Јас користам Делајн Ривера оти е поќе како крем-пудра и совршено се упива. А од камена пудра користам Голден Роус...
Епа кога веќе потенцираш... се вика колаген, а не калоген. А коментарите на темава беа дека Импалата не е погодна за млада кожа поради тоа што содржи кОлАген, што ако се нанесува додека не е потребен има ефект спротивен од неговата намена.
Прочитав на гоѕгл и ај ти кажаа ливинг и маца што требаше да се каже. И ај научи се како се изговара колаген, потоа соли памет.
И демек сеа сте паметни ? Вие грешки не правите.... Не е убаво да се карам... И ви благодарам на советите ... А и да кажам дека несолам памет на никој... Туку си го кажав сопственото мислење ...
Јас одамна немав користено камена пудра , па пред некое време си ја зедов оваа Претходно ставам од И сум задоволна од двете, посебно од буржоа. Конечно си најдов погодена течна пудра. Веќе ми е прикрај ,па планирам повторно истата да си ја земам. А камената ја ставам обично за вечерни излегувања и ми трае цела вечер, не се брише. Можам да кажам дека конечно си го најдов совршениот спој и боја на камена и течна пудра.
На пазар продаваат уште многу други работи што ги има во нашиве парфимерии, Max Factor, Loreal и слично. Не купувам козметика од тезга (од причини што не се чува соодветно), ама нема логика да им ја намалувам вредноста само заради тоа што се продаваат и таму.
Ај те молам, на пазар пудри од Мак фактор и лореал? Хм, тешко. Јас немам сретнато, затоа и не ми се верува. Големата вредност што ја има импалата, па има што да се намалува... Барав на гугл да ги видам нијансите на деби мат солушн, но не најдов ништо. Може да ме просветли некој или ако има некој 101 нијансата да ми каже дали е многу светла? 102ката ми е маалку темна
Следниот пат eyes wide open и баш забележи, не збори на памет. Инаку зборев генерално, не само за Импала пудрите.
На пазар кога застанувам за лакови и слични работи има пудри од 50-100 денари, чат пат и импала. Макс фактор, лореал и други брендови не сум видела, а и не верувам да видам. Дури ни на голден роуз пудрите ги немам видено на пазарче И јанг дерм ја гледам по пазари, па не и ја намалувам вредноста. Ја користев пред две три години, се разбира од аптека купена
Шутка & Буњаковец, тоа е се што имам да кажам (јас таму ги имам видено). За нивната автентичност не сакам да дискутирам, муабетот е дека ги има. Поздрав
Jaс ја имам само пудрата, убаво стои на лицето, изедначува тен, но како кремче е, ништо не покрива. Додека пудрата со подлогата ја има сестра и на една другарка и има само пофални зборови. Во комбинација биле супер. Лицето и било стакло
Јас вака како малку постара 33 год.користам јанг дерм и ми е многу добра (бидејки од др се вцрвувам)али сум забележала дека без да нанесеш камена врз неа многу брзо се брише а особено во летниот период.
Денес купив Essence, течна пудра и задоволна сум. Да не знае некој колку се камените (отприлика да знам, не е во секој град исто ) заборавив да прашам во парфимерија? И дали е убава?
Јас сум во фаза на собирање пари и ќе си купам Менхетн од онаа во црната тубичка, за мрса кожа, па ќе ви кажам поплаки (не дај боже да ги има) и пофалби. Ја менувам пудрата бидејќи лицево некако како да ми се презасити од Дебора. Ама ако не ми одговара Менхетн-от, пак ќе си се вратам на мојата прва, гореспомната љубов!
Јас не користам пудра веќе една година, и супер ми е вака, порано не можев да се замислам да излезам од дома без пудра, се чувствував чудно, а сега ќе се чувствувам чудно доколку ставам пудра Значи користете ја што помалку. А порано кога користев, пробав повеќе пудри, најмонгу ми се допадна пудрата time plus на seventeen, имав користено и пудра на Catherine Arley (катастрофа беше), исто и Импала ( катастрофа, се чувствував како цименто да имам на лице), а пудрата на young derm ми беше ок, баш погодна за проблематична тинејџерска кожа.