Се тоа ок ама зошто да се враќаме во 1917та кога сме веќе 2017та? Нема потреба. Време е на технолошки напредок, животот ни е олеснет ради оваа технологија. Зошто да се одрекуваме од неа кога ни е потребна? Ај ако не со писма да комуницираме за да ни успее детоксикацијава. Шо знам, не осеќам потреба да се одречам од модерниве гаџети. Никогаш не сум се одрекувала од она што ми треба зашто мнозинството рекло дека е лошо. Се додека времето што го поминувам на интернет јас лично не го сметам за изгубено немам потреба да го оставам телефонот настрана.
Никој не спомна да се враќаме во минатото и на сите ни е премногу јасно од бенефитите на модерната технологија...Говориме за темната нејзина страна, за негативностите и опасноста по здравјето на лугето. Собите ни се преполни со разни апарати, рутери, мутери, триста штетни апарати кои бадијала не ги викаат "тивки убици на денешницата" Несониците, секојдневните главоболки, болки во уши, раздражливост, хроничен умор и уште многу други болести се последици од таа WI-Fi технологија, од тие електромагнетни бранови... Затоа и ми е темата, треба да направиме детоксикација, треба да се обидуваме што помалку да ги користиме мобилните( имаме фиксни телефони), да не ги чуваме на перница до нас, рутерите да не ни бидат во соби каде што спиеме...Бремените жени треба посебно да внимаваат со мобилните телефони да не ги ставаат блиску до стомак..и др. работи за кои сигурна сум дека знате оти штетат, но не сакате да се ослободите од нивната "корисна примена".
А да не зборуваме колку само не знаат едно писмо да адресираат тоа е друга работа. Го занемари најбитното, технологијата не прави многу поглупави
Дали нѐ прави попаметни или поглупави, зависи од тоа на кој начин секој еден ја користи И самиот Интернет е широк поим, кој не подразбира само чекирање, селфиа и животински филтри на снепчет – туку и безброј информации, секаква наука и уметност на дланка, проширување на видиците. А технологија е и Киндл што е наменет исклучиво за книги, и фотоапаратот со кој некој и на планина за своја душа ќе фати некој момент...
Интернетот е изобилие на информации, тоа дополнително ја отежнува потребата од добивање на квалитетни информации. Ни киндл ни миндл не може да го замени мирисот на лисјата на книгата, ниту па постои таков фотоапарат кој ќе го замени моментот, окото и мозокот перфектно ќе ја процесира таа убавина, а не обична високо квалитетна слика.. ама пусто млади, џабе зборови кога веќе технологијата им е во днк
Taka e e@elimkd no ne se soglasuvam za fotoaparatite konkretno. Zamisli na starost (koga ke zaboravime sto sme videle togas) ke se potsetime na nekoi ubavi preziveani momenti koi gi ulovil aparatot. Moze duri i da go pottikne sekjavanjeto.
Да, за книгите и јас сум сентиментална и секогаш ќе ми е попријатно со печатена книга, но на интернет за симнување има многу поширок избор. За фотографирањето дека воопшто не е потребно, како љубител на фотографијата ич не се согласувам, ама добро Поентата ми беше, не можеш да кажеш дека овие аспекти од технологијата нѐ оглупавуваат
Мирисот можеш да го доловиш и со затворени очи, потребно е само да се вратиш во минатото и да го одмотуваш филмот...додека ти прелистуваш на мобилниот кој има милион слики, се губи ефектот....содржина на книга од милијаррда страници е стално недочитана и не занимлива...се надевам дека ме разбра душо. Убаво порано си имаше албуми, по една слика од секој роденден, од еден клас, обично се сликавме на крај на школска година..е тоа е интересното а не една слика во сто пози, нема мирис, нема чувства..ништо нема...
Ете за мене ке си признам дека ме отупеа, немој да се смееш...пред да излезат мобилните телефони знаев куп броеви на памет, поубаво пишував, а сега мозокот не ми работи, одма бројот го имам, мозокот не го употребувам(зборам за оваа работа, значи намалуваме вежбање на мождани вијуги), рачно освен потпис ништо не пишувам, некои одговори одма ги пронаогам на нет наместо да се потрудам малку и ред др. работи.
Метафорички е кажано мирисот, ја сигурно нема страна по страна да ја мирисам и да испуштам воздишки, друго е чувството книга в рака, друго е да читаш од екран, исто ко да читам колумна, сакам да ја имам во реално издание, да си ја потполнам скромната библиотека @Someonespecial јас не сум против фотографија, споделувам кај ќе стигнам, ама самата фотографија перфектно ми е меморирана во главата, а сликата е само успомен.
Колку побрзо сфатите дека технологијата е дел од секојдневниот живот на денешниот човек, толку полесно ќе ви биде на душата. Само колку членови од форумов, па и лично ваши пријатели и познаници, работат на интернет. Од тоа леб вадат и семејство гледаат. Колку луѓе се слушаат и се гледаат секој ден на камера од Америка до Кочани. Колку студенти спремаат испити и полагаат на интернет. Има тоооооолку многу информации, онлајн книги, збирки, крстозбори, курсеви на интернет што колку повеќе ги користиш можеш само нови и корисни информации да добиеш... А некој ако седи по цел ден да игра игри и да гледа порничи, нормално ќе отупи.
Јас не се врзувам за предмети, книги не читам поради мирис, туку поради нивната содржина. И супер ми е што имам пристап до буквално секоја книга која ќе ја посакам, не прелистувам на мобилниот туку имам Киндл за таа намена. Посетените места ги доживувам со сите сетила, допирам, гледам, пробувам и мирисам, и фотографирам. Тоа се неспоредливи работи.
Зошто не го пратиш моабетот, никој не рече дека се противиме за модернава технологија, но ФАКТ е дека мораме да се заштитиме од нивното штетно влијание, ЗА ТОА И ГОВОРАМ....па погледни ги децана, мобилни во џепови(знаеме дека е штетно да се носат во близина на тело), цел ден гледаат во нив( потоа слаб им бил видот)..идр...
Секој полнолетен човек си е свесен за себе колку му е доста и колку му штети нештото. А за децата треба секој родител да си превземе одговорнотост за сопственото дете...Ако некој родител смета дека детето губи многу време со телефонот, тогаш нека му забрани на некој период. Значи секој себе се штити и своето семејство, а не може ние на форумов да превземеме нешто за непознати лица да ги заштитиме.
Прво викаш факт е дека треба да се заштитиме, откако ти вратив дека секој за себе и своите најблиски си гледа како да се заштити, викаш: Кој бара некого од форумов да заштитува. Едно исто во круг се врти.
Не е темата достапна само за да се покаже технологијата целосно во најлошо светло, има и различни ставови. Јас еве не си префрлам за количината и начинот на потрошено време на серии/симнати книги/интересни или едукативни видеа/фотографии што си ги уредувам и развивам уметничко око, не сметам дека социјалните мрежи и форумов како што ги користам ме оглупавуваат и користењето технологија не ми пречи во тоа да знам дека „животот надвор е поубав“. Секој со своето чувство и мислење А и убаво кажаа некои членки дека колку и да сакаш да се оттргнеш, интернетот е неизбежно поврзан веќе со секоја професија, факултетот, било каков тип обврски. А, и да - Ова не ми се верува... Сигурно преувеличуваш, како и низ цела тема.
Нема потреба ништо да преувеличувам, зошто мораше само незнам да искористиш и да брецнеш со употреба на зборот СИГУРНО !? Ете, грешка си, реков дека сум прочитала ...не е битно, свашта пишува и многу податоци не треба да ги земаме здраво за готово.
Кој не знае и тоа може да го научи на интернет. Мада тоа го учевме уште на училиште кога праќавме писмо до непознато другарче.