@Artista Не ти ја сфатив првата реченица. Кој дека е? Јас не реков дека одиш по турбо-фолк, само го искоментирав делот со "снажните момци дојдени по добра риба и алкохол" - тоа ми личеше ко во позитивна конотација кажано и ги искоментирав баш тие момци какви се. На "наркоманите" не им треба ЕДМ музика, турбо-фолк, рок/метал. Нема ли металци издрогирани по журките? Тој што сака нешто да прави и сам дома ќе го прави, а не на журка, а сега што има буквално ДЕЦА што одат на журка и се влечат по земја, не го оправдувам ама тоа може сегде да се случи, во парк, на улица, на транс, на Колдплеј.. Ватевр. Темава е дали слушате техно/транс и дали ни се допаѓа тој стил на музика, а не какви се луѓето што одат по журките.
Умот ми го зема ова створењево. Значи сакам транс, ваков онаков, светол, темен, психоделичен, вегетаријански, ама овој ги премина сите граници. Ако сакате да ви се помести мозокот, воила!
Многу ми е жал што не бев на Pan-Pot ...На Solomun бев, но не ми се допадна. Nikifor беше многу подобар и од Solomun и од H.o.s.h. ,не ни останав до крај H.o.s.h беше ептен тапа. На 1ви октомври во Скопје 1200 Micrograms и Egorythmia !!
Ок беше на Пан Пот. Убава енергија, лабаво техно .. и многу муниција. На граница на мекото техно , со многу минималистички дарк елементи., репетативна музика без некоја голема поента, туку само возење и правење денс ритуали заедно сплотени у едно. Организацијата си е врхунска, истите ја правеа и журката на Соломун. Поштовање за нив!
И јас се пријавувам за одење!!!! Патем МРАЗАМ коментари од типот дека одиш на ваква журка мора да пушиш трава, се дрогираш со хероин или имаш препрепрекумерно количество на алкохол во крвта! Патем мене лично ми е одвратна појавата на некоја цура со кило и половина шминка и облека колку само да скрие гениталии и чека некој да ја части пијачка, на свирка на Џони(оној турбофолкерот).
Моето мислење е метафора и не е за согласување или несогласување туку е едноставно универзално мислење во уметничките кругови кои се занимаваат со такви уметности ...
Еј начекав да видам и ваква тема на форумов хахаха Баш супер за иницијативата. Бев на пан пот бтв, супер беше. Според мене изумре ваквата кулутра во мк, одамна... Слаба организација-слаба публика Една Бугарија е мн понапред од нас во тој поглед, изобилува чалга, да... ама барем имаат активна техно сцена, добри журчиња и прават јака атмосфера, и нормално good old бугарски амфетки, хах се шалам! Seriously, сите се далеку поактивни од нас. Пред се ми е криво што се повеќе млади се свртени кон турбофолк, народњаци и комерцијала... музика која што се себе носи искривени вредности. Површни дечки, а се лутат кога ќе им кажеш. Ај оди сечи вени на Шабанарија.... Нормално, секоја чест на исклучоци. Барем од тоа сме ослободени со електронска музика.. Си денсам без престан, чил ми е, се осеќам исполнето и цело, сите сме како едно големо семејство. Не се брои колку пријателства имам склопено на вакви настани. Чувството е незаменливо. Стигмата околку тоа колку се користат супцтанции на вакви журки и не е толку спорна, кога ќе видиш колку алкохол лока еден просечен турбофолкер. Па дури и не знае да си го вози филмот. Инаку и не мораш да трипаш за да си поминеш јако, after all Али стереотипи јбг. Поздрав до сите ravers!!
На 1ви се 1200 micrograms, а на 15ти октомври е Greenfest во Штип. Ако одам на двете ќе банкротирам. Еве уште од сега го прогласувам банкротот. Мерак ми е да одам на 1ви зошто од јануари уште немам отидено на транс, затерав со техново, ама па и Сан продакшн срање станаа.. Мех. Не знам. Како и да е, во Штип мора да се оди.