно е технички проблем од два различни лаптопи истото ми се дешава деновиве. ми се губи од страна она сивоно за вртење по форумов на тиме.мк, на Фејсбук, месинџер ми стои овде ми се губи и морам со пејџ даун/ап да скролам кај мене е вака само или
Колку и да пишуваме нема да ни видат или вратат. И мене ми беше така еден два дена,па се изнервирав и го оставив. Кога тоа ми се дешаваше бев на Microsoft Edge,па се префрлив на Chrome и глеам сеа нема проблеми.
Здраво Зошто не одговарате на пораки навистина? Еден куп пораки испратив долу на 'контактирајте не' - Ништо! Не е фер... Ајде корисничко име неможе да се смени. Зошто да неможе да го избришеш профилот? Читав дека тоа може да се направи од ваша страна.. Ве замолувам да ми одговорите и излезете во пресрет @Femina @Mihajlo @RainBow
Здраво. Тоа контактирајте не,којзнае од кога не работи. За да ти се избрише профилот треба да имаш некоја лична причина.Пример,си споделила тел.број или адреса и тогаш ќе те означат со јусер12345. Фемина и Михајло нема да ти одговорат во следните 5-6 години(може и тогаш нема),а Реин е само модератор таа не може да брише профили. И да ти го избришат профилот,мислењата ќе ти останат. Чао.
Знам, знам! Па нека си останат мислењата. И да, имам причина НО подолу не пишува на 'политика за приватност' ДЕКА МОРА ДА ИМА ПРИЧИНА! Тоа што ги тагнав е мој обид допрам до нив, што се изнервира ти толку за тоа. Само прашав Чао.
Не се изнервирав,погрешно ме разбра. Само сакам да ти кажам дека тие не бришат туку така профил,туку мора да има некоја причина. А Фемина и Михајло нема да ти вратат.Реин е само модератор.