Spoiler Барав ваква тема и не најдов, ако мислите дека е вишок кантата не и бега Да не дрдорам многу еве ја страната http://ttfv.uklo.edu.mk/ Какво е вашето искуство таму ? Има клети професори ? Тешко е ? Многу негодувања имаше меѓу луѓето кога им кажав дека планирам да студирам овде, факултетот бил без преспектива Кое е вашето мислење ? Ќе останиме без работа ?
Не студирам овде, а искрено не ни знаев дека постои факултетов. Едно ќе ти кажам, прво никој не може сигурно да знае дали ќе имаш или не работа, ако ова ти било желба тогаш со среќа нека ти е, со лесно да си го завршиш факултетот. А второ, јас лично мислам дека ќе имаш работа. Се повеќе луѓе се свестуваат дека се трујат со лоша храна, а и се повеќе болни успеваат да се излечат со правилна исхрана така да драга, засукај ракави и учи, јас мислам дека супер си одбрала. Луѓето мораат да јадат за да преживеат, а кој не сака место да се труе со апчиња да биде здрав само преку храната?!
И јас се запишав на овој смер и сметам дека донесов правилна одлука.Факултетот не е многу популарен,но како што слушнав професорите биле супер,а материјалот бил лесно совладлив. Во врска со смерот,мислам дека оваа гранка во иднина повеќе ќе се развива,па ќе имаме и поголема шанса за наоѓање работа.
Нутриционисти на пазарот нема.Разбирам дека ќе има негодувања дека дошло од западот ова, ама навистина се потребни.Очајно потребни. Моментално актуелни и популарни во Македонија се Цаци и Тања. За Тања незнам , а за Цаци знам само редици се чекаат а типката нема ни диплома, односно дека завршила некој курс а по професија е гинеколог. Не само за приватни потреби, нутриционистите се потребни во секоја гранка. Би требало во најмала рака да ги има во секоја болница. Не сум баш песимистички насочена во врска со наоѓање работа. Ќе најдам, се надевам тука.Се надевам дека дипломата ќе вреди нешто , и дека нема секој втор да добива лиценца само со курс.
Ај кажете како е на факултетов, бидејќи и јас планирам да се запишам тука, ама некако ми е страв од хемијата, оти врска си немам од хемија... да ми кажете ако може со хемијата како ви оди..
Хемија имаш Општа и Органска , ако имаш знаење од средно супер, ако не ке мораш да се потрудиш , бидејки проф не пушта баш онака лесно, сака да се научи убаво, ама мислам дека се совладува убаво објаснува проф и убава е скриптата која година си ?
Има повеќе хемии не само Општа и Органска.Понатаму има и Биохемија 1, Биохемија 2, Аналитички и инструментални методи. Не е многу страшно и јас средно не учев ни хемија, ни анатомија, физиологија и сите други што се медицински предмети. Мислам дека е добар факултетот и нема да си само Нутриционист туку и Технолог. Треба само да си поупорна затоа што по прва година на многу им се гледа тежок факултетот и се откажуваат. Се надевам ти помогнав
Девојки и јас сакам да се запишам на фак за нутриционизам само ме интересира нешто.Јас сум од Битола,како што читам има и во Битола факултет ,ама за полагање ке треба Велес ли да одам?Сакам да се запишам како вонреден студент,бидејки сум со мало дете дома,колку чини вонредно,ве молам ако сакате пишете повеке информации за овај факултет.Ви благодарам однапред
Здраво, Фроги, Технолошко технички факултет со седиште во Велес, има дисперзирани студии во Битола, со тоа што предавањата полагањата и се останато се случува во Битола, што значи нема потреба во Велес да се оди. Пред се проф доаѓаат навреме , известуваат на огласна табла, нема нередовности. Инаку од пред 2 год вонредните плаќаат по200 евра додека редовните 100евра. Мислам дека ако сакаш ке можиш и како редовна да се запишеш некогаш ако имаш време ке одиш.. Така имаат направено мн студенти. Поздрав, ако ти треба неш пиши
И јас планирам да се запишам на нутриционизам само прееееемногу ме плаши хемијата.зато што ни х незнам од хемија.а не верувам ни дека ке научам некогаш хахаха.Па што мислите може да се помине некако или ич да не се запишувам.хахаха
мислам дека доколку имаш желба да се запишеш на тој факултет ,ништо не треба да ти е страшно, хемија како хемија на сите му е тешка но се совладува со доволно учење, а баш кај таа проф по хемија лесно не се врви ..
А колку год се учи и колку предмети има?дали лесно се совладува материјалот?За во Битола ме интересира
И јас сакам да се запишам на овај факултет, само едно нешто ме мачи, тоа што јас учев гимназија и незнам на пример ако предметите што се изучуваат материјалот во нив ако е како за стручните на пример како во медицинско што учат со многу термини и сега од медицинско што ќе се запишат на овај факултет ќе им биди веќе познато,а ние со гимназија ги учевме општите работи по хемија,биологија.... и можно е да ми биди мн тешко од почеток но секој почеток е така? одлична ученичка сум и се надевам дека ќе можам да се снајдам и навреме да го совладам материјалот. Некое ваше мислење, видов дека има на темава некои што веќе учат на овај факултет и ме интереси средно каде учевте? Дали е лесно (знам дека секаде треба учење, и ниш не е лесно ако не се учи континуирано,но сепак ме интереси некое мислење?) Многу би ми помогнале Вашите совети? И потребна ми е малку подршка
Сега ќе бидам втора година и искрено мислев дека ќе биде многу потешко.Точно е дека со хемијата има најмногу мака,ама сепак се совладува.Сега за сега сум задоволна,па ќе видиме понатаму Професорите мене ми се ОК,добро предаваат и помагаат при материјалот за колоквиум,нема изостаноци од нивна страна,а ако има се надополнуваат секако.Единствено лабараториските вежби не ми се добри,бидејќи ги нема во доволен број и не се активираат студентите доволно.
Има резултати од смеров ? Братучеда ми е запишана таму, па сакав да проверам дали е влезена. Може некој да ми помогне ?