Девојки, да не знаете некоја кога ни се запишувањата годинава? Барав на страната на факултетов уште ништо нема или јас неможам да најдам незнам
Малку каснам,ама мислам дека запишувања на семестар ќе бидат после сесијата,бидејќи и јас не видов ништо објавено.Ова за 2,3,4 година.За прва имаше објавено
Знам дека имаше за прва, и затоа мислев дека има и за другиве години нешто објавено (поточно за втора ме интересираше) Сепак, фала Мароса на одговорот. Јас во меѓувреме прашав на студенски ми рече истово ти што го кажа после сесијата, најверојатно крајов на септември од 15ти натака, конкретно незнаеше и таа да ми каже, ќе имало објавено и на страната, и на факултет
Не знам зошто толку се зборува дека со овој факултет не може да се просперира. Ич не сакам кога луѓето така донесуваат некои груби безвезални заклучоци за нешто без притоа да увидат колку навистина се барани и овие професии. Имено, имам пријател запишан таму и од него имам чуено многу пофални зборови. Патем вели дека било многу интересно.
^Баш мислам дека со овај факултет може да се просперира, нутриционистиве се потребни во повеќе области, (на дипломата ќе ни гласи дипломирани инжинери технолози - нутриционисти) што значи мултидисциплинарна гранка е, така да ќе може полсено да се најде работа. Може да се работи во училишта, градинки, во прехрамбената индустрија, во здравствени установи, во спортски клубови, а може и сами да си отвориме приватна ординација. Нутриционизмов не е само за диети за слабеење да се напишат, како што мислат некои коишто се недовлно запознаени и само ете така како што велиш донесуваат безвезални заклучоци, туку изучуваме и за унапредување на здравјето, превенција и лекување на болестите со храната, наместо со лекови. Јас имам средно фармација и имам стажирано во аптека, така да сум запознаена и со тоа што буквално луѓево се трујат со лекови излегуваат од аптека со по две кеси преполни лекови, и ми паѓа мака, затоа и се одлучив за овај факултет за да научам како со храната да се лекуваат болестите итн. затоа што човекот е она што го јаде. Сепак тоа е така затоа што сеуште и не е развиена толку оваа гранка тука, но мислам дека за некоја година и тоа како ќе се бараат нутриционисти, ако не па на крај краева факултетов признат е и надвор од државава така да барем во странство со Нутриционизам мислам дека многу би просперирале. И имам една прашање до тие што се на овај факултет дали ова важи за II,III,IV година? Нели треба зимски семстар да биде? Или најверојатно имаат грешка направено А ако почнуваме на 22 тогаш треба да запишиме семстар, а нема ништо објавено, дали имате некоја информација кога се упишува?
И јас уште не можам да дознаам кога е уписот на семестар( ама мора да е наредната недела оти од 22 по4нуваме со настава) , инаку да треба да пишува зимски семестар ама зимски-летен то му доѓе исто на македонски
Ќе објават датуми за запишување семестар,штом почнуваме со предавања на 22,најверојатно следната недела ќе биде.
Мене ме интересира нешто и сакам да се консултирам со некој што има познавање за техничко-технолошкиот факултет. Јас сум 3 година и сакам да питам дали е тоа факултет во кој има повеке смерови мислам дали под тоа спага нешто друго бидејки читам дека има и нутриционизам дали само нутриционизам спага во техничко технолошки или има и некој други
Вака значи, на Технолошко-технички факултет - Велес за додипломски студии имаш два смера а тоа се нутриционизам, и прехрамбена технологија и биотехнологија.
Здраво, сакам да прашам дали некоја од вас има повеќе информации за нутриционизам, (дисперзирани студии во Битола), колку год. е, дали може( и каде ) да се работи (освен приватно), тешко, лесно и некои такви побитни информации. Фала ви однапред )))))
Здраво ме интересира, да ми кажете поконкретно (тие што го студирате смерот во Велес) прва година какви се предметите и професорите, ме интересира конкретно за: 1.Вовед во прехрамбена технологија и биотехнологија 2.Вовед во професија нутриционизам 3.Органска хемија и како стручна пракса што се подразбира (конкретен предмет е запишан во листата) ве молам итно е пишете побрзо на темава или во инбокс. поздрав
Девојкии и јас сакам да си запишам на овој факултет. Имам завршено гимназија и поради тоа ми е страв од таа пуста хемија, што да правам?
Има ли некој што е запишан на овој факултет? Јас многу се плашам од хемијата зашто не ми одеше многу во средно, ако некој студира да ми објасни подетално како оди ова..и треба ли да си одличен сите 4години или примаат и многу добри?
Јас сум запишана на овој факултет, колку што знам (или барем во мојот град) секогаш има место за плус студенти така да и со многу добра верувам би те примиле. За хемијата - си е еден од потешките предмети ама професорката е срце да не речам, многу убаво објаснува и мене не ми одеше ама ги сфаќам работите е сега има задачи потешки, се' на се' се совладува секако ако седниш и да учиш дома.