Здраво женски, имам доста светол тен, не сум скроз бела ама повеќето пудри личат прежолто за мене. Никако не можам да најдам некоја што ми одговара. Понудете некоја пудра што има добар ранг на светли бои и пожелно без жолти тонови.. спремна сум да платам и повеќе пари ако треба. Во однос на покривна моќ, имам доста чисто лице така што средна покривна моќ е во ред. Имам масна кожа. Исто така сум во потрага и за добар коректор.
На Kiko Milano пудрите види ги, јас сум многу бела па само таа ми се погоди и најбитно не оксидира. Не знам точно која е погодна за мрсна кожа, јас имам сува.
Предлог пудра што добро покрива и убаво изгледа на слики? Ќе одам на свадби и ќе се шминкам сама па барам некоја што ќе издржи долго на високи температури, а да не изгледа како паштета. Моментално сум верна на Ревлон колорстеј за комбинирама кожа, но не ми е многу покривна. И да не биде над 1000 денари.
Затоа што веќе ја нема Буржоа 123 и ми треба пудра за комбинирана кожа. Ја мешам со Хемиш бб. Ми треба за преку ден да издржува 8 саати и да не свети. Имам Ревлон моментално, ама дали има и подобро од тоа? На Кико за мрсна кожа?
Kiko Milano Unlimited foundation јас ја користев. Добра пудра беше само лично нијанса не си погодив (продавачката ми ја згреши нијансата, ми беше малку темна)
А за комбинирана кожа од Кико Милано? Некоја што е слична на Мејбилајн Афинитоун, ама да е повеќе покривна Ваљда ти помогнав со описов што барам
Од Ревлон имам 135 Гледам ја користиш 150 дали е потемна или посветла таа? Од Кико која е во споредба со овие нијанси? Дека онлајн планирам да нарачам па да не ја утнам.
За комбинирана и insta moisture можеш да ја земеш. Ама и оваа погоре можеш да ја користиш, не е тешка пудра Оваа 135 е некоја нова нијанса а од некоја др пудра што нијанса користиш да споредиме Од Буржуа пудрите сум 51 Од Kiko unlimited foundation ја користев 1.5 N не се приметуваше толку дека е потемна ама јас ќе претпочитав посветла нијанса
135 e ванила не е нова ја имам скоро година. Иста нијанса е како Буржоа 51 Споредував на интернет со 150 и како таа да ми е малкууу посветла, па затоа прашувам да не ги имаш споредено во живо. Ја нема 150 во Шатци не можам да споредам двете.