За Катрис, да. @eli25 јас имам сува кожа кога е ладно, а комбинирана кога е потопло времево, т-зона знае да ми е помрсна во лето, значи може да ја пробам сега месециве, ќе ја имам во предвид. Исто и за Кико Милано скоро се мислев, само ете на Катрис падна изборот. Фино сум изненадена и од пудрата на wet n wild photofocus, за таа цена за секојдневна употреба е добра. Солидна покривност има и таа. Плус имаат и добар избор за светли нијанси.
И јас сум доста светла и не знам зошто не ги носат и посветлите нијанси А што е решение, нели имаше нешто да помешаш со пудрата за да излезе посветла? Ти како ја користиш? Која нијанса ја користиш Heimish?
Имаше нешто бело за осветлување ама незнам која марка/ дали го носеа кај нас...иначе јас ја мешам со најсветлата нијанса со тинтот од Лореал и некако добивам океј нијанса, а во меѓувреме си нарачав светла нијанса од iherb
Јас од оваа пудра , бб крема не знам во која категорија да ја ставам на Heimish сум многу задоволна , ја користам веќе месец и има разлика помеѓу неа и Тир тир , оваа е нешто по сјајна, ама ипак покривна, јас ја сетирам со пудрата во прав на Innisfree no sebum, и трае со саати. Плус доаѓа со уште една пудра refill во иста количина, се менува кога ќе се потроши таа внатре.
Пурито ја немам користено, Миша е нешто посјајна од овие на Хеимиш. Нијансите се по неутрални, на пр. на Миша ми беа сиви , јас 21 ја користев не ми се допаѓаше. Хеимиш , таа cushion пудрата нема мн нијанси , само 21 и 23. А од течната бб кремата, 19ката ја користев на моменти дури и мн светла ми беше.
Од Тир тир која нијанса ја користите, имам избор од 3: не ми е пресветла кожата, Ревлон на пример buff користам, но не ми е ниту темна
Јас ја купив invisible cover, за жал ка утнав нијансата и ми е пресветла, бидејќи следните беа многу темни, но ми се допаѓа. Солидно покрива, а не е скроз мат и не ми ја суши кожата.
За оваа новата пудра на Maybelline, што мислење имате? Јас денес ја пробав во ДМ 118 нијанса, многу е жолта и оксидира. Како што гледам најсветла е таа тука што ја носат. Во Грција немам проверено.
Кое бројче од Deborah користиш?И јас сакам да ја пробам бидејќи во последно време не сум задоволна од Лореал воопшто..
Јас бев со намера да ја земам али не си најдов нијанса 2те светли ми беа пресветли, а темните ептен на жолто маваа. Така да ништо. Барем во Мк изборот на нијанси им е заникаде.
Мене не ми се свиѓа. Е сега дали ја немам бојата погодено. Океј е покривноста, црвенило и флеки ми покрива, а пеги не. Цврсто е паковањето и некако немам контрола колку ставам. Не е ни течна ни густа, нешто измеѓу. Не би ја купила пак. А ја купив да ја заменам оваа подолу..
Јас ја користев најмногу ради нијансата дека има светли нијанси.. На прва ми се допаѓаше во однос на покривноста, стварно добро покрива флеки од акни и несовршености, но како што продолжив со користење приметив дека за неколку саати како да ми се двои од кожата, не знам дали е до нејзе или сум имала несоодветна припрема на кожата, во секој случај продолжив да ја мешам со друга пудра да ја дотрошам и не верувам дека би ја купила пак