Голема препорака за пудрава. Бев голем скептик бидејќи до сега ниту една нивна не ми се погодила, но се изненадив. Иако имам сува кожа, доколку добро се припреми изгледа стварно добро и трае буквално со часови. Денес ја носев од 8 до 8 часот и изгледаше буквално исто. Но да напоменам ја сетирав со Римел стеј мат, бидејќи не можам да го прескокнам тоа. Единствена маана би рекла рекла е тоа што не е многу покривна како што очекував, но е многу течна и може да се надоградува до баш солидна покривност. Јас ја имам најсветлата нијанса што е кај нас 118 и оксидира за една нијанса, но камената на Римел ми е баш светла, па доаѓа баш како мојот тен. Ја имав купено Катрис ХД по не знам кој пат да и дадам шанса бидејќи покривноста е одлична, но за жал пак ми се исфрли лицето од неа.