1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Технолошка детоксикација

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од baba Rada, 10 септември 2017.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Самата на себе си префрлам...претерав...драгоцено време го трошам без потребно, не квалитетно, не продуктивно...без везе...се страмам сама од себе:?:
    Сакам да си дадам вето и еден ден, само незнам кој и која година, да започнам со технолошка детоксикација...тоа значи дека нема мобилен(на фиксен нека ме бараат ако е итно), нема компјутер, нема форум, нема, интернет....ништооооо...само вежбање, книги, крстозборки...толку!!!!!

    Зошто нема рецепт за технолошка детоксикација како што има разни диети, чистење на организмот за три дена, хроно диета, ваква и онаква....На пр.да си разменуваме мислења и чувства после неколку неделно апстинирање од се, кој колку издржал, тешко ли е, имал ли кризи, дали денот му се подобрил, видот изоштрил, психички дали е подбар итд.

    Што мислите Феминџинчиња, би се ставиле ли на технолошка диетална детоксикација!?
    Секоја диета е тешка знам;)
     
    На BabyStyle, cresa-jagoda, teteks и 15 други им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.123
    Допаѓања:
    76.421
    Пол:
    Женски
    Супер тема. (y) Ова е неопходно на секој, одвреме - навреме сосема да се оддалечи од секаква социјална мрежа, секој уред кој зрачи да го стави на off и животот и реалноста да ги стави на on. Навистина честото седење по социјални мрежи или нет не му годи на човек, забегува од реалниот свет, му се мешаат чувствата, мислите... некој можеби не го ни забележал тоа, но јас да. Се губи чувството за реалност. Не гледам причина зошто би имало криза некаква од такво апстинирање. Баш напротив, човекот ги чувствува сите благодати на она што вистинскиот живот го нуди. Колку повеќе ужива во животот, толку помалку значење ќе имаат за него социјалните мрежи. Само за зависници може да има некоја мала криза, но и тие, ако денот им е исполнет со други обврски, нема ни да помислат на интернет. На човек треба најважно да му биде да си го исполни денот со други обврски, а за нет, кога ќе има време, а не поради нет да го запоставува другото. Му препорачувам на секој да проба.
     
    На Purplelilac, BlackAndWhiteSwan, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ќе треба јас и ти да здружиме желба и сили, да се наоружаме со трпение, да си одредиме еден датум и заедно да пробаме...во тандем е боље...Мислам дека секојдневната тензија што ја имам ќе олабави...ајде, ќе пробаме ако сакаш:)
    Ко преживи причаче:rofl:се шалам:hug:
     
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.123
    Допаѓања:
    76.421
    Пол:
    Женски
    Па и не ти е лоша идејата, да собереме уште неколку со иста ваква намера и после ќе збориме како сме поминале во процесот на технолошка детоксикација. 8)
     
    На Momichka, Petra777, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Убава идеја нели, да формираме група антитехнолошки феминки, жувот без нет(кратко нека биде ама слатко)
     
    На Petra777, elimkd и Petar80 им се допаѓа ова.
  6. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.947
    Пол:
    Женски
    Ова е добра бизнис идеја, ако не во наше време, можеби во иднина, една рехабилитација од технологијата, некаде далеку изолирани каде нема мрежа. Психички мир од се.
     
    На cresa-jagoda, theowndemon, teteks и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Јас се чудам како некој отвара очи и одма Фб, Инста, Твитер... Како? Па 1 час не гледам бела мачка а не па кој што постирал.
    Можам да издржам, не сум зависна, освен на работа каде што морам.
    Периодов тоа и го планирам, ми треба одмор, имав напорен месец. За убаво беше, ама напорен.
    Уствари колку повеќе човек има слободно време, толку повеќе го троши на социјални мрежи.
    Приметувам по себе.
    И сега чао тука нели?
    :D
     
    На Purplelilac, daylight, Βικτωρία и 2 други им се допаѓа ова.
  8. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Јас почнав прво со мобилниот телефон, не го носам на работа, не го носам на вежбање и кога спијам, значи преку цела ноќ го ставам подалеку од кревет оти имав навика да го земам и да сурфам на нет кога ќе ме фатеше несоница.
    Од утре планирам тенолошко чистење на станот.
     
    На elimkd и Cka им се допаѓа ова.
  9. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    3.227
    Пол:
    Женски
    Технологијата е бегство од реалноста кое понекогаш ни е потребно. Но ние одлучуваме до која мера бегаме без да забегаме :) Секогаш настојувам да следам позитивни содржини на YouTube. На фемина пронаоѓам конструктивни мислења, ставови. Учам од многу членови да гледам од различни перспективи. Со толеранција, мир и емпатија. За мене тоа е позитивната страна на интернетот.
    А во однос на социјалните мрежи како: фб, инстаграм, твитер, тие ми се одамна деактивирани и чувството е одлично. Сум немала relapse да ги активирам повторно.
     
    На Purplelilac, parksey, blonde_supergirl и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Машки
    Јас технологијата ја користам за нешта кои би ми придонеле позитивно во животот. Работам на една веб-страна, модерирам страница на фб која ме спојува со прекрасни луѓе. Фемина ми е топ сајтче со прекрасни луѓе и позитивни нешта, инста, твитер слабо, ама фб и јутјуб највеќе. Посебно го сакам ова време кога се стемнува и во пријатен амбиент дома се изолирам од се што ме замара и четувам со луѓево нафорум.
    Исто сакам да чепкам во аудио и видео инжинеринг, фотошоп, тоа ми помага да си го олабавам мозокот од се друго... и да не ми е расипано нешто ќе му најдам маана да си го поправам дома ♥ хехехе... чистење на компјутер исто или на таблет деинсталирање не потребни програми за да го направам побрз... уживам во такви работи
     
    На parksey, blonde_supergirl и Someonespecial им се допаѓа ова.
  11. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Па одвреме на време и јас така правам, се деактивирам од Фејсбук и апстинирам од Интернет. Секоја година по неколку месеци. Ме фаќа нерва долго време да дремам на Интернет. Технолошката детоксикација е секако добра идеја за секого понекогаш.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  12. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Добра е идејата, но мислам дека 99% од помладите луѓе не би издржале.
    Одиш на кафе сите гледаат на тел, па и тебе твојот телефон те привлекува да ѕирнеш...Ти доаѓаат другари дома, па сите од време на време ѕиркаат на тел, и тебе автоматски те мамат да фрлиш поглед...Одиш на факултет а таму сите со телефоните, па и ти мора да читаш по нет.
    Каде и да се завртиш, сите одат со телефоните во раце.

    Повозрасни и сериозни луѓе што имаат обврски, работа, деца, миленици, можат лесно да го спроведат ова.
    Не се замараат со виртуаленит свет, пошто си го живеат реалниот живот и исполнето им е времето до максимум.
    Не чувствуваат потреба да лажат за својот живот, да глумат за внимание (ко членката Мама25), да измислуваат 300 работи, туку си се задоволни од тоа што го имаат покрај себе...Работа, шетање, деца, книга, хоби...
     
    На cresa-jagoda, theowndemon, MamacitaBuena и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.573
    Допаѓања:
    171.536
    Пол:
    Женски
    Јас технологијата ја користам за работа. Не можам без неа. Нема технологија - нема плата. Просто е..

    Ама кој сака детоксикација, имам едно место на 1550 метри надморска височина, 10км од првиот пат, каде што мрежа едвај фаќа телефонот, интернет нема, струја нема, вода од извор и само планина и животни... Престој, детоксикација и 3 оброци на ден за само 1400 денари...
    Може и да потпомогнете со работа, тогаш чини 900 ден:muscle:
    А да не зборам дека чист воздух има во неограничени количини, можете да јавате на коњ, да молзите крави и овци, да собирате капини, малини, шумски јагоди, печурки ... и така:D

    Е сега откако го пуштив огласов:wasntme: , да ви кажам дека некогаш си правам 2-3 дневни излети, ама и тогаш не издржувам да не побарам мрежа|(
     
    На cresa-jagoda, theowndemon, Bozica1980 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    34.118
    За ваква детоксикација, прво треба да бидеш зависен.Јас тоа не сум.
    Посетувам ЈуТуб и Фемина во слободно време, за да погледнам нешто ново, да споделам мислење. И на Фејс сум за да видам дали има нешто ново кај пријателите, и за комуникација.

    А ако некој ги занемарува обврските во реалниот живот, само за да се вклучи на Фејс или на Фемина, кои станале неговата реалност, тогаш на тој некој најтопло му препорачувам да си ги избрише сите виртуелни аватари, и да си најде живот.

    Да се соочи си себе си и со реалноста дека ништо не е совршено, дека тој не е совршен, дека не е се под контрола, дека не сите го сакаат, ниту пак мораат.
    Да се соочи со реалниот живот.
     
    На theowndemon, blonde_supergirl и Someonespecial им се допаѓа ова.
  15. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    6.428
    Пол:
    Женски
    Добра тема, за поздрав :clap:
    Јас правев технолошка детоксикација кога одев на одмор со моите. Телефон дома, само книга во близина, јок телевизори, кејф.
    Е сега си пиел добро кафе а не си сликал, јбг:lol:
    Професионално сум зависна од нет, ама моментално мислам дека една недела challenge можам да жртвувам :sun:
    I'm in :muscle:
     
    На elimkd, Purplelilac, Bitter-Sweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Никој нејќе да признае дека е зависен, исто и наркоман нема да признае...Во светот одавна има болници кои работат баш за таква технолошка детоксикација, незнам дали кај нас во Македонија има некоја усганова која се бави со оваа проблематика.
    Нејќеме да признаеме дека сме длабоко навлечени на интернетот, но од многутте разни испитувања, пратења и анализи, докажано е дека зависноста од нетов драстично се зголемува кај младите луѓе, скоро секој 8ми човек е зависник.
    Болница за лекување или за детоксикација од интернетска зависност има во Нови Сад во Србија...имаат многу пациенти кои се на групна или индивидуална терапија.
    Заборавив каде го имав прочитано ова, незнам во која специјализирана болница за лекување на оваа зависност, Кина ли беше, незнам, ај не е битно...значи, пациентите биле во соби во кои немало никакви уреди, ништо од модернава технологија и лекувањето било многу тешко, големи кризи имале пациентите, па дури имало и два смртни случаи.
    Поентата ми е дека навистина треба да си правиме, барем еднаш на два месеци еднонеделна техн.детоксикација.
    Можеме ли да издржиме:x:?::?:
     
    На elimkd, Dadusicka, Purplelilac и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.342
    Пол:
    Женски
    Тешко
     
    На parksey, cresa-jagoda, baba Rada и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.397
    Пол:
    Женски
    Моментално сум само со мобилен и форумов.Друго ништо не користам.Фејсбук,инста и другите замарачи ги откачив успешно пред 3 години.
    Можам да кажам слободно дека барем и без тие животот ми е триста посто сменет,камоли без ништо.А би пробала,ама не можам без мобилен,потреба ми е моментално.

    Под насловот Технолошка Детоксикација не подразбирам само компјутери и мобилни.Кога би го сфатила буквално,тоа би било вака некако...
    Да се преселам во колиба на планина,без било каков електричен уред,без струја за мрежа и да не зборуваме :D,да си палам оганче па да готвам и да се топлам.Тотално без било каков уред за кој треба струја.
    Е тоа е богами детокс програм.

    Се потсетив сега на една емисија неодамна што ја гледав,човек освен што живееше вака,живееше и без парите како основна потреба.Буквално без денар.Не дека немал,туку така сакаше да избега од големиот град и стресот.
    Значи штом е можно ова,се друго е лесно.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.580
    Допаѓања:
    155.737
    Пол:
    Женски
    Интересна тема. Не сум зависна зошто имам многу работи кои можам да ги правам надвор од технологијата. Пример лаптопот не ми е неколку дена приклучен, таблетот прв пат го приклучив вчера после два дена пауза, и телефнот околу четири часа го заборавив на полнач и бев недостапна. Не сум зависна. Телефонот ми служи за биење досада, за расонување, за будење. Ако јас седнам да читам - книгите ми се дигитални. Музика ако сакам да слушам - песните ми се во лаптоп. Гледам серии - на лаптоп. Аларми за наутро да не се успивам - телефон. Кога излегувам од град, ретко носам телефон, ако одам во природа ова. Сем што некогаш носам дигитален апарат за сликање. Телевизија не гледам, на домашниот компјутер не седам. Према ова, ако некој е зависен - нека оди една недела и повеќе без технологија, јас не се чувствувам како да имам потреба. Следно, наводно од Понеделник почнувам на факултет, без некој да ми јави или да прочитам на интернет - не знам кога. Книги имаме на факултетска страна, а додатни презентации во група на фејс. На еден начин невозможно е дури без малку технологија во тек на ден.
     
    На Someonespecial, cresa-jagoda и baba Rada им се допаѓа ова.
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Искрено не осеќам дека сум отруена од технологијата за да ми треба детоксикација, ниту пак мислам дека ми е зависност. Би рекла дека е потреба, јас без компјутер и интернет не можам да работам. Ама еве на пример кога одам на планина каде што пристапот до тоа ми е прилично ограничен, слободното време го пополнувам со многу други работи. И не ни ми текнува да проверам фејсбук или инстаграм.

    Јас сум среќна што живеам во ера кога со еден клик имам пристап до еден куп информации, што имам толку олеснета комуникација со луѓе од најразлични делови од светов, што можам да учам, да истражувам и да читам сè што ме интересира. Технологијата има стварно многу предности, а како ќе ја користите и каков ефект ќе има врз вашиот живот - тоа само од вас зависи. И сите имаме избор - дали технологијата ќе ја користиме за нешто продуктивно, или ете во случајов за бесцелно губење време на социјални мрежи.
     
    На Someonespecial, MamacitaBuena, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.