Revlon colorstay. Јас ја користам таа за комбинирана кожа, но имаат и за сува што ми одговара во зима кога ми е посува кожата. Сега имаат и повеќе нијанси.
Јас имам масна кожа но некако Infallible не ми одговара.. океј е кога ќе ја ставам, но потоа како да ми го суши лицето и не се впива доволно -како водеста ми е. Сакам некоја хидратантна која ќе се впие и пак убаво ќе изгледа. Се мислев за Макс Фактор long lasting, не знаев дека е за сува кожа @Mishela .. ако имате некој предлог, добредојден е
Мојата кожа е комбинирана, во зима знае да се понаша и како нормална - скоро сè што сум пробала од Макс Фактор ми било мошне солидно. Би ти рекла да си пробаш сепак од тестерче и види како ќе ти се допадне. Не е фул покривна или тешка пудра, ама баш убаво го изедначува тенот, мене навистина ми се допаѓа. Кога додавам слој (во денови кога ми треба и поголема покривност), воопшто не тежи. А Infallible ич не ми се допаѓа мене, не ми одговара и некако ми се познава како маска, ја осеќам ко слој над кожата... Ѕирни ја од Макс Фактор и таа со витамин Ц, во тубичка е и има проѕирно капаче. Ланската зима ја користев и ми беше топ. Во последно време некако воопшто не се раководам според тоа за каква кожа е некоја пудра, ако ми се свиѓа формулата си ја користам и не се замарам.
Мене оваа пудра ми беше скроз солидна. Можеш да ја пробаш и Ревлон Колорстеј, одлично покрива и сигурно ќе ти се допадне.
True match е убава, но не е покривна, изгледа исто нежно и природно. И јас барам некоја попокривна, да сокријам во пмс некоја акничка што ќе излезе. Не сум нашла уште што би ми одговарало...
Ја користев со години Bourjois Healthy Mix, после промена на пакувањето гарантирам дека не е истата пудра поточно не е воопшто подобрена како што најавуваа туку обратно. За мене најдобра во однос ма формула, доболна покривност и изглед на лицето е Sephora best skin ever glow варијантата. Ниту една друга пудра не стоела толку добро на моето лице. Моментално ја користам L’oreal Infallible, добра ми е.
Kiko full coverage 2in 1 каков финиш има? И која нијанса е посветла N15 или N25? Се мислам меѓу тие две и WB15, моментално користам loreal infallible 130.
Дали некој знај кај има од w7 течната пудра шо се продаваше во Веро? Го тргнаја штандот со производоте од та фирма
Јас не ни знаев дека ги има кај нас. Јас од Солун ги земам. Ако случајно одиш или нарачуваш по некого. Често се и на попуст, сум земала коректори за 2-3е.
Ја земав пред некој ден, покривност супер хидратација исто само нијансата ја утнав, нормално. Најсветла земав, порцелан, а 2 ми маваше некако на жолто.. да ја мешам со некоја потемна, или? Чаре?
Пробај мешај ја со потемна нијанса на пудра/коректор или ако имаш од Лореал глоу лоушн да ги измешаш тој дава малку нијанса на исончано и топ ќе ти дојде (ако имаш мрсна кожа избегни го ова) Мат финиш има, а за посветла колку што ме држи сеќавањето е N25
Лавера пудрата од белина за каква кожа е? Мојата е сува...и не знам која нијанса да ја одберам, досега натурал бејџ користев од други пудри ама на сликата ми е многу темна, па се мислам за кул хани?