Еее, браво @Prijatelot ,се гледаме на журче... што ќе ми го потроши цел буџет и волјата за живот следниот ден... Ама ако, рејв оннн
Се гледаме на журче како и да е али ова со волјава за живот следен ден нешто не ми штима. Убава енергија ќе има, а и добар афтер ... така да нема да имаш мака, ќе те средиме.
Мислев дека транс журките изумреа пред десетина години. Читајќи ве, претпоставувам сте помлади генерации од мене. Јас излегував од 17 години па некаде до 22 и веќе журките изгубија од својот драж. Се' помалку се играше, а се' повеќе стоеја како закотвени новите "фаци", плус облечени неприкладно како за журка од тој тип. И престанав да одам, не ми беше ќеиф. Последен пат на журка со старото друштво, отидовме 2010-та во Колосеум на Etnica. Во Капан Ан никогаш на журка не сум била, во мое време почнавме по журки во Планет Макс, па откако го затворија журките најчесто беа во Метропол (и тој се затвори), Мкц, на Саем, и чат-пат во некоја од дискотеките. Тогаш резидент дј-и углавном беа Дани и Навигатор, па почнаа после нив да искачаат млади диџеи на кои искрено не се ни сеќавам. Уште си чувам една кесичка пооолна со флаери на сите журки што сум била, викенд не се пропушташе Се делат ли сеуште флаери како порано? Ќе ги сликнам некој ден и ќе ви ги покажам
Одамна умре тоа добро време на трансот каде на журка немаше кој не играше А и мали деца -18 ретко се гледаа, ма да и јас кога почнав да одам бев дете 15 години Мене искрено најдобрите журчиња од тоа време ми беа во богомила Ах тоа Богомилско движењеее ми остана во срце убави спомени
хахах, незнам зошто ама никогаш немаше да помислам дека на форумов би имало тема за транс, браво за blueeparadise.. слушам транс па негде од 7-8мо одд. а почнав да одам на журки негде кога бев 1ва за 2ра година средно, од тогаш па се до сега еднаш месечно сигурно сум присутна на журка..би сакала да сум на секоја ама неможам од битола сум и далеку ми е скопје, патот многу ме измачува..тука кај нас ни една транс журка нема, освен некоја приватно ако не се напрај и тоа еднаш годишно се случва сакам да одам на Psy-Fi мноооооооогу, ќе ми се оствари некогаш i hope so )))) на белиот рај ми е нај нај еве сега дома си тажам оти не сум вечерва баш таму ама неможев.. еве и од мене едно поздравче, се гледаме на журка хаха <3 ))))))
Електронската музика одамна изумре во Македонија. Фала богу. Најголемиот олош, шљам, курви, момци и девојки без компас во животот се собираа на тие електронски журки. Што е најтрагично најголем дел од тие луѓе што одеа на електронски журки редовно си одеа и на турбо-фолк журки. Типични хипстер проливи. Но, за разлика од електронските журки турбо фолкот секогаш привлекувал снажни и здрави момци желни за добра риба и алкохол. Мене многу ми е драго што последниов период гледам многу деца што наместо дискотека и дрога одбираат теретани, спорт, работа, образование...
@blueeparadise имајќи предвид дека темава е твоја т.е. ти ја отвори, те замолувам да јасно да дадеш до знаење која е нејзината цел. Јас мислам дека групава е сознадена за сите оние кои ја сакаат и почитуваат техно и транс музиката, за раскажувања кој како си поминал на некоја журка и секако за постирање убави и квалитетни траки. А не за некој тука да не навредува сите НАС кои ја сакаме таа музика и ги посетуваме тие журки.
Ако веќе генерализираме кој каде оди, зошто да не почнам јас да кажувам каква раја оди по турбо фолк/журки со комерцијална музика? Не знам ти дали си бил на техно/транс журка па од таму овие заклучоци, но јас сум била по повод родендени, и други прилики на другиве и секогаш тие снажни момци што се дојдени по добра риба и алкохол се имаат патосирано од алкохол, се имаат степано рандом меѓу себе (еднаш сите тие јаки момци ја превртеа цела маса врз мене, и тие паднаа врз мене, пошто нели крвта врие од алкохолот, и јаката риба заради која најверојатно се степале). Тие што одат и на ЕДМ и на турбо фолк се најчесто деца од по 15-16 години што немаат оформено некој музички вкус, и ќе отидат било каде само колку да се испијанат/издрогираат, а не зошто почитуваат одредена музика. И контрадикторен си. Во еден момент велиш дека на турбо фолк одат "јаки и снажни момци по добра риба и алкохол" ,алкохол = своевиден порок, музиката се пушта во дискотеки, нели, а веќе во следниот си голем поборник за здрав живот и ја бодриш младината да спортува, да оди по теретани, а НЕ по дискотеки.. Хм. Инаку, гореспоменатите разбацани батки ги немам сретнато до сега на транс журка, никој на никого не му пречи, секој си ужива за себе, не те гледаат како си облечен па да те коментираат.. што најчесто тоа не е случај со турбо фолк "журките" или како и да ги наречам.
По мислењево можам да заклучам дека ти си одел на другиов тип на забави. Ок, ствар на вкусови. Но штом си љубител на турбо фолк, од каде тој заклучок за транс забавите, и сите луѓе да ги ставаш во ист кош? Која е таа генерализација дека од тие забави излегле најголемие курви и олоши? Си ги запознал погрешните луѓе бате, а тоа е доказ какви луѓе доаѓаат на вашите забави!
Исти шљам само различно пакување. Скоро сите тие што одат по електронски забави се безвреден наркомански шљам и ништо повеќе. Нормални деца одат на нормални места, се дружат со нормални луѓе, зборуваат за нормални работи. Тие електронски и турбо фолк забави треба да се забранат со закон ако некој мисли да има иднина во оваа држава.
Те бива за генерализација друже, те читам и во друга тема...алал да ти е како не' провали дека сме ненормални. Ајде чаоо
Реков скоро сите. И, немам никаква намера да провоцирам или навредувам некој тука, туку чисто споделувам нешто што го имам видено со мои очи.
sade transeri da smenime malce prva zurka 1995 T festival(8mo odd-mecka strav,mene ne strav) posledna koj znae. https://www.mixcloud.com/ibizasonica/sven-vath-50th-sven-vath-bday-25-oct-2014/
Ти си таа што се фалеше на форумот дека е траварка и наркоманка, па после се прашуваш зошто јас имам стереотипи спрема луѓе кои одат на таков вид забави, а генерално се наркомани и шљам. Не одам на турбо-фолк места за твоја информација, туку направив само една паралела.