Темава ми е повеќе како за 2009-та година, кога луѓето допрва се навикнуваа на социјални мрежи и сл. А ако се анализираат негативности, не мислам дека преокупираноста со интернетот и виртуелниот свет е таа што ги отуѓи луѓето и им го намали контактот лице во лице, туку истата повеќе ја гледам како резултат на разочараност од реалниот живот, бегство од него. Значи не ги отуѓи технологијата луѓето, отуѓени си беа и затоа се фокусираа на други нешта, други занимации...
За каква отуѓеност всушност зборуваме? Тоа дека луѓето надвор гледаат во телефони наместо во дрвја и птички? Многу често претендираме да мислиме дека поранешните времиња биле многу подобри од сегашните, дека тогаш било мед и млеко, а денешниот свет е најлошата можна варијанта, или и да не е најлоштата, во никој случај не е „добра“. Притоа ги исфрламе сите позитивни страни на развојот на технологијата како лекување болести, брза и ефективна комуникација, брз транспорт и податоци од најразлични области кои ни се на дофат на рака. Ама не, се закачивме ние за комуникацијата меѓу луѓето како да сме ја имале толку многу, па сега нагло сме ја загубилe. Let it go, people, светот мора да оди напред, мора да менуваме, нема да се опстане ако се држиме до една статичка состојба. Да ве прашам сите, дали би ги замениле сите горенаведени работи за една прошетка низ град каде нема да видите ниту еден мобилен? Јас не. П.С.
Посебно кога гледам како инстаграмов ни ја уништува младинава, we gone so wrong in all this.. Знам детенцињана за да ги нахраниш мораш со телефон инаку нема да јаде, па и наша е грешката што така уште oд мали нозе ги воспитуваме..Пред некое време бев на гости, и малото сакаше да си игра, а па тетка ми пиеше кафе и му вика “на телефонов и не ме замарај“
Имам една другарка што се допишува со еден дечко на фејсбук, си лајкаат и коментираат постови, а во кафич не си викаат ни здраво. Има многу вакви. Слично и на нет муабети колку сакаш, линкови, чуда, а во живо не знаеме муабет да направиме. Зошто?
Развојот на технологијата ја наметна отуѓеноста, тоа е факт, се’ повеќе се комуницира по пат на социјални мрежи и chat-апликации, отколку во живо. За разлика од порано кога многу повеќе се излегуваше и имаше поинетнзивна дружба, сега се’ е сведено на оn line комуникација и као “немање време” за лични средби и контакти. Мислам дека ова е глобална појава, која за сега не може да се промени. Едноставно луѓето постепено се адаптираат на таквиот начин на комуникација и им станува нормално и ок.