Ја купив на Тренд ит ап Hydrostay serum течната пудра. На тој хајп што го имаше, се чудам зошто. Ја купив набрзина и не проверив состав. Состав: за никаде, печат очите. Мирис: за никаде Покривност: солидна Чувство на лице: ок Изглед: ко гипсирана, се' се познава од пора, до брчка, па и се гледаат брчки што не знаеш дека ги имаш. Вадење: тешко, многу тешко дури и со двојно чистење со маслен чистач. Ја користам само да даде боја на кремот за лице со спф што го користам, така проаѓа и изедначува тен. Ама и така тешко се вади. Не ја купувајте ако ја начекате во ДМ, не ја бива. А гледам дека ја има на рафт.
Jа гледав на кословметикс цената за 18грама е 1358ден и тоа намалена. Мислам дека е премногу, треба ептен да е пофалена за да ја земам. По описот е за нормална-сува кожа.
И јас се разочарав од пудрава, а толку ја изхајпаа... Лом ми го направи лицето со ситни бубулички, а исто во т зоната многу лошо стои.
Devojki predlozete mi pudra za vecerno ispaganje, nekoi prigodi? Denski ja koristqm misha bb I mi e perfecta. No mi treba nesto po za ispaganje. Da ne bidam stegnata mat, nitu sjajna previse. Se mislam za tirtir od coslove
Revlon colorstay, често е на попуст во Шатци. Јас ја користам таа за мрсна кожа, со крема под неа и воопшто не ми ја суши кожата. Кога ќе ја сетирам изгледа исто и после 8 часа. Има и за сува кожа од истата линија.
И јас да се пожалам од пудрата Тренд ит ап. Катастрофа. И на мене ми ја фалеа. Ништо не покрива и како да сум ставила гипс на лице.
Не е иста на квалитет, откако ја сменаја амбалажата и нијансите и структурата е сменета И јас многу ја сакав порано ама сега не ми одговара никако
Здраво. Долго време користам Bourjois Healthy Mix пудра, океј ми е, но сакам да земам нешто малку попокривно, за вечерни излегувања пример, да се гледа дека сум понашминкана бидејки оваа ми е некако пре природна и не ми одговара со појака шминка.. Се мислам за некоја Loreal infallible или true match, не сум ги користела никогаш, дали ке ми завршат работа за ова што го барам? Сакам некоја да е лесно достапна ДМ, Космо ..
Infallible е подобра за комбинирана-мрсна кожа, а другава е похидратантна и супер избор ако имаш посува кожа. Разгледај ги и пудрите на Макс Фактор - од мене препорака за Lasting performance. Таа е супер за сува, нормална и до некаде за комбинирана кожа. Убаво покрива и лесно се надградува по потреба.
True match во никој случај не ти е попокривна од боржуата.За секој ден ако немаш проблематично лице врши работа за попокривна барај друга можеби ревлон.