Девојки што мислите за оваа пудра,дали некој ја користи и колку сте задоволни? Дали е покривна и дали е добра за комбинирана кожа?
Јас ја користам моментално. Мене ми е добра, имам комбинирана кожа и добра ми е за лицето. Нема којзнае каква покривна моќ, иако кај мене нема многу што да се покрива. Искрено, мене не ми е толку важна покривната моќ, колку што ми е важно кожата на лицето добро да ја поднесува пудрата. Имам уште малку, и планирам повторно да ја купам истата (ова досега не ми се случило со ниту една друга пудра). Кога ја купував не беше баш евтина, но сега гледам дека вреди за парите. За разлика од некои други пудри кои сум ги користела (секакви, и поскапи и поевтини од оваа), не чувствувам дека лицето ми се презаситило од пудрата. Тоа редовно ми се случуваше со другите пудри, на почетокот да ми е топ, па за месец дена лицето да се презасити од неа и да не ја поднесувам ни минута на мене. Ако имаш комбинирана кожа, би ти ја препорачала. А ако сакаш поголема покривна моќ на пудрата, побарај некоја друга. Ова од мое лично искуство го зборувам, ти си знаеш најубаво што ти одговара
Ја користам течна од ессенс и тоа 1 едино тоа ми одговара на кожата,а за камена е тоа е малку проблематично ,не погодив асална камена пудра
Од камена пудра што сум користела нај задоволна бев од Manhattan soft compact powder,лицето го правеше премногу мазно и нежно,а цената беше околу 500 денари.
Би сакала да ја пробам пудрата Young derm , никогаш не сум ја користела оваа пудра и би сакала да знам каква е
Јас ја користам и неа. Задоволна сум од тоа колку покрива само треба да си го погодиш правилното бројче
Добра е Young Derm, најмногу ми се свиѓа што никогаш немам приметено дега ми го суши лицето или некои други негативности. Само треба соодветната боја да си ја одбереш
Пудрата Young Derm подобра е за нормална и сува кожа затоа што е хидратантна доста е течна кога ке се нанесе на лицето иако така во тубичето делува како густа,а за мрсна кожа мислам дека нема добро да делува а уште помалку би покривала некои несовршености,ке се размачкува излизгува по лицето.
Ќе бидеш задоволна после неколку години кога ќе видиш дека пудрата предизвикува предвремено стареење. Содржи колаген И не ја споредувај со скапа пудра. Импала и Макс фактор никогаш нема да можат да бидат слични. Барем за лице не се штедат пари.
Јас ја користев пред две години и имам комбинирана кожа, мрсна на носот и челото и не ми се размачкуваше ниту пак ми светеше лицето, само дал е до мене или не, незнам (читам дека на другите им покрива) јас потрошив 2-3 тубички и ич не ми беше покривна и другарка ми ја користеше и на неа не и покриваше и едно пакетче и се погоди мноогу црвено. Јас немав за покривање тогаш ништо и убаво ми го изедначуваше тенот. Внимавај на бројките 6ката е ееептен црна, а 5ката е бела. Ако си измеѓу мешај ги боите.
young derm не ти е скапа, па ако сакаш пробај ја, и да не ти чини, ќе ги преболиш парите лесно. не е лоша за тие пари, но огромна разлика има од другите малку поскапи пудри.
Точно така не е покривна ,а посебно ако се работи за мрсна кожа затоа што е премногу воденикава и визуелно дополнително дава мрсен ефект на кожата,додека за посува кожа е подобра затоа што ја хидрира воопшто не ја суши
Феминки да ве прашам за совет бидејќи досега пудра си немам погоденоо.. Имам чисто лице,нормална кожа,сакам да купам пудра колку за да нанесам пред шминкање и да ми даде некој сјај...е сега кажете ми некоја пудра,до кај 500 ден.
Добра пудра за помлада кожа е Seventten Time Plus и е околу 500 денари (манје- више зависи од која парфимерија ке ја купиш).
Вака дали воопшто знаете шо е КОЛАГЕН??? Тоа не предизвикува забрзано стареење на кожата... Еден кажал и сеа сите ... Колагенот го ЗАБАВУВА стареењето на кожата ... а не го поттикнува .. Пребарајте на интернет ке видите
^ Aрно де, користи си ја. Никој овде не разбира, само ти. Пази пудра од 150 денари да не ти го забави стареењето! Ахам, да. Мене ми е шубе да ставам такви пудри на лице, со помислата дека и на пазар ги продаваат.. Немораше и во СДК да го пишуваш истото мислење. И од еден пост разбрав што сакаш да кажеш
Не се нервирај. Колагенот се употребува на зрела кожа за да ја затегне, а младата кожа не смее да се оптеретува со непотребни состојки. Таа сама произведува доволно количество колаген и не треба да се навикнува на надворешно нанесување. Секоја возраст си бара соодветна нега, која треба да се почне навреме, но никако предвремено.
Имаш википедиа... гоѕгл.. отвори види шо е ... Има и храна со калоген , и се и сешто Па јас некажав дека треба на млада или зрела кожа.. Само сакав да потенцирам шо е КАЛОГен ...