И јас кога ја користев често не можев да ја најдам па плаќав по околу 200ден повеќе по други парфимерии... Сега ја користам Catrice и ми е многу подобра.
Препорака за квалитетна и добро покривна пудра но не мат, за сува кожа? И да може да се најде низ нашите продавници, небитно на цена.
Ја пробав денес Maybelline 30h како и да беше имево. Во шишенце заоблено од страните. Ау жени, па ова не се вадеше. А скроз малку ставив на дланка да ја осетам каква е на кожа. Дефинитивно не ми се допаднаа нијансите. Најсветлата беше ужасно жолта, да ја ставев на лице ќе бев ко Умпа Лумпа. Не ми се допадна, но оваа пудра со ваква формула, дефинитивно мислам дека ќе држи цел ден. Има некоја што ја користи да каже впечатоци?
Ако си љубопитна ко мене, пробај ја прво на рака чисто колку да видиш дали има шанси да ти одговара некоја нијанса. Мене не ми фаќа око, прежолти ми се некако нијансиве и доста темнички.
Според мене сите дрогериски пудри се неприродни во нијанси, или жолти или портокалови, барем на моето лице така делуваат дека сум ептен бела. Не разбирам зошто не носат поголем избор на нијанси.
Лореал тру меч не ми е таква,и ја сум ептен светла.Не е препокривна ама за мене доволно.И лесна е ептен не се осеќа на лице
За многу светол тен секогаш најтешко се наоѓаат убави нијанси. Или маваат на жолто, или на розе. Ама мене ми е така и со хајенд пудрите. Есте Лаудер double wear нема нијанса кај нас што ми е доволно светла...прва ми падна на памет, затоа ја спомнувам. Не се лоши Enough и Mizon, ги има на coslovemetics и најсветлите се баш баш светли. Само прашање е дали формулата ќе ти се допадне. Јас сум задоволна и од двете, но не сум сигурна колку ќе биде океј за во лето оваа од Мizon (неа ја имам во моментов).
Јас ја имам ама сеуште не ја користам зошто 118 ми е темна, ја искористив 10тина пати со мешање друга светла пудра ама ја баталив за потака летово кога ќе фатам малку боја...порачав од интернет точна нијанса мислејќи дека ја купувам оваа пудра на крај испадна ја купив Superstay 30h ама оригиналната во бело паковање...слична формула само таа е малку помат, љуѓе не мрда 15 саати некогаш ја носам...и оваа исто кога ја користев тие неколку пати...ако сакате лесна пудра колку за лето ова не е таа, оваа е за свадби прослави работа и сл Иначе Мишела да 118ката е жолта и колку што се сеќавам јас ти беше светла како мене, а мене ми е темна а посветла во Мк нема
Јас со пудрава не би можела да издржам на работа 8-9 саати, ќе ме фати сафра. Онака ја пробав, од љубопитство. Инаку да, светла сум и обично бирам меѓу првите две нијанси од серија на некоја пудра, ама ова беше навистина прежолто и темно. Засега Мizon најсветлата ми е топ, ставам малку пудра во прав и терам така па ќе видиме.
Знам дека си светла затоа и ти пишав...иначе искрено јас не ја осеќам таа другата а таа е уште по мат е од оваа...зависи каква ти е работата, јас работам директ со странки 8 сати некогаш и повеќе, и сакам лицето да ми е совршено цел ден...ако не ти се свиѓа тој лук, ќе си одбереш нешто полесно...јас за така задоволна сум од тинт серумот на Лореал и има прилично светла нијанса за нас духчињата
Јас ја имам По инсистирање на другарка ми ја купив. Ја видела на тик ток и ми рече дека ја има и е топ. Иако мене не ми изгледа така. За џабе фрлени 1000 ден. Не издржува 30часа како што пишува,и има многу гаден мирис..
Пудрава на Катрис е предобра. Ја користам веќе 3 години,и не ја менувам за ништо. А и башка не е многу скапа.
Ја користел некој пудрава да каже збор -два? Ми треба нешто за побитни настани, со таков природен силки финиш како втора кожа, средна покривност, да не оксидира и да е подолготрајна. Би дала и повеќе пари за вакво нешто, битно ми е само да ми се погоди. Гледав видеа со оваа на Армани и мислам дека е баш тоа што го барам, ама секој збор плус е добредојден. Имам комбинирана кожа инаку.