Од каде можам да купам пудра на essence,гледам доста ги фалите колку се и дали има за комбинирана кожа?По јуник и космо ги немам видено
ја користев пудрава мн кратко време и тоа кога бев седмо-осмо оделение и кај не прикрива ништо па дури и се брише не ми се допаѓа воопшто но ако ништо друго евтина е па нема да жалиш за парите како за др пудри од по 900 ден и на крај излагаат .....(да не бидам некултурна)
Девојки препорачајте ми некоја пудра, цврста ама не камена, или па некоја камена ама не толку сува. Многу ми се познава камената кога ќе ја нанесам под очите, а тоа не ми се свиѓа! А ако не ставам врз течната многу повеќе ми се познаваат подочниците не можам така На останатиот дел од лицето почнав да избегнувам камена ми го суши, ама под очите не ми изгледа ич убаво И со пристојна цена, околу 300 денари да кажеме
А зашто не пробаш камената пудра да ја нанесуваш со четка, од оние за руменило и за пудра во прав. Јас користам на Cathrine Arley и течна и камена. Течната не покрива многу, а и не ми треба да покрива туку само за изедначување на тенот, и камената е добра и јас не ја нанесувам со тоа сунѓерчето што иде со неа туку со четка за руменило. Ем поприродно ми изгледа а не како зациментирана да ми е фацата, ем полесно е за нанесување а со сунѓерчето ставам само на капаците на очите, на некој начин како подлога за сенка ја користам и понекогаш ако имам некое огромно мозолче да го покријам подобро.
Не знам дали сум пишала, мислам не, ама од оваа пудра најискрено сум пријатно изненадена Мајка ми ја купила пред некое време, трајна е, има убави чудни нијанси , за мојов смотан тен, убаво покрива, убаво мириса, за масна-комбинирана кожа е супер(макар што пишува за сите типови на кожа, не би ја препорачала за сува кожа)не светнува, што значи е супер за вечерна, специјална шминка, и верувам оти зимава ќе ми биде прва другарка, онолку колку што јас ставам пудра некои 210 денари е купена, за парите вреди и отповеќе Иначе, Грчка е, колку за информација, а од истава фирма јас имам неколку сенки за очи, од кои сум препрезадоволна
Лани во летото ја користев оваа пудра Тренди и бев задоволна добро покрива а воопшто не е тешка пудра,ја купив од аптеката Еурофарм,таму ми рекоја дека оваа марка на козметика е на Seventeen.
Е баш таква камена имам и јас, од пазар ја земав, на почетокот ми правеше алергија, ама сега гледам ок е па може не ни било од неа. Инаку имам друго сунѓерче, убаво е меко, ама имаш право може е до тоа. Со четки мн мн не располагам имам само за руменило и 2-3 за сенки. Таа за руменило мислам ја купив на пазар ама пред 4-5 години сигурно, може па и не е од таму. Има ли на пазар евтини четки и значи отприлика изгледа исто четката како оваа за руменило, таква подебела? Ти благодарам многу
Кажете нешто повеќе за пудрава сакам да си ја купам.... Каде можам сигурно да ја најдам, ја има ли по аптеките?
Феминки, ќе препорача некој пудра (течна и камена) за комбинирана кожа, добро да покрива и да не го прави лицето cakey (знам, многу барам).
^ Најдобра пудра што сум ја користела во животов.. Многу е добра го затега и лицето и прикрива доста !!...Мислам дека ќе ти одговара
Моментално ја користам пудрата на Seventeen и задоволна сум од неа,многу убаво покрива,но за мојот тен е малку посветла,мајка ми таква ми ја земала.
Само пофалби за пудрава :up: До сега се што сум пробала, ниедна ми се нема погодено како оваа. Идеална е за сува и чувствителна кожа, не е тешка, ниту мрсна, трајна е и дава природен изглед. Веќе втората ја користам и не планирам да ја сменам.
Момено имам Deline пудра,односно таа е повеќе како крем пудра имам чисто лице и немам потреба од некоја јака пудра,доколку имам некогаш црвенило ми го покрива и тоапрезадоволна сум и не би ја менувала
Значи девојки, за мрсна кожа (како мојата), дефинитивно Менхетн - црната тубичка. Малку ми е чудна додека да се подзасуши и да ''легне'' на лицето и дотогаш ја осеќам како маска, ама после е супер, само проблемот е што сум зела една нијанса потемна од мојот тен, ама навечер и не се приметува толку, а оваа за нијанса посветлата што е, ми беше премногу светла - многу се нервирам вака, ама ајде.
Па не знам за во аптека ама во парфимерииве ја има и е 250 ден. мислам јас ја користев пред 5-6 месеци аман не бев баш многу задовона ама убоаво е тоа што е лесна и не ти го прави лицето зациментирано и за чисто лице е супер пудрава