Па изгледа така нешто, јас само запаметив дека професорот Драган рече дека од него прв час ќе имаме во понеделник ама не кажаа дека утре и во петок ќе немаме настава, и стварно се многу неорганизирани, во велес им рекле дека ќе почнат со настава од денеска во 8 и 30 мислам. А ние цела недела ќе касниме.
Де4ки на интернет пишува дека е објавен распоредот само што нормално на страната го нема, па ај некој ако отишол до факултетот да го каже распоредот барем за во понеделник да знам од колку саат по4нуваме во Битола...
Еве го распоредот и за 1 година во Битола Спојлер http://www.ttfv.uklo.edu.mk/makedonka/NPB1.pdf Напомена : Спојлер Се известуваат студентите од прва година дека предавањата по предметот Општа хемија ќе се одржат во петок (27.09.2013) во 09.30 часот.(само за оваа недела) Ајде со среќа нека ни е од Понеделник!
Не е за втор,значи на страната на факс сега го објавија овој распоред и денес имавме настава според овој точно во 9ч со проф. Драган, значи овој е прв семестар а за втор ќе не известат има време
Имаше денес час по Хемија од 9 и 30,баш професорката беше зачудена,воопшто немаше студенти на предавање,сигурно не прочитале дека часот од вторникот се одржа денес.Јас денес прв пат бев на факс,На општа Хемија ,и професорката бара редовност.Што е со другите професори,вие што сте биле на другите предавања во текот на неделата?
Професорот Драган не пушта список, информатика еднаш пушти еднаш заборави, а хемија и англиски изгледа редовно ќе пуштаат список, тој по суровини дури и не про4ита... ќе видиме како ќе биде натаму мене сега за сега добри ми се професорите... а за биологија исто мислам дека асистентката пушти список ама не се сеќавам то4но...
Некоја за помош од Велес, Кичево па и од Битола што веќе имат завршено 1 година нутриционизам а пак и можи и од прва година некоја од Велес или Кичево прашање за нешто околу колоквиумот.
Гледам се околу проф.Драган се врти.Не го знам,туку сакав да ве прашам како ви оди,имавте полагања,испити,колоквиуми,што и да е?
Гледам оваа година повеќе нутриционисти..ако ако нека се множат проф.Драган уште предава во Велес? Пошто знам други асистентки имаше..
Здраво феминки Јас сакам да се запишам вонредно на овој фах во Велес Како прво дали е можно вонредно да се запишам и ако знае некоја од вас нека ми пише како се професорите колку испити има во 1 година дали може на колоквиуми да се полага ?ај малку поопширно ве мооолам
^Секако дека е можно вонредно да се запишеш,200 евра од семестар плус трошоци. Прва година имаш 6 предмети 1 семестар,5 предмети 2 семестар.Испитни сесии во јануари и јуни,и вонредни сесии ноември и април. Како што гледам можеш и колоквијално да си ги полагаш,колоквиумски недели имаш најчесто крај на октомври и крај на декември.За професорите,како што знам не се лоши,ама прави семинарски ако сакаш поголема оцена и сл. Еве види нешто подетално,на страната на факултетот има се. www.ttfv.uklo.edu.mk Поздрав
Едно прашање до колешките од "погорните" години. Ме интересира проф. Драган Дамјановски дали на испит ги дава истите прашања од колоквиум? (ако не ти е положен само вториот колоквиум) бидејки прашањата за колоквиумите беа истите од порано. Па дали има други прашања за на колоквиум кога ќе полагаш само за пола материјал?
Здраво, Дали знаете што се случува со вебсајтот на овој вакултет не можам да го отворам а сакам да се информирам со предметите кој ги има итн. дали може некој што му отвара да ми ги копира Благодарам однапред
Некој спомна дека на 24ти по4нуваат предавањата во битола, оти тогаш завршува сесијата (испитната) Еве ќе ти кажам јас кои предмети се у4ат: 1 семестар: Општа хемија, Вовед во прехрамбена и биотехнологија, Суровини во прехрамбената индустрија, Основи на компјутерско работење, Англиски јазик 1, Биологија. 2 Семестар: Англиски јазик 2, Математика, Интернет и мултимедија, Органска хемија, Вовед во професијата нутриционизам. 3 семестар: Познавање на исхраната 1, Прехрамбена микробиологија, Биохемија 1, Одбрани поглавја од анатомија на човекот, и изборни имаш два (англиски јазик 3, и храна и култура) од кои треба да одбериш еден. 4 семестар: Основи на технолошки операции, Познавање н аисхраната 2, Биохемија 2, Основи на физиологија на човекот, и пак имаш два изборни од кои треба да избериш еден ( англиски јазик 4, итехнологија на води и отпадни води) 5 семестар: Имунологија за нутриционисти, Нова храна, и сега имаш 4 изборни од кои треба да одбериш 3 (Инструментални и аналитички методи во исхраната, Угоеност и недохранетост, Моделирање и оптимизирање во нутриционизмот, Исхрана на жени, спортисти и стари луѓе) 6 семестар: Основи на диетотерапија, Технологија на храна од неживотинско потекло, аналитика на храната, Процеси на подготовка на храната, и имаш два изборни од кои треба да избериш еден (Пробиотици и стартер култури, Квалитет и безбедност на храна) 7 семестар: Законски прописи од областа на храната, загадувачи во прехрамбената индустрија, Биостатистика, и 4 изборни од кои треба да избериш 3 (Претприемништво и мал бизнис, Маркетинг на прехрамбени производи, Етика, Деловно и професионално комуницирање) 8 семестар: Технологија на храна од животинско потекло, и 2 изборни да избериш еден (Основи на токсикологија, Сензорна анализа на храната), е во последниот семестар имас и дипломски труд, а инаку во секоја парен семестар значи преку летото имаш и стручна пракса, тоа на сите факултети го има Јас однапред се извинувам ако имам некоја грешка, кога ќе ја поправат страната ќе си видеш поубаво
Девојки ај ако некој го има симнато или видено распоредот на испитната сесија нека ми го пиши тука,мене сеуште не ми ја отвара страната и не можам да видам кога се полагањата..