Ако е претемна купувам посветла од истата и ги мешам, една пумпица од едната, една од другата и готово. Кога ќе почне да се празни шишето дирекно во него ставам. На крај двете ќе се потрошат секако. Ако ми се случи камената да е потемна ја чувам за во лето.
Ја има некоја од вас користено пудрава? Mizon collagen power foundation Големо е шишето (100g), личи на добра зделка. Ако некоја ја користела, пишете коментар.
@Mishela да не ги имаш видено нијансите во живо? #13 ми изгледа пресветла, #21 да не е темна, ги гуглав ама вака од слика не можам баш да проценам. Плус со 15% попуст, добар дил е стварно. Пурито ми е при крај, ова е таман супер и со поголем фактор... Ќе им пишам и на Кослов дали ќе ги донесат другите нијанси, најверојато има нијанси и измеѓу.
Обично повеќето бб креми и пудри им одат исто вака, 13 па 21. Не сум се одлучила сè уште, најверојатно ќе одам да пробам прво да видам која ќе ми одговара па ќе размислам таму која ќе ја земам. Навистина не звучи лошо пудрава и ми треба промена, па се надевам дека ќе се погоди.
јас купив една многу светла од MAC и ја мешам со Лореал Луми Глотион што ми е потемна нијанса за лето. Можеш со било кои bronzing drops, сега многу брендови имаат за мешање.
Предложете ми лесна пудра за секој ден за комбинирано/мрсно лице ама да има избор за светли нијанси. Прилично бела сум и во последно која пудра и да ја земам ми е темна/жолта или на почеток е во ред и после оксидира.
Долго време барав пудра за комбинирана/ масна кожа која е трајна, не е тешка и само го изедначува тенот. Пред неколку дена ја купив новата Maybelline superstay 30 hour со која тик-ток беше преплавен. Цената и е малку повисока од останатите пудри на Maybelline, околу 950 ден. е. Мене многу ми се допаѓа, лесна е, а убаво го изедначува тенот. Лицето изгледа свежо ( затоа што нема мат завршеток), а ја тестирав 3 дена без да ја сетирам со камена пудра и одлично се покажа. Почнува да ми засјајува т- зоната по 6-7 часа без сетирање (но не е воопшто страшно) без да ми се “лизга” од лицето или да ја чувствувам на кожата. Времето сега е ладно, па затоа и се осудив да ја тестирам вака, за потопло време дефинитивно мора сетирање. Само не сум сигурна дека е соодветна за многу светол тен, кај нас нијансите почнуваат од 118. Јас не можам да кажам дека сум многу бела, но најсветлата нијанса 118 ми се вклопува со тенот идеално. Штом дечко ми сабајле ми искоментира дека многу убаво ми изгледа лицето, ми држи 7+ часови без сетирање- дефинитивно од мене е approved
Јас сепак се одлучив за најсветлата, 13ка. Многу повеќе ми се допадна како ми стои, лицето изгледа ко да немам ставено никаква пудра. Ја купив, па сега ќе видиме како ќе се покаже. Денес прв пат ставив, ќе видам како ќе издржи во текот на работниот ден. Засега е скроз солидна. Се надевам само дека нема да изгледам како дух на слики, ама нема да ја носам на некои такви дешавки ако не чини и тоа е.
Јас дури денес успеав да ја земам, баш ќе ја пробам покасно. И јас имам светол тен, оваа мојата вака во паковањето ми изгледа темничка ќе видам утре најубаво, денес не знам дали ќе успеам на дневна светлина да видам како изгледа.
И јас веќе една недела ја користам, презадоволна сум, лицево не ми светнува воопшто, јас немам мрсна кожа ама имам комбинирана па светнувам во т зоната, сега неделава преубаво ми е лицево, само стварно изборот на нијанси е никаков...јас ја зедов 118 ама темна ми е, па ја мешам со посветла друга пудра дури не ми стигне посветла нијанса од странство..од мене 5ка
Со здравје да се користи, имаме за машала со количинава. Баш пиши како ќе ти се допадне, јас сум задоволна од перформансот вака ко за прв ден, па ќе видиме. Ќе споделам како ќе се покаже за некое време. Битно не ми се познава на лице, а сепак е покривна, за парите што ги дадов сум и повеќе од задоволна.
Јас барам пудра за комбинирана кожа за 35+. Сакам некоја што се впива лесно и што не ја суши премногу кожата па да имаш чувство потоа дека ти ги истакнува дури и брчките кои не постојат.